Кривично дело

Дискусија во 'Правни совети' започната од stojanovska.billy, 6 декември 2013.

  1. stojanovska.billy

    stojanovska.billy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ne naletav na nekoja slicna tema kade mozebi moze nekoj da me posovetva za problemov.

    Pred 8 godini eden od brakjata otide na prosetka so svojot avtomobil i drustvo vo drug grad kade sto policijata go fati so marihuana 1 malo steblo sveza nerazviena okolu 30cm i suva okolu 5gr.
    Posle detalno isprasuvanje itn go slikaa na mestoto vo domot na baba mi kade sto imalo 4-5 nerzavieni stebla od po 30cm istata bese odgleduvana za sopstvena namena. Znaci, dade izjava vo policija no ne i vo sud.

    Dve godini po sluckata toj napravi izlez od makedonija i povtorno se vrati...nikoj ne go privede.
    Pa vo megjuvreme toj osnova svoja firma, izvadi i vozacka dozvola direktno vo Prolece policiskata stanica bese itn...zosto dokolku e osuden ne go privedoa vednas koga bese 'vlezen ustata na volkot'?!
    Sitna ripka e pa ne se zamaraat ili stanuva zbor za nesto drugo?

    Rocistata bea odlozuvani, a toj se kriese uspesno. Inaku dvojno drzavjanstvo ima pa celo vreme izgovor bese deka se naogja vo drugata drzava 2.
    Vrz osnova na ovie podatoci, da pretpostavime deka bil osuden vo otsustvo, znaejki deka osnova firma, vadi vozacka dozvola i slicno, dali ima osnov za dolopnitelno sudenje, menuvanje na izjava dadena vo policija, dopolnitelno rociste i sl?!

    Inaku deloto se vodi vo sudot, a ne i vo policija. Neznam, taka mi kazaa.

    Dali posle izminuvanje na tolku godini toa da e zastareno?!
    Koga vsusnost zastaruva edno takvo delo - dokolku e dadena izjava vo sud pa pomine izvesen period ili dokolku ne e dadena takva izjava (kako vo slucajot so brat mi)..?

    Pozdrav!
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.907
    Krivicno delo

    Стојановска, кривичните дела не застаруваат така брзо. Има еден член во Кривичниот закон, каде е пропишано за колку време се застарува делото, но ако е донесена пресуда за истото, нема застарување како кај граѓанските постапки.
    АКо нема донесено речение судот, тогаш ОТПРИЛИКА е дупло од тоа колку максимум би лежел. Значи зависи за што е осуден, различно е за одгледување и производтво на опојни дроги, друго е да поседува за лична употреба. АКо е за ова дело 5 години затвор, по 10 години ќе застари делото, ке застане гонењето. АКо е донесена одлука во отсуство, бидејќи не сакал да се пријави во суд, нема застарување.
    Кога ја умножува(сади) никој не може да докаже дека била само за него. Затворот ке го јаде.
    Притоа мора да се прави разлика од постапка пред суд и постапка во полиција. Тие се различни.
    Жал ми е, ама тука каде се неговите другари со кои е затекнат? Тие можеби во судот се кажале против него.
     
  3. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Во кои се случаеви можат да ве повикат на суд како сведок?
     
  4. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Можеш да бидеш повикана како сведок доколку се најдеш на местото на стореното кривично дело или некој те повика да сведочиш во одредена ситуација
     
  5. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    204
    Здраво ме интересира мислење од правно лице

    Близок мој (брат) во ноќен клуб пронајде мобилен телефон, после неколку месеци му стигна покана за сослушување кај инспектор , при што со помош на мобилните оператори го лоцирале телефонот, брат ми веднаш го врати предметот, со записник.Приватно не е гонет од личноста што си го загинала апаратот, но пред некој ден стигна пресуда во која пишува дека е виновен за кражба.20 глоби по 8 евра на ден или 160 евра. Прашањето е следново:Пасошот му завршува на 18 јуни оваа година, од лице од судот, сеемеен пријател ни беше кажано дека нема да можи да се продолжи во рок од 2-3 години како суспензија ради тоа што кривична пријава била.
    Дали е точно ова тврдење?Многу е битно бидејќи брат ми често патува надвор од земјава.
    Поздрав и се надевам ке ми одговори некој.
     
