Здраво, можеби има оваа тема но не наидов, сакав да прашам дали може креатин и протеинот да се пијат истовремено, дали доколку нагло прекинам креатин има некои последици, се надевам дека ќе се развие темава, интересно е колку луѓе пијат нешто за кое можеби и не се премногу информирани
Има тема и за креатин и за протеини. Ако ти е поентата на темата дали може или не може да се земаат заедно во исто време - може. Не прави никаква разлика дали ќе ги пиеш заедно или одвоено... Не, нема никакви последици ако го прекинеш наеднаш.
Така е , луѓето земаат премногу нешта на своја рака без да бидат информирани. Знам за случај ,од земање на преголема доза на креатинин па доби тробоза.. Не се за играње воопшто ваквите работи, ако плус се додаде во комбинација со нестручни лекари може сериозно да заврши.
Може да се пијат заедно, но за разлика од протеинот, креатинот се зема исклучиво во мали количини. Доволно е неколку грама на ден. Нека не те плаши малата доза. Ефект ќе има секако и повеќе од протеинот. Е сега друго прашање е дали женско е добро да го земе? Бидејќи ќе изгледаш како машко буквално. Зависи која ти е целта? Ако бараш совет од машка страна, Мене на пример многу послатки ми се слабите девојќи, а воопшто не ми се допаѓаат оние со набилдани раце, нозе, грб, силикони гради итн. Многу девојќи ме прашувале, како и што да земаат кога решиле да вежбаат. Кога ќе прашав за целта, најчесто одговараа дека сакаат пред се поголем задник. Ако и тебе ти е тоа целта, тоа се прави единствено со вежби! Креатинот нема потреба да се користи.
Си пишува колку да се зема. 2-5 граѓа дневно. Толку... Си пишува на секое пакување. Кај здрави лица препорачаната доза нема никакви негативни последици. L.O.L.
Ако спортуваш, 5гр креатин пијај одма после тренинг со декстроза. Иначе креатинот можиш да го пиеш во комбинација со секаков вид на суплемент. Кога сакаш можеш да го прекинеш нема никакви последици.
2022-ра година е, срамота е уште да верувате во митовите дека ако женско крева тегови и зема креатин без да користи хемија ќе изгледа на машко, „буквално“. Што се нема да прочитам на форумов.
И јас не можам да ги сфатам. Со години пијам креатин, доза за мене е 3г, јас земам по 5г, камо среќа да можев да се набилдам како машко, ама јебига не може.
Многу видеа на тикток има каде што кажуваат женски дека земале креатин и добиле тоа што сакале, уствари добиле мускули на глутеус и нормално мускулести раце и тонирани. Па многу од останатите женски веруваат дека ќе се зголеми задникот после месеци користење како што помислив и јас кога го почнав да го користам, а сега скоро јас почнав да го користам, како што велите во мали количини јас го промешувам со сок. Исто да ви кажам јас го користам ова од дм, што многу ми се свиѓа е тоа што има малечка мерица внатре и ти дава доволна доза. Ама прашање во главата ми е дали е ова во ред за користење, точно овај креатин или има и подобри и дали правам грешка што го користам или не? Освен тоа да кажам дека го испивам пред вежбање претежно кога вежбам интензивно со тежински тренинг.
Не се чита убаво, монохидрат е? Само гледај да е монохидрат, нема врска цената поскап поевтин. Монохидрат е монохидрат, најдобрата форма на креатин. Ако немаш специфични здравствени проблеми со бубрезите нема зошто да не го користиш. Сосема во ред е. Колку денови вежбаш? Креатин е најдобро да се зема секој ден без паузи, во спротивно ефектите се мали...
Да монохидрат е ова. Немам никакви здравствени проблеми. Вежбам 5-6 пати неделно , недела правам пауза. Како што разбрав од пораките погоре можеш да пиеш и после тренинг заедно со протеин, значи дека можеш да го додаваш во шејкови?
Tie dve se razlichni neshta. Kreatinot ti e supstanca sho doprinesva za sozdavanje na energija vo muskulite. A proteinot ti e del od trite osnovni komponenti na hranata. Ako go kombinirash so masti i jaglehidrati, da kje bide obrok. Kreatinot e samo dodatok.
Веј протеин и креатин се додатоци во исхраната и не заменуваат оброк. Храната неможи со прав да се замени. То го пиши и на самите кутии од суплементот.
Јас сум во план да земам креатин, но немам искуство иако вежбам години бидејќи сум имала природна маса јадев само исхрана протеини тек сега почнав и со протеин како додаток во исхрана го користам во рецепти си правам секојдневно и кога го вежбам омилениот дел од телото после тренинг носам у теретана протеин и веднаш го пијам.(нормално кога јадам во денот нешто протеинско помалку грама носам за пиење у теретана) Е токму сега планирам да додадам у него и креатинче малку и ме интересира дали има ефект ако го внесувам само на денот кога ќе го вежбам омилениот дел од телото? (3/4пати го вежбам неделно тој дел) веднаш заедно со протеинот? Или пак треба да се консумира секој ден креатин? Реално незнам како се користи креатин,совет добредојден би ми бил.
Нема фајде од испрекинато пиење креатин. Или го земаш секојдневно, или не го земаш воопшто. Исто така, нема потреба протеин да пиеш буквално веднаш после вежбање. Битно ти е дневно колкав ти е внесот.