1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кристин Хана (Kristin Hannah)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 13 мај 2022.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Верувам дека скоро сите некогаш сте слушнале за авторкава. Кристин Хана е позната американска авторка, чии дела се наградувани, продавани во милионски тиражи и целиот тој пакет кој оди со авторите на бестселери.

    Од каде ли да почнам. Јас лично имам некојa love-hate врска со нејзините книги. Не ми е најомилена авторка, но умее да напише доста солидни книги и тоа некако ми е доволно за да посегнам по нејзина книга и следен пат.

    На прво место ми е „Славејот.“ Книгава навистина си ја заслужи наградата од Гудридс таа година кога излезе од печат (доби награда за најдобар роман од жанрот историска фикција во 2015).
    За оваа книга веќе со години се најавува и филмската адаптација, меѓутоа се развлекоа работите и ете конечно се очекува со сигурност да излезе на почетокот на 2023.

    Ми се допадна и „Улицата на светулките.“ За неа има серија со Кетрин Хајгл и не беше лоша, онака фина драма во препознатливиот стил на Кристин Хана. Се очекува и втора сезона зашто книгава има и втор дел кој е напишан на барање на фановите, па би ја гледала и неа за да ја комплетирам сликата иако книгата сама по себе не ми беше баш нај.

    „Ленинградска зима“ не ми беше лоша исто така, а некако послаби ми беа „Прекрасната самотија“ и „Четирите ветришта.“ Од последнава навистина очекував повеќе, а имав чувство како да читам две различни книги споени во една.

    Едно скроз непопуларно мислење – истото ми се случи и додека ја читав „Збогум најмила.“ Не успеа да ме воодушеви, иако првата половина беше навистина ветувачка.

    Најголем „проблем“ со книгите на Хана ми е темпото. Како да не е баш координирано – почетоците се со нешто ептен ударно и навистина книгите ко да те повикуваат да продолжиш да ги читаш и тоа чувство ми трае некаде до половина од книгата. Потоа има огромен дел од содржината кој ми е сувопарен, како некој класичен page filler, па има пак некој пресврт и крајот останува прашање на личен вкус. Најчесто е некој скроз холивудски крај и мене тоа ми смета. Како некој шаблон ѝ е ова веќе со години, ама ете и покрај тоа успева да ме привлече да ги следам нејзините новитети и пак да одберам да читам нејзина книга.

    Засега нема најава за нова книга, но знам дека кога и да објави нешто за следна книга, нема да одолеам и веднаш ќе ја ставам на листата за читање.


    Па, ајде да си зборуваме за книгите на Кристин Хана.

    За почеток, имате ли читано нешто од авторкава? Ви се допаѓаат ли книгите на Кристин Хана? Која книга ви оставила најголем впечаток и зошто?

    Споделете некои ваши импресии – новитети кои се очекуваат, нови адаптации за серии и филмови, нашите изданија кои издавачите будно ги следат, дизајн на корици (нејзините книги секогаш имаат едни од најпрекрасните корици:inlove: ) и сè што ќе ви падне на ум поврзано со неа.
     
    На CareTee, RainBow и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Збогум најмила најмногу ми се допадна и ми задржа впечаток од неа од се прочитано до сега. Додуша и прва книга што ја читав од неа беше таа, па може и затоа, уште не и го знаев стилот. Почетокот на книгата беше одличен, толку ме интересираше крајот што останав цела ноќ до 5 сабајле за да ја дочитам. Ја имам препорачувано и по другарки и сите што ја прочитале рекоа дека исто им се свиѓала и била убава книга.

    Некако сличен стил и се сите книги и веќе предвидливо досадни ми станаа, па неколку месеци немам читано ништо од неа веќе.
    Некои книги ми беа океј, некои досадни. Не ми се допаѓаат вообичаено последните 30-50 страни од нејзините книги. Како безврска напишани или веќе без инспирација како да била па за побрзо да заврши со книгата и се, а почетоците се добри и држат внимание.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Прва книга која ја прочитав од неа беше Збогум најмила. Мене ми е ок стилот на пишување онака народски како да гледам филм некој или поточно серија, ме релаксира читањето и ми се допаѓа што обработува содржини од секојдневниот живот. Улицата на светулките толку многу ми се допадна како го има опишано животот на една жена која одбира кариера и една која одбира семејство и седење дома. На последните страни буквално леев солзи. Славејот исто прекрасна, Ленинградска зима и таа, последниве и ги немам читано.

