Форумџика на годината

Креми за лице со SPF - реална потреба или моментален тренд?

Дискусија во 'Лице' започната од Annath, 6 јуни 2023.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.457
    Пол:
    Женски
    Ако сум искрена, малку повеќе се претерува со спф кремите. Не дека јас не користам, ама еве, во лето 20ка максимум, преку зима и кога е облачно, воопшто не користам. Нема потреба од постојано мачкање, оти така слабее заштитниот механизам на кожата, и да, станува склона кон флеки, брчки и што уште не. Зошто толку страв од сонцето?

    *Дискусија одделена од темата: Креми за лице со заштитен фактор (SPF)
     
    На oblace1, Eli23, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Znaes deka od nedovolna zastita od sonceto se dobivaat kozni bolesti i zdravstveni bolesti neli? Ne e samo za da ne dobies brcki i fleki i takvi raboti. Poentata e da se zastitime sto povekje , sonceto ne e faktor za nie da se soncame vo nego. On e faktor sto ni ja gori nasata koza i se pojavuvaat milion problemi posebno kozni kade sto nema vrakjanje nazad vo normala .
    Toa si e tvoe ti kako sakas da go koristis i kolkav faktor no te molam nemoj da siris takvi dezinformacii… ne slabee zastitniot mehanizam koga ke stavis spf tuku koga nema da stavis i na lice i na telo.
    Dovolno e nasabajle da se stavi da ,no ako ideme na odmor obavezno e da se stavi dva do tri pati na den zavisi kako ideme i na plaza i se toa . Posebno liceto kolku e senzitivno bez razlika dali imas sovrsena koza ili ne znam kakva .
    I ne spfot vnatre vo bb pudrata nema da te stiti od sonceto i ne e dovolno. Ima mnogu eksperimenti od lugje i eksperti i dermatolozi / lekari koi pokazuvaat zasto treba faktorot sam kako faktor da se stava a ne vo drugi raboti i da go nareceme den.
    Koristi si ti kako sakas i kako tebe ti odgovara no ne da kazuvas raboti sto nemaat smisla i da gi ucis lugjevo taka da pravat pa posle da se vleckaat po lekari i dermatolozi od sonceto :)
    Pozdrav
     
    На Noemi, Sophitas, Евроазија и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.457
    Пол:
    Женски
    Доктор сум и јас, ги знам последиците од претерано изложување на сонце. И одговорно тврдам дека премногу му се плашите на сонцето. На плажа секако дека користам фактор, како и сите, ама реално на плажа сме десет дена во годината. Сите тука се шлакаат со фактор како да се земјоделци и по цел ден на нива и отворено (секако дека има и исклучоци), а реално, сите се затворени по дома или канцеларии барем до 17 часот. А сонцето пред 9 наутро и после 17 часот попладне не е толку силно за да мора 50ка фактор да се користи, макар и на море да живееш.
    Кога кожата се оптоварува со премногу хемија (а реално спф 50 е хемија што се впива во кожата), се губат заштитните механизми, кои кожата си ги развива природно. Друго, самата интеракција меѓу УВ зраците и хемиските филтри и другите состојки во спф кремите може да предизвика алергија на сонце. Последниве 15, еве и 20 години нека се, секој втор има алергија на сонце. И не би рекла дека е од сонцето, туку од хемиите што се шлапаме. Пред 20 години немав ни чуено ни видено да има некој алергија на сонце, те тера да се запрашаш зошто е тоа така. Сонцето е тоа што е и ќе биде, не сме кртови да се криеме. Не е само шлапање со креми, важно е и тоа што Д3, бета каротен, витамин А се благодет за кожата, а грото сме во дефицит, не ги внесуваме доволно. Тие помагаат во заштитата на кожата.
     
    На marsilia, dunika, bebaa и 33 други им се допаѓа ова.
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Воопшто не се согласувам. Нема никаква поткрепа дека „хемијата“ во кремите предизвикува алергија на сонце или дека се губат заштитните механизми. Може да не ти одговара кремата и да имаш природна аверзија кон некоја состојка, па да добиеш реакција, меѓутоа тоа може да се случи од било што, не само од креми за сонце. А заштитниот механизам на кожата - добивање тен - е всушност реакција на и показател за оштетувањето на ДНК-та на кожата од страна на сончевите зраци, од каде и потекнува ризикот за рак. Тоа што не е црвена кожата и не боли, не значи дека е во ред добивање тен, што и се случува при долга незаштитена изложеност на сонце (не зборувам во ист ден, туку општо, во текот на животот).

