1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кречење (молерисување)

Дискусија во 'Дом' започната од soncicko, 17 април 2012.

  1. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Колку пати го фарбате домот на колкав временски период?
    Како се справувате со флеките после чистењето и како се спремате пред варосувањето?


    И би сакала мала помош од вас феминки
    ако знае некој некоја добра фирма за кречење ама фирма ми требаат повеќе луѓе што ќе ми искречат преместат за 2-3 дена бидејки се работи за 100квадрати...однапред благодарам.
     
  2. ClockWorkOrange

    ClockWorkOrange Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Мене ме интересира дали некој знае како се движат цените за варосување (молерисување) во Скопје? Сакам да варосам гароњера, околу 30 квадрати, не сум од Скопје, живеам под кирија, па не знам како се движат цените. Фала однапред
     
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ние сами си кречиме по дома. Сам свој мајстор :D
     
    На Mami3 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И ние исто, молерисуваме во просек на 3-4 години сами со мајка ми.
    Имаме два помали валјаци, еден голем со долга рачка за таванот, неколку тенки четки за постигнување прави линии и финеси.
    Си купуваме огромна канта поликолор, некои 700-800 ден и пигменти во разни бои, од оние малите шишенца.
    Мајка ми стана експерт во мешање на боите. Смесата е значи - поликолор, вода и пигмент.
    Научивме и финта како да не ни капе многу од четките, кога ќе ја брцнете во бојата, потоа поминете со неа горе-долу врз даска да сечкање храна (некоја што не ја употребувате, најубаво дрвена и користена). Вишокот на боја ќе се исцеди врз неа, да не ви се прават линии по ѕидовите кога поминувате.

    Кога молерисуваме воопшто не се брзаме, си пуштаме музиче, си муабетиме, се смееме.
    Предминатата година ја искречивме дневната, кујната и мојата соба за 2 дена.
    Поместете го мебелот во средината на собата и убаво покријте го.
    Доколку имате живци, ставете си трака и на сите лајсни на паркетот, зашто кога капнува и се суши, малку потешко се чисти (ништо што сунѓерче и топла вода не можат да го решат). ;)

    Ама ние во моментот кога капнува си забришуваме, па на крајот и нема нешто многу за чистење.
    Еден џогер, па суво бришење и правосмукалка. Толку.

    Кој има време, живци и желба, навистина се исплати.
    Нас не фати некои 1200 ден. за тие три соби преку сила.
    На другарка ми за слична квадратура и земаа 6000 ден.
    Па сега удрете ја математиката.

    Инаку, овие ги имам на ФБ.
    http://www.facebook.com/RENOVIRANJE
    http://www.facebook.com/molerisuvanje.renoviranje
     
    На Feather, Јаневски, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    34.332
    Пол:
    Женски
    Ние порано дома мајстор викавме за кречење :)
    не дека е некоја проблематика

    Ако го имаш потребниот материјал можеш и сам ... Е за тапети е веке друго :|
    сакам сега кога ке се потстопли да ја средам собата на керками
    Сега ни е гостинска соба и не е средена * си спие со нас во спална*

    Ако планираме да кречиме ке си купам боја , четки и друга пропратна опрема :D :D :D
    веке имаме купено стикерси за ѕидовите
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Дали некој од вас го пробал овој производ на Топ Шоп и како е задоволен?
    http://www.topshop.com.mk/paint_zoom-10 ... int=NA_osm

    Имаше на времето и едно слично, ама без систем на распрскување, туку со рачно нанесување, нешто како сунѓер... :?:
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Нешто слично на овој компресор (исто така мал) има татко ми ама го користи за фарбање на метални и дрвени површини. Со него не кречи, не сум баш сигурна дали може да се користи за кречење :?:
    Ако се користи за кречење тогаш одамна мислам дека фирмите кои се бават со молерисување ќе користат компресори а не ваљци.
    Тие сунгерасти ваљци се користат за фарбање дрво или бои за кречење кои се многу густи т.е оние што се на мрсна основа (темните бои за кречење се на таа основа).
    Ова од искуство затоа што сами си кречиме по дома :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    ^ И јас тоа истото си го помислив, валјак си е валјак, сега мачно е, рацете болат малку, ама покрива без мрчканици и линии.
    А ова со компресоров изгледа на прв поглед добро, ама мислам дека не покрива сјајно, остава некакви траги.
    Плус прочитав коментари како кантичето собира мала количина боја, па треба многу често да се надополнува.

    И точно, боите што се веќе направени, нели оние потемни, поинтензивни нијанси се многу поскапи, со малку маслена основа и подобро е со сунѓерест валјак.
    Ние имаме и таков и од некаква волна или влакна, не знам што материјал точно е тоа, ко кебенце-материјал (сјајно објаснив, знам). :D
    Евтини се, од 120-180 ден, зависи од големината, а ќе си го испереш после, ќе си го имаш барем за 2 кречачки сезони. :)
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ние сами лепевме тапети и да признаам се приметува дека не ги ставал професиналец. :lol: На некои места ни се преклопуваат лентите, некаде ни се познава воздухот под тапетот, а не наколку места и малку лепак. Задолжително викнете си професионалец, да не се препотувате за џабе и на крај пак да излезе аматерски :rofl:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да не се правам мангуп,ама за тапети има финта како се лепат,ги утручив пред две лета. Меури мора да има малце,ама кога ќе се исуши лепакот скроз се повлекуваат. Не знам описно како да ги објаснам,ама откако ќе го премачкате тапетот треба да го превиткате нежно од двете страни,а потоа полека да ја одлепите едната и да започнете од горе надолу да го лепите и со мааалку влажна крпа да тапкате,кога ќе дојдете до долниот превиткан дел,полека ќе одлепувате и ќе го залепувате на ѕидот. Нема утка! Ова му е од татко ми учено,тие учеле по домаќинство. Ако ме прашувете мене,треба да се има предметов уште!

