Форумџика на годината

Крварење после пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Dream_girl-007, 14 јануари 2022.

  1. Dream_girl-007

    Dream_girl-007 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Здраво,

    Ова ми е прва бременост. Сакам да прашам за ваши искуства за крварење после бременост. Има некој вакво искуство? Што ако е прекумерно крварење заради миоми на матката и треба подолго време да се врати во форма?

    Читам искуства дека крварење после бременост е премногу ризично...

    Поздрав
     
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Сите различно крварат после бременост и тоа однапред не може да се знае. Затоа постојат доктори кои ќе ја следат ситуација и ќе реагираат ако недај боже има нешто.
    Закрепнувањето исто е различно кај секој.
     
    На Snowflake97 и ma4e1311 им се допаѓа ова.
  3. Dream_girl-007

    Dream_girl-007 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Има некоја прогноза од докторите дека во случај на миоми на зидот на матката (како во мојот случај) предвидено е прекумерно крварење...

    Цвет88 така е, ова е за секоја бременост различно...
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    39.727
    Пол:
    Женски
    Природно ли се породи?
     
  5. Dream_girl-007

    Dream_girl-007 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Форумче, бремена сум, рано ми е за пораѓај.. :)
    Сакам да прашам искуства кој што поминал со пообилни крварења. Од сега му се мислам за тоа :)
     
  6. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Незнам за од миом, но цимерката со мене крвареше премногу после пораѓајот па и дадоа инфузија и терапија што да пие по испуштање од болница.
     
  7. Dream_girl-007

    Dream_girl-007 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    ni.na и дадоа само инфузија? Немаше потреба од трансфер на крв?
     
  8. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Немаше, доста крвареше после пораѓајот и на прво станување припадна па и уклучија инфузија и после ок си беше после, но бидејќи крвната слика и била лоша баш на испуштање и кажаа што да пие дома терапија, немаше некој проблем и бебе си зимаше и во вц сама одеше после тоа супер си беше
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Јас искрварев доста при пораѓај и на станување после пораѓај паднав, ми дадоа терапија и инфузија и до сабајлето спиев,аабајлето кога пробав да станам пак пак изгубив свест и ме вратија брзо во кревет, пјев многу течности,јадев благо и по некое време собрав сили да станам сама, отпрво се држев само за креветчето до мене после се пушрив прошетав до прес вц и се вратив пак, после некое време пак истото, донесоа и бебуш и си станував си ја држев, да не е лесно ама не е нешто вауу, стигнав до тоа да ми дадат трансфузија која што јас не ја прифатив од други причини се потпишав и бидејки со бебе се беше добро за 3 дена излегов. Пиев дома 2 пати по 2 торхеми поред витамин ц пре мама фолна, многу џвекло,смутиња и тоа е тоа, не се плаши, позз и дај боже да е се во ред, мисли позитивно
     
  10. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Здраво дали на некоја членка и се има случено скоро два месеци по пораѓај да прокрвари, свежа крв, но само еден ден, а со царски породена? Дали можеби е менструација ?
     
  11. heitkeitleit

    heitkeitleit Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    9 месеци после пораѓај а сеуште имам жолтеникав секрет без мирис. Не е обилно, ама мора со секојневни . Направен контролен преглед се е чисто. На странски форуми читам дека може да потрае се додека да добијам менструација или пак кога ќе престанам со доење. Некоја со вакво искуство? Совет некој?
     
  12. Kasofi 033

    Kasofi 033 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Devojki porodena sum pred 10 dena no mi prekina krvarenjeto dali e normalno?
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас со втората ќерка мн малку крварев.
     
  14. MDMD

    MDMD Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2023
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Неполни 40 дена од спонтано породување прокрварев пак и осеќам благи болки ментруални. Како да знам дали е чистење или циклус? Иначе после пораѓањето крварењето ми прекина после 2 недели.
     
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Може е циклус.. односно 99% е циклус. Јас и со првото и второто така брзо добив..