Верувам дека на сите ни е познато колку правилната заштита од сонцето игра улога во однос на здравјето на нашата кожа, како на телото така и на лицето, кое пак навистина е најизложено на сите дејствија на сончевата светлина во текот на целата година. Наша должност секако останува да обезбедиме соодветна заштита од штетните УВ зрачења и со оглед на зголемениот интерес за дискусија од овој тип, сакам оваа тема да послужи како основа за во неа да се редат муабети околу правилен избор на крема за лице со заштитен фактор, за различните типови на кожа. Повелете и споделете ги вашите искуства и прашања во однос на кремите со заштитни фактори наменети за кожата на лицето.
Sakav da ja zemam na Mustela kremata so zastiten faktor..Citav odlicna recenzija na instagram profilot Katzzia za nea i otidov vo Zegin mi kazaa ne e za tebe imas mrsna koza so pori toa e za deca.. Pa sakav da prasam dali nekoja koristela Eucerin so zastiten faktor? Veke imam problematicna koza i strav mi e porite da ne mi gi zatne ili break outs dodatni..
Eucerin Oil Control 50+ заштите фактор. Навистина не ја масти кожат на лицето. Прелесна е, воопшто не се чуствува на лицето и се впива веднаш без да остава бел или масен слој.
Кажете ми, ве молам, мислење за составов на Eucerin со 50-ка фактор, пред да си лупнам парички на нешто што појма неам дали ќе ми одговара. Најмногу ми е поради фактот што не е природен, камоли органски...
Јас ја користам оваа од Каротен за осетлива кожа. Најбитно ми е кремата да биде со ЗФ50, другото така-така. Лани ја користев истава крема, ми беше одлична и не забележав некои несакани реакции во однос на затнати пори или зголемено лачење на маснотија по Т-зоната, иако имав далеку помасна кожа. За баш мрсна кожа не знам колку ќе одговара, ама најдобро од сè е што не остава бело, убаво се впива и хидратантна е. Одлична ми е како подлога за пудра или ББ-крема, па си купив нова и неа ќе ја користам и оваа година.
И јас барам со заштитен фактор, биодерма ми препорачаа, но многу е скапа 1300, се мислам за eucerin или некоја друга. Кај нас никаде нема со заштитен фактор, во зегин само eucerin имаше
Штом има отворена тема за кремиве со спф ќе пишам повторно Моментално ја користам оваа крема , од лани ми е и остана уште малку да ја потрошам. За сите типови кожа пишува дека е , но остава еден сјај од како ќе се упие , јас иако имам мрсна кожа не ми смета воопшто , важно не ми ја мрси кожата. Наменета е за возраст 28+ Ја имам користено и оваа , втората од десно , наменета е за мрсна кожа и не светам воопшто цел ден. Многу ми се допаѓа ја имам користено 2-3 пати досега. Кремиве сега за сега ги нема во Македонија , најблиску може да се најдат во аптеките во Грција. Општо производиве се природни , не содржат силикони и сл хемии.
Не ми ги стеснува порите, но не дава таков масен ефект како останатите креми со ЗФ што сум ги користела. Баш е лесна кремата и има дискретен мирис. Јас сум презадоволна, ова ми е второ пакување и верувам дека ќе продолжам да ја користам во иднина.
Денес баш бев во Zegin и ептен ми ја испофалија кремата на Frezyderm, Sun Screen Velvet со висок заштитен фактор 50+, дерматолошки испитана, водоотпорна и без парабени, ја купив па ќе видиме
Ми се појавија кафени флеки на челото. Може ли да ми предложи некој добра хидратантна крема за сува кожа со заштитен фактор. Фала
Јас ја користам Uriage Bariesun SPF 50+ и сум задоволна од неа, за сува и чувствителна кожа е. Пред некој ден ја купив и таа на Биодерма, Bioderma PhotoDerm Max SPF 50+ ама сеуште ја немам пробано, чекам да ја дотрошам таа на Uriage.
Супер тема. Во другата тема имав поставено, ми немаше никој одговорено, па тука доколку некој има искуство може да сподели.
Која цена се овие креми за лице и дали ги има во сите аптеки во грција,за 2 недели ќе одам па да знам дали од тука да зеам или од таму
Околу 20 евра се без попуст , а често ги начекувам на попуст во аптеките за околу 12-13 евра ги има во сите аптеки
Јас ги гледав на Логона,планирам таков да си земам за лице само затоа што имам лошо искуство со други фактори пример на Нивеа страшно се исфрлав по лицето и ми го мрсеше многу..
И јас ја имам користено истата и супер е. Моментално користам најобична крема за сончање од Леа со СПФ20, плус и пудрата и бронзерот се со СПФ15 така што мислам завршуваат супер работа.
Кремата на фармаси ја имате ли користено? Козметичарката ми ја предложи демек дека била супер крема за солидна цена за 50ка фактор ( мислам дека околу 300 и нешто денари е )