Крцкање на вилицата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од NovusOrdoSeclorum, 20 септември 2011.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Овој проблем ми се појавува веќе подолго време и незнам како да го санирам. Имам чувство дека вилицата ми е разглобена, кога јадам ми крцка и пука од страните. Немам некоја особена болка, но сепак чувството е непријатно. Се консултирав со личности на кои им се случувало истото, но никој незнае од што точно е тоа. На повеќето тоа им поминало, но мене ми трае долго време. Имал ли некој ваков проблем, или пак знае како да си ја -заштравам- вилицата? :rofl:
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.888
    Изгледа лошо си спиела и ти се `изместила`. Јас го имав тој проблем во втора средно, самото го снема, ваљда сама се наместила :?: Сега ми се случува некогаш ама само насабајле, откако ќе станам додека да се прилагодам, и тоа ако сум спиела со стегната вилица, отпосле ме боли.
    Може и да е нешто друго, јас не се разбирам, ама ете, претпоставка од што би можело да биде.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.760
    Допаѓања:
    133.742
    Пол:
    Женски
    Постои можност да имаш сублуксација на зглобот, поточно имаш плитка зглобна јамичка, па главичката од долната вилица буквално си шетка во зглобот и тоа го чувствуваш како крцкање и пукање, особено при џвакање. Може да ти е наследено од родителите (секако, ако ова ти се случува цел живот). Ако ти се случува во последно време, најверојатно изместена ти е вилицата од силно отворање на устата при јадење, проѕевање и слично. Главичката не се зглобува правилно со јамата и може да се намести, или кај стоматолог или кај оториноларинголог.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.756
    Овој проблем најчесто се јавува исклучиво поради стрес. Крчкање, чкрипење на забите, размрдување ва вилицата...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.760
    Допаѓања:
    133.742
    Пол:
    Женски

    Шкрипење на забите е друго, крцкање на вилицата поради проблеми со зглобот е друго. Иако понекогаш првото може да доведе до второто :)
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.098
    Може сум офтопик, ама Ана морам да те прашам, а стегањето на вилицата на што се должи? Како долниот дел од лицето со вилицата цел укочен да ми е, и стегнат, и тоа трае повеќе време, опушта и пак фаќа... Па долната вилица ќе фати да ме стега, па ќе опушти, па горната, аман.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.760
    Допаѓања:
    133.742
    Пол:
    Женски
    Премногу нервози, стресови и притисоци. Друга причина обично нема, а тоа стегање обично е несвесно, ноќе се јавува, во спиењето, исто како и шкрипењето со забите. Од таквото несвесно шкрипење со забите во сонот, може да се јави укоченост и болка во џвакалните мускули, па да ти се чини дека цела вилица ти е укочена. Има посебни штитници за забите кои го спречуваат шкрипењето и со тоа и болката. Се изработуваат по мера, еве слични вакви
    [​IMG]
     
    На Extraordinary.girl и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  8. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    69
    па еве и јас да се вклучам , мене не ме боли вилицата ама на моменти иако ретко се случува да ми крцне/пукне и јас не знам од што е , но не мислам дека е од нервоза туку можеби, состав на сврзни ткива или лошо спиење настрана, вечерта си сиела со подотворена уста или слично?
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Сега ја прочитав темата јас овој проблем го имам со години.На секое прозевање,широко отварање на устата ми пука вилицата и тоа многу гласно.Многу луѓе кога ке ме слушнат се чудат.Се трудам тоа да не е приметливо.Бев и на заболекар ме зрачеа се ламба ама немаше ефект и ми рекоа мастики да не жвакам,јабука да не гризам и сл.Не паметам гога тоа ми се појави а и незнам од што може тоа да ми е.Искрено да ви кажам се навикнав и во последно време не ми смета.
     
  10. LadyKx

    LadyKx Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Ako od sekogas ti krckala vilicata,togas ti e nasledno i taka ke ostane.mene od sekogas mi krcka vilicata,a isto i na tatko mi.nekogas se slusa poveke koga jadam,nekogas ne.no ako e nesto novo sto do sega se nema pojaveno,togas odi na doktor.xxx

    [mod-kirilica:34oz1105][/mod-kirilica:34oz1105]
     
  11. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    И мене истово ми се случува веќе 3-4 години, но не секогаш, и кога се прозевам како да ми закочува вилицата. Стварно е незгодно и после тоа неколку минути ме боли. Aко знаете некое чаре пишете. Поздрав
     
  12. yellowflower

    yellowflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    И мене ми крцка вилицата,бев на стоматолог и ми рекоа дека треба да носам протези зошто ми била изместена вилицата :?: Тоа од што сум џвакала постојано на една страна..Важно има начин да се поправи ;)
     
  13. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Jas kako tinejdzerka vo sredna go imav ovoj problem koga jadam,no mi se popravi so konsumiranje na kalcium,potoa nemav krckanje nekolku godini,pa sega voposledno vreme pakmi se pojavi,no mnogu poslabo po intenzitet,delumno i poradi toa sto sum dzvakala postojano na edna strana koga imav bolen zab!Taka sto,jas mislam deka i nedostatokot na kalcium i magnezium moze znacitelno da pridonese za ovoj problem!

    [mod-kirilica:3qpu387k][/mod-kirilica:3qpu387k]
     
    На viktorija.manevaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Кога го пишав топиков ми крцкаше помалку и си реков дека ќе ми помине со тек на времето, ама наместо тоа ми се засили! Сега дури и кога се распејувам неможам устата да ја отворам како што треба зашто ме боли и ми крцка. Ќе морам на лекар подитно да идам и истото им го препорачувам на сите кои го имаат проблемов! Само од себе нема да ви помине!!! :|
     
  15. slada

    slada Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    мојата керка го имасе овој проблем. Вилицата и крцкасе, кога ке се прозевасе мозесе и малку да и се укоци. Проблемот бесе до забите ( осмиците ). Не и растеле нормално, а дури еден и растел надпле. И правеа операција на забите и сега се е во ред.
     
  16. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    И мене ми крцка вилицата ... немам болка ама многу ми е непријатно ... ;( ќе одам на лекар па ќе видиме што ќе кажи
     
  17. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    419
    Annath дали имаш информација каде се изработуваат вакви гумени протези?

    Исто и јас имам проблем со чкрипењето, пребарував, читав, гледав што не за брукцизмот ама никако да си најдам лек. :?:
     
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    И мене ми крцка и ми се кочи, бев на максило и проблемот ми кажаа дека ми бил до осмиците дека ми растеле на криво. Ја извадив едната, другата треба кај и да е да ја вадам. Сеуште го имам проблемот, па ќе видиме како ќе биде откако ќе го извадам и другиот заб.
     
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    А што ќе кажете ако вилицата ти сам ја пукаш. Исто како неко прстите шо си ги пукаат на рацете, така ти иде и за вилицата да си ја пукнеш. Има решение за ова?
    Не знам поинаку да ви објаснам, се наевам ме разбравте.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Јас имам брукцизам, пред отприлика 7-8 месеци ми земаа мерки и ми дадоа гумени заштитници.
    Лек за тоа нема :worried:
    Најчесто се јавува поради стрес, што во мојов случај е главниот виновник.
    Се препорачува поголема физичка активност заради ослободување на негативната енергија.

    Инаку јас на стоматолог одам на Клиника, така што таму ми ги дадоа овие заштитници.
    Чинеа околу 100 евра.