1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криминалистика

Дискусија во 'Образование' започната од TralalaScorpio, 11 февруари 2011.

  1. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    Ме влече едноставно :P
    Дали има некој што е на овој смер, и ако може да каже мислење како е да се студира криминалистика? Ми треба мислење од некој на своја кожа што осетил како е да се студира на овој смер :)
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.192
    Смер?Јас знам дека тоа е предмет што се учи на мастер казнено право,насока казнено процесно право
     
  3. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    Колку што ми кажувале го има на европски ..па да не има некој случајно што е таму запишан да ми каже нешто повеќе околу тоа :)
     
  4. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Јас колку што знам судската медицина е поделена и на гранка криминалистика. Јас планирам да одам судска медицина понатака и се ама баш се имам испитано за тоа и како и што се дели :))))))
     
    На lolitoo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    И мене многу ме влече ова :$ И на Фон има смер детектви и криминалистика.
    Уфф колку ми е криво што не студирам тоа што го сакам :fubar:
     
  6. happy-girl-22

    happy-girl-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    вака значи единствена образовна институција од која имате диплома како дипломиран криминалист е од сегасниот факултет за безбедност (Полициска Аакадемија)
    www.fb.uklo.edu.mk тука ке си најдете наставни ,проферосри локација исл
    со тоа што треба да го одберете насока криминалист 4 години а не насока безбедност и финанскиска контрола 3 години...

    на фон има сличен смер во кој се изучуваат предмети од криминалистика иначе смерот се вика детективи и безбедност.

    на европски имаше промени во програмата и мислам дека не добија акредитација за студиска пробраграма криминалист туку дека е несто е слично како на фон ... ама не сум сигурна проверете!

    иначе да имате криминалистика на мастер студии на правен на смер казнено зашто многу се поврзани

    криминалистиката ниакко не е гранка на судска медицина . е самостојан научна дисциплина а ја корисит судската медицина како помошна наука за свои потреби

    и многу е убава наукава-НАЈУБАВА само што за овој вид професија во македонија нема распишано јавен конкурс ПОВЕКЕ ОД 10години во државна институција а нормално приватно со вакава професија не мозеш да работиш

    топло ви препорачувам изберете си друг факултет зашто потешко а волку не исплатливо студирање нигде нема
    ПОЗДРАВ
     
    На TralalaScorpio и Alanna им се допаѓа ова.
  7. bojan123

    bojan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам дали после завршувањето на факултетот задолжително те вработува државата?
     
  8. happy-girl-22

    happy-girl-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Јас на правен-Јустинијан Први на мастер казнено (процесно) право, имав предмет криминалистика. Предавањата ни ги држеше еден батка инспектор од МВР и беше врло интересантно. Ви го препорачувам да си го одберете. :up:
    Инаку не однесоа на посета во крим-лабораториите на МВР, видовме се и ги научивме сите финти :muscle:
    И си добив десетче на испитот!!! :clap:
     
  10. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Леле, па јас имав во план криминалистика да студирам, ама ме разубедивте...Не дека мислев дека ќе најдам работа, ама ете - си бев оптимист, ама сега слабо нешто оптимизам :D
    а и се напнав со овие детективскиве серии, особено NCIS па си се впуштив во филм дека еден ден и јас ќе бидам успешен детектив :lol: но, по се изгледа, ништо од бизнисот :D
     
    На Counter Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Кој те учеше вака?
    Па ако беше така, цела младина тука ке се запишуваше, нели?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски

    Не е задолжително... не те запишале тие, па да те вработат. Поминаа тие времиња кога државата вработуваше. А и мислам дека вакви кадри само по потреба ги вработуваат (т.е на краток временски период).
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи јас се запишав на Полициска академија, кога требаше да се запишувам на факултетет од причина што и јас како сите вас имав голема желба за овој факултет. Но уште пред да започнат со предавања си ги повлеков документите и се запишав на друг факултет.
    Прва работа е што токму на овој смер многу тешко се влегува, има многу пријавени а примаат малце луѓе, безбедност и финансиска контрола не е толку актуелен па има помалце заинтересирани. Не велам дека се потребни стрикно јаки врски за да се влезе но сепак јас лично а и моите се помачија да ми обезбедат место. Но потоа се разочарав кога видов на каков принцип функционира факултетот. Исто така ви треба и физичка подготвеност, не само за приемниот (не е тежок), туку за целиот факултет зашто има борбени вештини, самоодбрана, и строга и тешка програма по Физичко.

    Втора работа е тоа што има многу материјал за учење и бидејки Факултетот за безбедност е дел од Битолскиот универзитет треба постојано да се патува во Битола и таму да ги бркаш некои професори за оценка. Јас одев до Битола само да си ги повлечам документите, а Факултетот се наоѓа во Скопје па цела докуметација патува до Битола а они на тоа имаат поголеми такси за превоз.

    Трета работа јас мислев дека како и претходно после дипломирањето се добива работа во државен орган зошто факултетот е премногу ограничен во однос на вариации на тоа што би го работеле после тоа, но добив информација дека пред неколку години државниов Факултет за безбедност го раскинал договорот со МВР, и после дипломирањето препуштен си сам да се снаоѓаш, а ваков договор со МВР сега има склучено ФОН. Што би значело дека е подобро да се запишете на ФОН доколку сте финансиски моќни за да сепак имате ако ништо друго надеж да бидете вработени, велам надеж зашто не значи дека ако дипломираат 30 луѓе сите ги вработуваат, туку најчесто оние со највисок просек или тие кои имаат поприлично јаки врски.

    Не сакам да разочарам некој јас само го пишав своето мислење, а инаку смерот е прекрасен но сепак не нуди никаква виза за во иднина, зашто како што и претходно спомнав премногу се мали вариациите на тоа што би го работеле во иднина. Можностите за влез во државен орган се мали, освен со врски зашто многу е мала побарувачката на пазрот на труд за оваа дејност, и како што кажав дипломците од ФОН се во предност. Започнувањето на приватен бизнис со оваа струка не е реално возможен затоа што е предвидено да се работи во државен орган или по конкретно МВР, истражителски дел на МП (Министерство за правда), и Судска медицина која да бидеме реални е многу повеќе медицина, па пост дипломските кои на овој факултет се многу значителни одредуваат каде би се вработиле.
     
    На TralalaScorpio му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Татко ми студирал криминалистика и ми кажа дека кога се запишувале на тој факлутет одма им било зачувано работното место. И му викам дека и јас акам да студирам крилималистика и он ми рече дека нема да најдам работа. Многу малку од тие денес што студираат се вработиле :(
     
  15. happy-girl-22

    happy-girl-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    убаво си пишала девојката затоа што до пред укинувањето на академијата од Фрчковски секогаш им се гарантирало работно место од основањето на академијата како прва вакава институција на Балканот...
    но работите се сменија и првата генерација касно сватија дека немаат МВР нема никаква обврска да ги вработи со тоа што им наметна услов дека мора да ги довршат студиите во спротивно плакаат казни ...
    и да скоро цела младина со имаше желба да студира тука зашто во првата генерација 4 дена над 3000 луге спиеа на паркинг за да поднесат докуенти од кој сто 70% посто беа скроз одлични а се бореа за 100 места ...
    иначе немаат фон никаква предност АПСОЛУТНО!!!

    зашто ...
    1 новиот закон што е донесен за вработување во МВР гласи дека...
    ке се примаат кадри до завршен економски, правен или факултет за безбедност ПОЛИЦИСКА АКАДЕМИЈА ова ви стои во заграда и по потреба од други факултети пр- ако треба вешак во компјутерски криминал па да бараме некој од електро или ако работиш малолетничка деликвенција па ке имаат потреба од некој со педагошки на пример и сл...
    но ваквите вработувања би биле исклучиво по потреба
    2 предност имаат оние кој имаат 240 кредити ( 4 години факултет)
    за разлика од тие со 3 години кој ви носат 180 кредити
    3 во дипломата од фон звањето вие дипломиран детектив каде што тоа звање нема никаква допирна точка со полиција и полициски овластувања со тоа што мозеж јазици да имаш завршено на фон да те вработат во МВР во оделение за мегународна сорабтка да преведуваш на пример ( а не дека смерот детективи и безбедност има договор договр има факултетот)
    и да има потписано договор со фон за можност за вработување што би значело дека им се признаваат дипломите од фон и дека ке соработуваат за размена на искуства сретства и сл... како пример користеа фон дел од хилипхортерската единица на МВР за потребите на фон и сли случаи
     
  16. bojan123

    bojan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Јас прашував дали по завршувањето на воена академија државата ќе те вработи?????
    ??? 8)
     
  17. mila.s

    mila.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    36
    Јас студирам на Факултетот за безбедност насока криминалист и супер е, нема никакви потреби од патувања во Битола како што прочитав претходно. :)
     
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Не планирам да студирам на факултетов, си читкав онака..
    Али колку што гледам,
    една вика фон е сега во предност и договор со мвр, друга вели дека нема никаква предност фон,
    дека се патувало до Битола редовно, друга вели нема никакви патувања....
    е ај сеа кај му е крајот, да се испобуни човек :)
     
  19. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Исто како и name и јас цела се испобркав.Прочитав на форумот се што е поврзено за факултетот за безбедност и моментално сум во паника :( Многу разни мислења па човек да не знае на што да верува и да се надева :x Зарем нема некој што студира моментано на овој факултет па да напише точно како е,а не како било пред 30-50 години :D
    Полицајки ај ве молам пишете и отешете ме малку бидејки вака ептен изгубив надеж.Благодарам!
     
  20. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    164
    Пошто имам уште 2 години средно, гимназија сум....и са за на факс сакам нешто Форензика да одам, а слушнав дека имало таков смер на безбедност (ама не сум сигурна дали има :/)....а ти рече дека таму студираш па ме интересира ако знајш да ми кажиш дали смерот навистина го има. За да знам да аплицирам Америка ако нема тука :)