    Само затоа што порано не си гледала луѓе кои се алергични на сонце, не значи дека ги немало... А денес и онака сонцето е појако поради климатските промени, нормално е да прави уште повеќе проблеми.

    Исто така, веќе е испитано и побиен е митот дека мачкањето со крема води кон дефицит на витамин Д. Најголем причинител на дефицит е неизложеност на сонце, а дали си со крема или не, нема разлика, затоа што кремата не е непробивлив штит со 100%-на заштита. Да не зборуваме за тоа и што скоро сите не ставаме доволна количина од кремата, а дури и да ставаме, не можеме целосно, совршено да го покриеме цело тело.

    Со други зборови, всушност не ни можеме целосно да се заштитиме при изложување на сонце, можеме само да ја минимизираме штетата од него.

    И мислам дека е лошо што на сѐ вештачки произведено гледаме како „хемија“ која ни штети, особено кога толку многу вештачки произведени работи и нѐ лекуваат и ни го пролонгираат животниот век и ни го подобруваат квалитетот на живот, особено од медицински аспект.

    Време е зад себе да го оставиме наративот природно = добро, вештачки = лошо, прво затоа што многу е дискутабилно што е природно, а второ затоа што потеклото на нешто не кажува апсолутно ништо за неговата безбедност. Ако си алергичен на кикиритки, на телото не му е гајле дали ти ги јадеш од твојата градина или си ги купил преработени. Реакцијата меѓу исти молекули е иста, без разлика дали доаѓа од природна или вештачка средина.

    Едит: Да дополнам дека не велам дека сѐ вештачки е супер. Само сакам да кажам дека како што може да ти штетат вештачки работи, така може и природни. Впрочем, полесно е да предвидиш реакција на вештачка, прочистена работа со одбрани соединенија отколку на природна работа која е комплексен бленд од многу соединенија.

    Едит 2: Еве ја разликата меѓу кожа изложена на сонце и неизложена кожа. Мислам и повеќе од јасно се гледа разликата во оштетување на кожата...
    Screenshot_20230606_115640.jpg
     
    Последна измена: 6 јуни 2023
    На Евроазија, Lella, Noemi и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Апсолутно неточно, како мала истото го мислеле моите, "кожата да дишела, да се борела", па со текот на времето развив алергија на сонце и полиморфна светлосна ерупција, и без крема за заштита не можам да живеам. Не би да ги коментирам дерматолозите и нивното (не)знаење на оваа тема, да не отвараме пандорина кутија, ама толку многу фактори влијаат на оштетување на кожната бариера, што денес е многу тешко да се живее без "допунска потпора". Плус, постојат одлични креми со физички филтри.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.457
    Пол:
    Женски
    Потемнување на кожата при изложување на сонце е фактички заштитниот механизам, со кој таа се брани од УВ зраците. Така што потемнувањето не е воопшто лошо, се додека е во граница. Клетките на кожата создаваат меланин кој го дава тој потемен пигмент на кожата. Ама факт е дека ако се претера, кожата може да изгори, бидејќи создавањето на меланин е ограничено, не е бесконечно. Освен тоа, луѓето кои повеќе време се изложени на сонце од различни причини, побрзо создаваат меланин, за разлика од оние кои поминуваат поголем дел од денот во затворен простор.

    Кремите со фактор имаат физички и хемиски филтри. Целта е да се спречи потемнување и да се заштити кожата од штетното влијание на УВ зраците.
    Кремите со физички филтри создаваат физичка бариера која спречува дејство на ув зраците врз кожата односно ги одбиваат, што не е случај со хемиските филтри кои се апсорбираат во кожата и ги апсорбираат и УВ зраците.

    Подобра опција се секогаш физичките филтри, иако кремите најчесто содржат комбинација од двата типа. Секогаш подобар избор е она што не предизвикува промени во површинските слоеви на кожата. Да, кремите со физички филтри се тешки за нанесување, оставаат бело, тешко се измиваат, ама спречуваат потемнување и многу повеќе ја штитат кожата од кремите со хемиски филтри.

    Да се разбереме, јас не пропагирам некористење на спф кремите, само сум за умереност, не постојано користење, само кога реално има потреба, како и повеќе за физички филтри.

    Друго, @pdb123, немам целосно исфрлено хемија од животов, факт е дека не може да се одбегне.
    Ама секогаш кога можам, бирам производот да биде без многу хемија или воопшто да ја нема.
     