  6. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Zdravo :) ne sum mnogu upatena vo krivicniot zakonik pa me interesira koj znae da mi kaze dali ucena e krivicno delo ili ne?
     
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    DA
     
  8. Specifi4na

    Specifi4na Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Девојки другар ми пред некој ден удри човек со кола . Човекот кој е удрен е психички болен и е нон стоп по патишта. Има скршеница на раката и бутна коска. Е сега на другар ми му е кажано дека ќе оди на јавен обвинител а не на суд која е разликата?
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    54.833
    Обвинителство ќе го гони (ќе ја врши истрагата), а судот ќе му суди.
     
  10. Specifi4na

    Specifi4na Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Kazano mu e deka deteto nema da go tuzi.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    54.833
    Не сум правник, не знам и не се разбирам, може обвинителот отворил предмет по допрен глас. И да не го тужи детето, нема да помине неказнет.
     
  12. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Јавниот Обвинител ќе го гони Кривично за Кривично дела во безбедноста и сообраќајот, а во Граѓанскиот Суд ке се води постапка за надомест на штета за ОЖА (Општа животна активност), за претрпен физички бол, за пртрпен страв и сл. Бидејќи оштетениот е со Психички проблеми, највероватно ќе треба да се спроведе Психијатриско вештачење. Бидејќи е Психички болен ќе треба дебело да го обештети.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    5.045
    Допаѓања:
    49.928
    е убаво нае*ал
    сеа ке се води постапка во суд протв него и ке го гонат кривично на крај ем ке одлеже затвор ем ке го соголат од пари што ке треба да му ги плате како оштета на ударениот
    затвор околу 6-12 месеци ке добие
     
  14. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    5.045
    Допаѓања:
    49.928
    тука околу имав мн сличен случај
    го осудија на 1 година затвор
     
  16. Specifi4na

    Specifi4na Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Детево не го тужат , му кажале да извади лист од психатријата дека е чоекот ментален . И му кажале дека ке оди на јавен обвинител.
     
  17. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.967
    Пол:
    Женски
    Тужење од лицето и гонење по службена должност се две различни работи...ќе оди на ЈО зошто за ова дело се гони по службена должност па ЈО одлучува дали за делото има доволно докази и слично за да продолжи со гонење...нема сакал не сакал оштетениот...него ќе го прашаат дали се приклучува на кривичното гонење или не, без разлика од неговиот одговор ако ЈО одлучи дека има доволно докази, другар ти ќе оди на суд без разлика на тоа дали е човекот ментално болен или не..нема врска ова со тоа дека другар ти го удрил со кола..ако ЈО оцени дека другиот човек е крив може да не продолжи со кривичното гонење ама оштетениот има секако право да го тужи за надомест на штета во посебна граѓанска постапка или да бара штета во кривичната постапка ако ЈО одлучи да поднесе обвинителен акт/предлог...ЈО е првиот чекор а судот е после него, зато му рекле прво ќе оди на обвинител
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 @Cka @doubleinfinity ако може правен совет за следново.

    Се работи за предмет кривично во кој обвинетиот призна вина, се изготви пресуда, но сеуште не е стигната до оштетениот, а неговиот полномошник е неодговорен, не сака да ја даде да ја погледне оштетениот, вика дека ќе пушта жалба на судски трошоци, ќе спрема парница за отштета....
    Прашања:
    1. Како може да дојдеме до примерок од пресудата, кој реално треба да го добиеме како странка?
    Дали да бараме во суд, дали во подрачната пошта?
    2. Дали рокот за таа жалба за трошоци е ограничен, дали тече откако ќе ја прими пресудата оштетениот или?
    3. Дали можеме да го заобиколиме судскиот пат за да се спогодат двете страни околу отштета?
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.907
    Имаш проблем со адвокатот ти. Така сфатив. Роковите за жалба се откако он ја добил пресудата. Мора да ти ја даде. Речи ќе го пријавил и адв комора. А парница за штета е друга и мораш да дадеш полномошно
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.264
    Пресудата по објаувањето треба во рок од 15 дена писмено да се изготви, и заверениот препис од пресудата судот треба да Го достави до оштетениот како и до обвинетиот. Рокот за жалба е 15 дена од денот на доставување на преписот од пресудата. Доколку е поднесена жалба судот без одлагање доставува до спротивната страна, која што има право ро рок од 8 дена од прием на жалбата да поднесе до судот одговор на жалбата.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.