Барав тема за Крис Картер и, зарем нема?! Па толку читан и фален автор, ме изненади што нема дискусија за неговите дела. Ме интересираше, дали неговите книги се поврзани, дали треба да се читаат по редослед или нема врска. Бидејќи немам ништо од него читано, па имам намера да видам каков автор е. Читам позитивни коментари па мислам нема да се разочарам. Нешто повеќе нека напишат тие што го читале. Видов само дека досега има напишано 10 книги но не и дали се серијал.
Серијал му се сите книги всушност, за еден ист детектив - Роберт Хантер. 12 книги има и една мини новела. Мислам дека ќе има уште книги. Најавуваше нова, само немам поим кога ќе излезе. Секоја книга е нов случај кој е засебен и неповрзан со останатите книги, но ликот на Хантер прогресира, следиме и како му се менува животот и некако најдобро е да се читаат хронолошки. Затоа ме нервираат предолги крими-серијали, не можам толку долго да читам за еден ист лик. Многу ми здосадува. Крис Картер ми е супер кога сум во расположение за читање на таков тип на трилер. Ама прочитав неколку и се заситив, што знам. Има една мала новела за првиот случај на Хантер, Ловец мислам беше името. Од таму почнува сè. Но според мене, слободно можеш да започнеш со Убиецот на распетието, па види како ќе ти оди. Мене таа ми беше просечна книга, следните се нешто подобри. Како и да е, сакам трилери, ама ова не е нешто што би можела да го читам последователно зашто многу брзо се заситувам од такви книги. Ако ги сакаш Лиса Гарднер, Тес Геритсен, би требало да ти се допаднат и книгите на Крис Картер.
Јас па си го обожавам. Секоја негова книга знае да ме однесе надвор од реалноста, добри сплетки на настани, мозгање и секако Роберт Хантер Незнам колку е валидно ама читав дека и самиот Крис работел како профилер и сега дел од работите кои ги видел ги пренесува во книгите, се пензионира порано заради прерана смрт на партнерката.
Од кога сакам нешто да прочитам, ама не знам, си мислам дека нема да ми се допадне и имам некаква аверзија. Ми стои дека е во ист калап со Фрида Мекфаден и таквите популарни трилер автори, а всушност приказните им се многу провидни. И да, не ми се допаѓаат исто долги серијали со еден лик. Може некоја книга што не е дел од серијал да прочитам, да видам да не пропуштам нешто.
Првата книга која ја прочитав од Крис Картер беше Јас сум смрт. Такво живописно опишување на настаните едноставно ме оставија без здив. Малку е брутален и не може секој да го чита. Сега еве разбрав дека хронолошки подобро па кој знае како одат по ред нека пише.
Не сум многу по трилерите, ама ептен голема фама се крена околу неговите книги и едноставно морав сама да се уверам дали навистина вредат. Ги прочитав првите 2 книги во серијалот и ми се допаднаа, ми се допадна како сликовито и детално е опишана секоја сцена, и се што е напишано држи место. Главните ликови Хантер и Гарсија му се супер обработени кога ги читав книгите не ни ги чувствував како фикциски личности туку како особи што лично ги познавам Ќе продолжам да го читам серијалот. @tanjita читај ги како што се на гудридс, тој е редоследот https://www.goodreads.com/series/67232-robert-hunter
Крис Картер е одличен избор кога си расположен за полесен трилер. Да, знам дека звучи чудно што пишувам полесен трилер а убиствата што се опишани се прилично грозоморни ама генерално книгите му се динамични, интересни и без многу „филозофирања“. Забавен е за читање, приказните не се комплицирани, дури на места има и хумор. До сега ми се прочитани само првите три книги од серијалот. Сите три се со сериски убиец и е опишана трката со времето да го фатат пред да ја убие следната жртва. Главниот лик, детективот од единицата на насилни убиства (или криминал, или како и да беше) Роберт Хантер мнооооогу ме потсеќа на мојата „книжевна“ симпатија, Хари Хуле, само што место норвешките снегови тука имаме палми и ноќни клубови. Инаку, јас многу си сакам серијали каде низ повеќе книги следам исти ликови, што се вика од вработување до пензија и секогаш која ќе почнам да читам нова приказна со „стар“ лик, се осеќам како да сум се сретнала со близок пријател и заедно одиме во авантура Крис Картер имав можност да го видам во живо минатата година, на саемот на книги што се одржа во Борис Трајковски. Имаше огромен ред на фанови кои сакаа да се сликаат со него а бев на работа втора смена и не можев да чекам, инаку и јас ќе си фатев место во редот. Ми остави многу кул впечаток- со тетоважи, долга црна коса, сребрени алки, облечен во рок фазон, со маичка со лого на бенд, во позадина од звучници рока метал музика и од тоа што можев да забележам, човекот имаше многу убав и непосреден оснос со фановите. Така да, @Bitter-Sweet и @RainBow навистина нема да згрешите ако му дадете шанса.
