1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крем за депилација

Дискусија во 'Тело' започната од devil-angel, 3 август 2013.

  1. devil-angel

    devil-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    5
    Ја разгледував темата и не најдов ниедна тема за крем за депилација.
    Дали се депилирате со крем?
    Искуства со него?
    Дали е подобар од бричот?
    Кој е најдобар?... :)
     
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    вечерва изгледа сум сезнајко,м :rofl:
    Јас користев крема оти ми беше нај безболниот начи за депилација(мразам да ме боли кога се депилирам-не трпам болка од ленти и сл) ама не ми беше 100 посто ефикасна оставаше делови кои мораше да се поминат со брич, па така јас се префрлив само на брич
    Зборувам за депилација на нозе :!:

    Инаку сигурно има ваква тема- депилацијата е тежок проблем на девојките сигурно досега отвориле тема :?:
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Не е дупла темава?
     
  4. Glorcheto

    Glorcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Дали со користење на кремава пример на надусниците почнувале да растат влакна и по лице?
    Така и кажала една аптекарка на мајка ми :|
     
  5. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    @Glorcheto откако почнав да се депилирам на надусниците, се депилирам само со крем. Не е логично да растат влакна на лицето, кога ја третираш само областа над устата. Само внимавај во однос на времето откако кремот ќе го нанесеш на саканата област. На повеќето креми пишува од 10-15 минути да се чува, но мене и 5 минути ми се премногу. Го чувам 2, најмногу 3 минути и го вадам.
     
    На Glorcheto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.268
    Позитивно сум изненадена од кремата за депилација на Балеа. Ја купив сосема случајно без да прочитам ниту една рецензија. Имав вишок време и се врткав во ДМ, а не ми се излегуваше со празни раце. [​IMG]
    Кремата е наменета за чувствителна кожа и по едно користење можам да потврдам дека не ми предизвика никакви иритации. Ја нанесов на стомакот и ја оставив да делува околу 5-7 минути. Со кремот на Вит имав проблем бидејќи кога ќе го извадев со шпатулата влакненцата остануваа на мене и морав да ги тријам со пешкир или сунѓер за да ги отстранам комплетно. Со оваа крема го немав тој проблем. Со еден потег на шпатулата сите влакненца ги снема. Мирисот е пријатен, не мириса на хемикалии.

    Од мене има голем плус во однос на цената (125 мл. за 99 денари) и во однос на дејството. Ќе продолжам да ја купувам во иднина.
     
    На hermosa, SummerGirl, shining_star и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Oluja

    Oluja Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја искуство со оваа крема ?
     

    Прикачени фајлови:

  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не користам, зашто влакната многу брзо растат, а кремите одвратно мирисаат.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.