    На jacqueline.s, zence, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Работам на отворено па поради тоа ставам спф преку ден.
    Дома кога сум не ставам ништо ама бидејќи ми е навика оти може да се случи да излезам го нанесувам.

    Како дел од рутинската рутина спф-то е незаменлив дел. Во зима користам спф 15-20, во лето 30-50.

    Јас веднаш фаќам боја таква ми е кожата и веднаш горам кај носот и јаболчниците. Сметам дека треба да се користи двојна заштита затоа што не заштитената кожа може да набабри, може да се соочите со црвенило,болка и пликови. Во краен случај рак.
     
    На Cosmic Girl и Bella__ им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Не знам, кога ќе ја видам кожата на некои жени кои со години и години користат СПФ, не можам да се согласам дека нема бенефити. Исто така препорачано од дерматолози секогаш.
     
    На Noemi, Tanjamm, Sophitas и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    6.903
    А каде ги наоѓате тие жени? Ова стварно прашувам бидејќи јас во моја околина не знам ниту една жена што цел живот користела ваква крема и има некоја уау кожа. Роднини, колешки, пријателки…

    Освен користење на шешир како заштита, се се сведувало на тоа.

    На овие рекламниве слики не им верувам, на фотошоп буквално се може да се направи.

    Буквално последниве 2 години насекаде ги има кремиве, и треба да се користат при директно или подолготрајно изложување на сонце ама не да се шлапаме и дома кога сме.

    Кожата многу понеубаво, чудно ми изгледа после 3-4 дена последователно ставање на спф, сум пробала мноооогу и со сите е исто.
     
    На JuLleE и lovemme им се допаѓа ова.
  10. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Факт е дека јас сум за овие 3 месеци интензивно да се користи фактор 50ка или 30ка бидејќи знам за сама себе колку ме пече сонцево ми уништува бариера . Јас сите околу мене ги имам навлечено да пробаат и сами се увериле што прави соодветна рутина денска заедно со фактор . Да бидеме искрено факторот овие 3 месеци е најбитен , но исто така и изложбата на сонце.
    Јас какви жени возрасни 50+ гледам и обавезно користат фактор 50ка летно време и тоа им е многу битно бидејќи се научиле кои бенефити ги има за кожата.

    Ме интересира различни мислења и прифаќам но јас ќе си останам на мојот фактор 50ка секое лето и ќе ми е секогаш најдобро нешто за заштита за кожава и премногу имам гледанп,читанп,експерименти и докази што не ми е проблем и тука да ги постирам ( секако не се мои туку се на лекари и дерматолози луѓе експерти посебно во ова ) за да помогнам на некој и да види и да помогне секако :)

    Кај мене на работа какви жени да видиш доаѓаат средени лицето предобро и тоа фактор им е најбитно нешто и го користат цела година :) . Таквите жени се секогаш средени посебно нега на лице и од нив многу се учи .

    Мене ме мотивираат уште толку таквите жени кога ќе ги видам во живо како природно им свети лицето :) посебно од само фактор
     
    На Евроазија, Калатеа, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Да, потемнувањето е обид на кожата да се заштити од сончевите зраци. Поентата е дека првично морало да настане оштетување на ДНК-та на кожата за да се активира тој механизам, што значи штетата е веќе направена, потемнувањето е само обид да се спречи понатамошно оштетување. Дури и да успее да спречи понатамошно оштетување, како што реков, веќе е направена штета пред да се активира тој механизам.

    Горењето на кожата не е единствен показател за оштетување на кожата, но сѐ надвор од тоа не го сфаќаме сериозно. Во суштина, постојано се случуваат мали промени кои се невидливи од ден за ден и може да се забележат само по подолг временски период, како на пример, споредување себеси на 20 и 40 години итн. Впрочем, се вели дека 80-90% од стареењето на кожата е резултат на изложеност на сонце, а остатокот е поради природни процеси. Што значи, кога сите идеално би се придржувале до заштита од сонце, човек на 50 - 60 години не би изгледал така како што изгледа денес. Не велам дека нешто им фали на луѓето, го кажувам повеќе како thought experiment, што би било кога би било.