Крис Картер ми беше минатата година на репертоар за читање, сите досега издадени книги му ги прочитав, ја чекам и новата, The death watcher. Ми се допаѓа што приказните и ликовите се солидно разработени, без многу должење и ситничарење, кратки реченици, кратки поглавја, солиден стил на пишување. Самиот има завршено психологија со фокус на криминална патологија, работел и како профајлер. Мислам дека тоа доста му помага во разработувањето на ликовите. Омилени книги ми се An evil mind и Hunting evil, поврзани се, иако не се по ред во серијалот. Лани ми остави впечаток на народен човек, комуникативен и отворен за разговор со обожавателите во секое време. Не можам да го споредам со други автори на слична проблематика, ама мислам дека доста се истакнува со стилот на пишување. Топла препорака од мене за сите кои сакаат крими мистерии. Не ми пречи што му се книгите во серијал, за разлика од други автори чии серијали ги оставам после две до три прочитани книги.
Патем, мене Крис Картер воопшто не ми е сличен со такви некои автори ко Фрида Мекфаден и остало, прославени од нејасни за мене причини. Далеку посолидни книги од тие се неговите. Картер е ко некоја машка верзија на Анџела Марсонс, ако ги имате читано нејзините книги за D.I. Kim Stones. Уште еден бескраен серијал кој трае и трае и трае... Ама е прилично добар серијал, па вреди да се читне некоја книга и од него. Со неа веќе би можел да се спореди, зашто покрај тоа што се во потполно ист жанр, двајцата имаат книги допадливи за поширока маса читатели, но си држат до некое ниво и далеку се од такви карикатурни романчиња. Стварно има разлика од тоа до Џенива Роуз, Фрида и такви некои автори.
Таа е новелата, прва е хронолошки, но не е главна книга. Повеќе како додаток, филер приказна. Мислам дека Сакам Книги и неа ја имаат преведено. Многу кратка приказна е за тоа како Роберт Хантер го добил неговиот прв случај.
Почнав со Ловецот. Уствари отидов во библиотека и ја побарав Убиецот со распетието, не знам како се случи да дојде до грешка да ја добијам Ловецот, но добро што испадна така. Мислам дека најдобро е да се почне со оваа книга. Убав вовед е во серијалот, да знае читателот што да очекува. Значи, навистина креативен автор. И брутален, да. И одлични описи на места, настани, ликови. Оправдани и на место биле сите позитивни коментари, се уверив. Дури и тежок е за читање, не е за секој. Еве, на пример, иако ми се допадна книгава, се запрашав дали да продолжам со читање воопшто. Секако дека ќе продолжам или, подобро кажано, ќе почнам со првата книга, но многу е веројатно дека некаде ќе запрам и можеби нема да го дочитам целиот серијал. Ќе видиме, важно дадов шанса и навистина е одличен.
Овие се мои мислења од тема "Саем на книга" ама ќе си ги префрлам тука затоа што секако се конкретно за него. Мал апдејт да направам од тогаш, бев во City Mall, ден од како беше на саем и таму имаше интервју, со големи патешествија ама сепак присуствував и само можам да кажам дека човеков е дефиниција за неверојатност. Во врска со серијалот, тогаш сум била до 4та, сега веќе ја прочитав и шестата ама дефинитивно правам мала пауза пред пак да продолжам со него. Убедливо најдобра беше шестава ама убаво пиша членката погоре, баш е тешка за читање. Мене засекогаш Крис Картер ќе ми биде омилен автор и сум преблагодарна на дечко ми, првите книги од серијалот ми беа подарок од него и така се навлеков