    @Mishela кај може да се гледа серијата
     
    Последна измена од модератор: 15 мај 2022
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Ја има на Нетфликс, нивна е. Барај ја како Firefly Lane.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    11.333
    Пол:
    Женски
    Прва книга прочитана од Кристин Хана ми е Славејот.
    П р е к р а с н а.
    Премногу ми се допадна што посакав сите да ги прочитам. Со Збогум најмила немав толку добро искуство. Не дека беше лоша, баш напротив, емотивна со убава приказна, ама сепак нешто ми фалеше.
    На Ленинградска зима не се сеќавам најдобро, ама знам дека ми беше океј додека ја читав.
    На полица ме чека Прекрасната самотија. Не очекувам ништо посебно баш затоа што имам измешани искуства со нејзините книги. Сепак како што кажа @Mishela често посегнувам по нејзините книги, иако не ми е многу омилена.

    Не знаев дека се спрема филмска верзија за Славејот, нема да можам да дочекам сега. :inlove:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам Кристин, Славејот и Ленинградска зима ми се нај најомилени книги
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Даа, Ел и Дакота Фенинг ќе ги глумат сестрите Изабел и Виен. :l: Навистина со нетрпение го чекам филмов, се надевам ќе вреди чекањево на крај. :D
     
    На RainBow, supergirlmb и Ambitious им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    И мене веќе нејзините книги ми се здосадија некако, ја следат истата шема, првата половина развлечена, втората многу подинамична, па сепак на крајот се подобрува впчатокот за книгата.
    The Nightingale беше баш таква, ама втората половина и тоа како надокнади за првата. Ќе го гледам и филмот секако.
    The Great Alone не ми се допадна, некако целата ми беше развлечена и малку досадна, иако имаше толку добра тема, ама ете.
    The Four Winds ми беше подобра од The great alone, ама не толку добра како The Nightingale. Беше многу депресивна, ама тогаш некако ми легна на расположението.

    Од постарите книги не би читала нешто, ќе чекам да излезе нова книга и секако пак ќе и дадам шанса.
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Старите книги се премногу лоши, како викенд-романи. Клише до клише. Имам читано една или две од оние што ѝ се издадени таму околу 2000-та. Шпански серии. :worried:
    The great alone на исто ниво како нив ми беше. Темата навистина добра (во тој период и уникатна, немав читано ништо за Алјаска дотогаш) ама штета што се фатила за моментот шпанска серија. Пропадна во вода целиот концепт за жал поради тие неколку моменти.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.935
    Пол:
    Женски
    Славејот дефинитивно на прво место, мислам дека оваа и е полн погодок. По неа Ленинградска зима, па Збогум најмила и Кога сакаш некого. Од тие шо имам прочитано вака ги подредив. Поновиве ми стојат на чекање, некако не ми е периодов за Хана, делам мислење дека ко во некој шаблон и се сите, на моменти досадни, извлечени, особено за Прекрасна самотија имам прочитано негативни критики во смисла дека била досадна. Но сепак секој различно ја доживува Хана па така ќе и дадам шанса за да оформам свое мислење кога ќе ги прочитам. И да, прекрасни корици, впечатливи и привлечни. :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Барав нешто за читање од Хана, нешто што не сум прочитала досега и видов дека ќе има нова книга. Баш се израдував. ^_^

    Во февруари ќе излезе, 2024-та.

    https://www.goodreads.com/book/show/146515957-the-women

    51Cy1UkafZL.jpg
     
    На simoncelicius и supergirlmb им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Машала, уште неизлезена книгава и веќе откупиле права за филм. Бар да е добра книгата, ако не друго. Доста поделени мислења има од тие што докопале arc.

    FB_IMG_1705535463618.jpg
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.