    Што се однесува до филтрите, реториката дека физичките филтри прават физичка бариера, односно ги рефлектираат зраците, а хемиските се апсорбираат во кожата и ги апсорбираат зраците исто така е побиена. Иако, мислам дека до ден-денес на училиште ги учат дерматолозите дека тоа е случајот, а не е, па благодарение на социјалните мрежи и содржините што ги прават козметичките хемичари, дел од нив научиле дека всушност тоа не е точно, додека други сѐ уште им го кажуваат истото на своите пациенти. Всушност, и физичките и хемиските филтри ги апсорбираат зраците и ги претвораат во топлина; само околу 10% од физичките филтри реално ги рефлектираат зраците. Ако те интересира повеќе, можеш да видиш на ова видео.

    Што се однесува до хемија, не знам што да одговорам, очигледно имаме различна филозофија. Јас мислам дека луѓето се плашиме од тоа што не го разбираме, а хемијата е најпотценета, најнеразбрана и најосудена наука. Не можеме да избегнеме хемија, затоа што ние сме хемија, храната е хемија, буквално сѐ што постои на светот е некаков тип на соединение кое може да реагира со друго соединение. Ако се мисли на штетни супстанци, веќе сум зборувала, не можеме да зборуваме за штетни супстанци без имање во контекст доза и начин на користење. Да напоменам дека не сум хемичар, не можам детално да елаборирам, меѓутоа логиката ми налага дека натуралистичкиот пристап не е објективен, односно е biased.

    За крај би сакала само да потенцирам дека не наметнувам никому да користи креми. Идејата е само да ги правиме изборите имајќи ги на ум „точните“ информации, што и да значи тоа. Затоа што многу луѓе се плашат и имаат аверзија поради тоа што се изложени на митови.
     
    Последна измена: 6 јуни 2023
    На Lella, Noemi, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Anyeska

    Anyeska Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Во последните 3 години, од кога интензивно користам, само неколку пати сум излегла без фактор. Лето или зима, облачно или сончево. Број еден превенција против рак и стареење на кожата... Треба ли нешто повеќе?
     
    На Noemi и MyMala им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.931
    Пол:
    Женски
    Абе тие жени што ги гледате и ботоксче и третманчиња си прават, не им е само спф. :D
    Јас се терам да користам редовно фактор зашто заборавам а дефинитивно е потреба. За мене претеризам е да ставам за по дома, ама како дел од секојдневната рутина не е. Сега во лето ако излезам цела разголена преку ден морам да ставам и на раце и нозе. Порано не се замарав, исто како и сите што ги познавам, плус никогаш не сум горела, ама откако сум свесна за сите ризици не мислам дека е мода.
     
    На Lollipop_123, VDT2906, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Хм, јас имам малку поделено мислење. Но не во однос на тоа дали треба или не треба да се користи крем со заштитен фактор на лицето - мислам дека тоа се подразбира и тука нема простор за одговори со да/не, меѓутоа еве конкретно ме буни реапликацијата.

    Се препорачува да се реаплицира по х време и тоа е сосем во ред, јасно ни е на сите дека ефектот на заштита не трае цел ден, но што кога носиме шминка? Пример, се шминкаш сабајле за на работа, ставаш спф, ставаш пудра/бб, минуваат 8 саати на работа и како после да се реаплицира на веќе нашминкано лице?

    Пробав стикови, спреј, не знам што, и едноставно прелоша ми е идејата да се става нешто над веќе нашминкано лице со пудра или ББ-крем. Преку спреј и би поминала некако (иако не ми се свиѓа ефектот), ама стик...hell no.

    Значи, да нема забуни, не барам предлози. И моја препорака е темава да се држи вон спомнување брендови и предлози за креми (за нив нели, си имаме и посебна тема), туку да се водат малку потемелни дискусии, баш од овој тип како во темава, зашто навистина е штета да се задушат во поопшти теми кај што си пишуваме рецензии или даваме предлози или дискутираме за рутини.

    Туку еве, само ме интересира дали и колку е потребен тој чекор (реапликација) на секојдневна база во случаи кога сме се нашминкале.
    Немам проблем да нанесам спф пак по потреба во текот на денот доколку немам шминка, тоа некако и инстинктивно ми доаѓа, навика ми е. Ама во случај кога сум се нашминкала, малку ми е непрактично.

    А што се однесува до тоа дали е до толку потребен или е само маркетинг, сметам дека и за ова нема баш простор за да се каже да или не. Некои работи се сосем јасни и сметам дека навистина треба да се обрне повеќе внимание на заштитата на лицето, само да не премине во параноја па да шетаме со спрејот во рака. Ма да добро, тоа веќе би бил другиот екстрем, ама ете некако ми се протна низ прсти па го напишав. :D
     
    На Lella, sweet-cherry, Bella__ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Јас гледам предложуваат и тапкање на кремата со онакво рамно перниче од пудра :). Никогаш не сум пробала, затоа што никогаш не носам шминка, ама можеби поподносливо ќе ти е :D.