    А лани летото пак молерисував сама (абе женска за сва времена! :D ). Прво да ви кажам, ниту една вежба на светот не е добра ко молерисување,упала на мишичи имав цела недела,на цело тело,е сега за алатките. Најнефикасно се покажа со четка,остава линии,капе боја, упива многу боја,а не покрива, лошо. После пробав со оние од топ шоп,со сунѓер,врска немаат,треба да притискаш за да пушти боја,а капе и се цеди,види ти иронија. И на крај ваљаче! Боље ствар немаш. Цуп,цуп,го подзацедуваш и со кратки отсечни движења за час си готов!

    Ај годинава може ќе научам со скала да се движам без да се симнувам,ко прав молер! :D
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    И јас сама се снаоѓам некако.Секако дека е поевтино сам да средиш,ама и вложениот труд не е за потценување.На пример лани ми се скрши столицата на која стоев,паднав среќа не скршив ништо ,ама последиците и ден денес ги чувствувам.И сега имам страв од качување :( А плус баш е мачно да се кречи таванот,за страниците немам гајле.И стекнав навика,ако нешто накапам одма бришам,за после да не плачам и пцујам.Се обидувам со маж ми да постигнам некој договор нели,јас да ги средам страните а тој таванот.Само многу тешко е да го натераш да работи.А кога би имала своја плата ич нема да се замарам со тоа.Или ќе најдам некоја средина,што јас можам а што не.Инаку под кречење не подразбирам само нанесување на боја,нели има пукнатини ,па треба да се санираат,некои ситни доработки а за тоа признавам не сум вична :^) Инаку време е веќе да се прекречи ,ме фаќа нервоза,само тупкам во место а сама не можам да почнам.Пак ќе повторам само кога би имала свој денар, мое ќе биде само да ги тргнам предметите.Па колку чини нека чини.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Обично татко ми е задолжен за кречењето, а јас и сестра ми му помагаме. Пред некоја година со сестра ми скоро цела наша соба самите ја искречивме. Имавме малку проблем затоа што не фаќаше убаво поликолорот, а бидејќи бојата е портокалова - се познаваше. Па поминавме неколку пати.
    Порано знам татко ми со вар кречеше, ама веќе одамна работи со поликолор.
    Вообичаено на 3-4 години поминувме, а дамките од поликолорот врз паркетот, мајка ми секогаш ги чисти со оцет.
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Ние кречиме во просек на секои 3 години. Никогаш од кај мене дома никој не го извршувал молерисувањето сам, туку обично се викаат некои познаници(молери) да го направат тоа за одредена сума пари, нормално. Неколку дена работа и циркус дома, и после имаме затишје :D. Сите соби се бело искречени, колку и да инсистирам мојата да биде виолетова пример, макар само еден ѕид, тоа е просто невозможно. Имаат некоја проста традиција на молерисување стриктно у бело. |(
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    Еве линк кој ќе ви помогне при изборот на боите во домот :)
    http://www.jub.rs/
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кај нас голем е просторот, па откако паметам за себе се било со мајстори-да живеам сама, најверојатно би пробала, ама моиве дома ги фака нервоза кога ке биде готово и само паника и караници се создаваат
    а редовно после тоа чистење, бришење јас и мама секако :)
     
  16. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ние кречиме на 4 години (ама според мене многу долг е овој период бидејќи дома се пуши). Оваа година ни е ред и ќе дојдат молери веројатно, но терасата и спалната ги кречевме јас и брат ми. Бевме комедија :wasntme:
     
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Па бидејќи дома никој кај нас не пуши,варосуваме секоја година.
    Иначе татко ми варосуват.
    А со дамките,па на паркетот ставаме најлони,или пак од тие вреќите за ѓубре што се ќе ги искиниме и ќе ги постелиме долу.Ако имат некаде капнато,го забришуваме со влажна крпа,и заврешна работа. :lol: :lol:
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Колку чини молерисување на стан со отприлика 60м2?
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мислам дека прилично скапо наплатуваат молериве ама бидејќи ретко кречиме дома на 3-4 години, сепак не го правиме сами тоа. Јас па имам кеиф да пробам сама да видам како изгледа тоа :D Само страв ми е да не ги направам лом вградените плакари и високите елементи во кујната (или детално треба се да заштитам) зошто ептен прецизно треба над нив да се работи, а и се појавија некои пукнатини на ѕид кои требало посебно да се санираат па после да се кречи така да изгледа тешко дека ќе можам сама да си искречам.
     
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Секоја пролет задолжително , и тоа сам татко ми како си го има совладано занаетот :D :D .За време на молерисувањето се осејќам како под отворено небо , оти нели се ти е извадено надвор порастурено амин :lol: