1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Круната (The Crown)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Elissa, 7 декември 2016.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    The Crown
    Биографска серија за почетокот на владеењето на кралицата Елизабета втора во Обединетото кралство.
    Серијата го следи животот на кралицата од нејзиното венчавање во 1947 година па се до денешен ден. Се очекува да се снимаат 60 епизоди во шест сезони. Серијата до сега има добиено многу позитивни критики.
    [​IMG]
    Јас ги изгледав првите 8 епизоди па сега чекам уште две за излезат и да ја завршам првата сезона. Многу интересна приказна има серијата. Баш она што не интересира за оваа кралица, за нејзиното однесување, дали одсекогаш била толку строга, авторитетна или не.
     
    На sia.bella, Feminka22, tace73 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    @toogood што мислиш кога ќе излезе втората сезона.
    Јас мислам дека пред да ја пуштат серијата мора да биде одобрена од семејството, а некаде прочитав дека втората сезона е одобрена најверојатно за снимање ама не знам кога би ја гледале ние.
    Инаку овде Елизабета ми е преставена како многу фина, добра и дека нејзиниот карактер малку по малку се менува поради наметнатите околности а не оти таа сака така. Само сепак ете чудно ми е нејзе ја замислувавме како многу ладна и сериозна особа. А и ме занима за сестраи со кој ќе се омажи таа.

    и ако не си го гледала гледај го
    A Royal night out - многу е интересен баш за Елизабета и нејзината сестра.
    [​IMG]
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Колешката ја гледала и многу и се допаѓа. Се спремам и јас некој ден...
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.008
    Ја почнав и јас еве веќе две епизоди изгледав и предобра е серијата. Посебно ми се допаѓаат актерите, секој својата улога ја глумат перфектно :clap:
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Прочитав оти втора сезона дури во ноември 2017 ќе ја гледаме.. (facepalm)
    а колку се идентични ликовите
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна првата сезона, ќе ја гледам и втората. Иако морам да кажам дека ми е некако стерилна серијава, и фали малку умф. Нешто да ја крене на друго ниво.
    Актерската екипа одлична, Џон Литгоу како Винстон беше полн погодок.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Исто и јас мислам,серијата ја сакам но нема нешто што ќе те држи во неизвесност до другата епизода или да си возбуден за следната сцена. Добро е што сите не интересира животот на кралицата па тоа не одржува да ја гледаме.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Излезена е новата сезона.
    Првата епизода не е лоша, си продолжува со исто темпо како и претходната сезона.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Од кога ја чекам, денеска стартувам таман има неколку епизоди.
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав втората сезона.
    Серијата нема некои акции заплети и не знам што, ама мене ми се допадна. Начинот на живот на кралицата, како се гради нејзиниот карактер, став, сигурноста во себе, каква е навистина нејзината душа, начинот на живот на нејзината сестра. Е помалку внимание имаат обрнато на децата, освен раѓањата Чарлс еднаш го имаше, не даваат сцени дека таа се дружи со децата тоа некако ми е чудно.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Излезена е третата сезона со новиот кастинг. И некако... Не можам. Све ми е утнато, ко друга серија, никој со никој не личи. Ужасен избор. Бавното темпо си е исто, мислам дека нема да ја догледам сезонава,
     
    На sia.bella и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Сменети се глумците во оваа сезона, а има ли некаде од новите епизоди.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ги има на торент сите за симнување.
    Јас од овде цела сезона ја симнав. http://rarbgproxy.org/torrent/eqxoj2g
    Само не ми е изгледана. Знам дека се сменети, демек остарени, ама никој со никој не ми одговара, Маргарет особено. Требало подобри избори да направат.
     
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Изгледав неколку епизоди мене ми е ок. Серијата е без акција но сепак занимлива. Фаците во првата сезона беа подобри ама сега ќе се помириме со фактот дека остареле па се смениле :?:
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Тек сега ја гледам серијава, до средина на втора сезона сум.
    Ми се допаѓа серијата. Но уште повеќе ми се усталичува мислењето за непотребноста на кралското семејство. Преценети, препредени неинтелектуалци кои се само марионети на политички системи, без никакво особено влијание за зачувување на својата лична удобност.
    Кралицата не ми е ни приближно симпатична. Безкарактерна и насочена кон приватните глупости, повеќе енергија дава за приватните прашања и угледот, отколку за добробитот на народот.
     
    На TrinityNeo, sia.bella и RainBow им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Јас ја изгледав 4тата сезона, последната излезена. Подобра е од претходните зашто опфаќа поинтересни настани. Инаку, се согласувам со тебе, се гледа колку всушност нема никаква потреба од нив. Само да си молчат и да тераат. И зошто? Па колку им се смешни тие протоколи, јор хајнес, клекнување, станување, дрн, дрн, циркузи живи. Човек би помислил дека со текот на времето би исчезнале тие работи, ама не, сега па се медиумска сензција само.
     
    На sia.bella и Lilit им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Како ја гледам, се повеќе се револтирам.
    Колку се прости и необразувани...
    Ме фаќа досада на средина на трета сезона. До мајка му на Филип сум. Се надевам ќе почне да станува подинамично или дека ќе станат вредни за позицијата на која се.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Најдосадна е третата, се мислев да ја прекинам, ама ја изгледав. Четвртата е подобра само, ама не очекувај дека одеднаш ќе бидат главни во кралството. Што е иронично, нели. :D
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам серијата од неодамна, ми останала така неоткриена, а сега се крена повеќе фама со четвртата сезона со Дајана, па ми фати за око.

    Средина на трета сезона сум и јас, и мене ми дојде некако нагло менувањето на кастингот, но се навикнав со самото гледање. Бавно се одвиваат работите, но и тоа ми е океј, после секоја епизода си гуглам и читам за настаните, дури и другарка ми ја убедив да ја гледа па заедно да го "оговараме" кралското семејство, а еве и тука имало тема за тоа. :D
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Јас почнав лани да ја гледам серијава, прва и втора сезона ми беа интересни, третата ме утепа во поим. Мислам дека ја гледав повеќе од пола година, ме уништи од досадлук. А јас ко слепа за стап, не знам зошто не ја скокнав едноставно, но ајде.

    Новата како е дечки? Мислам дека кај мене ќе почека уште некој месец зашто доволно ми беше од ројалсите за оваа година.