    Што се однесува до потребата, јас искрено вака би се водела: ако е жешко и се потам и времето е со високо ниво на УВ, би реаплицирала. Ако е пооблачно и не се потам толку и времето е со пониско ниво на УВ, ок ќе е за до дома без да реаплицирам. Па дури и да не се потам, ама имам помрсен тип на кожа, би реаплицирала затоа што се нарушува слојот од кремата со маслото од кожата. Додуша, мислам дека и без тоа со тек на време се „деактивираат“ филтрите, ама за кратки релации, веројатно не би нанела пак, само ако знам дека ќе сум надвор 1 час или повеќе...
     
    Последна измена: 6 јуни 2023
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    ^ А да ставам два прста крема како што зборат ради реклама и не знам што тоа ко прво нема да упие а ко второ немам толку време.

    Важно има заштита.
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.944
    А дали има врска типот на тен што го имаме? Пример, јас имам темен тен и буквално цела година имам отцртано кратки ракави, затоа што уште во првите недела-две штом почнам да носам кратки, ми се исончува голата кожа и не се трга осунчаното никогаш, дури ни во текот на зимата. Прашањето ми е, дали со потемен тен треба поголем фактор да се користи или не прави разлика тенот, посекако треба барем 30ка?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не би ни пробала. Прегрозно ми е да нанесам крем над пудра и да тапкам. Руменило, бронзер, ништо од тоа нема да остане и ми нема поента едноставно. Не си сфаќајте лично ако некој од вас прави вака, едноставно јас не се пронаоѓам во тоа.

    Можеби спреј, па да се натапка некако ако има потреба, но и за тоа некако сум под знак прашалник, иако ете тоа би го пробала. Ама засега дефинитивно останувам на шешир со широк обод и очила за сонце доколку сум се шминкала.

    Ај преку времето ќе пројдам некако, ама за другото и јас делам исто мислење зашто толкава количина дефинитивно нема шанси да се впие кај мене. Ќе ми свети лицето цел ден.
     
    На pdb123 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.896
    Допаѓања:
    179.098
    Не знам дали е од сонцето, дали од кремите, дали од воздухот. Во отприлика исто време се појави алергија и кај мајка ми и кај мене, со таа разлика што јас живеам во земја со многу помалку сончеви денови од Македонија, и јас мноогу помалку сум била изложена на сонце во животов од мајка ми. Еве го, 3 дена сонце грее и ми се активираше егзем или дерматит на дланката. Со Д стандард сум дефицит, и искрено лани само редовно пиење Д ме спаси, до ниво да можам да излезам на плажа. Треба да се вратам на таа рутина, очигледно подобра нема.
    Креми со спф-само во лето, секако на најјако сонце не се изложувам никогаш, на скијање не одам. И секако не знам што вели трендот денес.
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Потемна кожа значи повеќе меланин, и тоа значи дека баш кожата е „позаштитена“. На пример, се смета дека кожата на белите луѓе во просек има заштитен фактор од околу 4,5, додека кај црнците мислам беше 13,4. Затоа тие изгледаат помладолико на иста возраст наспрема белци, дури имаат и изрека: Black don't crack (им се прават помалку брчки). Сепак, за сите (бели и црни) се препорачува крема со фактор од минимум 30.

    Што се однесува до способноста за потемнување, искрено не знам од што зависи. Би требало од меланинот, ама еве јас имам бел тен, а не горам баш лесно, напротив, можам доста да потемнам со умерено изложување. Во тинејџерските години доста се сончав, дури и се трудев секоја година да си го „скршам“ рекордот на потемнување :worried:. Зборуваме за активно, 4-6 часа сончање секој ден, околу 10 дена годишно :worried:. Многу си го сакав тој тен, ама тоа е, сега знам подобро...

    Инаку, и мене никогаш не ми се губеше сончаното, преку цела година, ама еве како не се сончам 5 години и нанесувам и реаплицирам заштита минимум при големи, долги изложувања на сонце (пример, планинарење, шетање некаде на лето преку ден или општо, ако излезам низ град на подолг период итн), и немам веќе линии никаде на телото. Не паметам кога ги снемало, ама мислам не би требало повеќе од година-две внимавање да не се изложуваш на сонце без заштита, особено во летните месеци.
     
    На Lella, Bezimenka90, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.