Неколку дена гледав и не најдов ваква тема, а гледам има теми за повеќето градови. Епа редно е и за Куманово, да продискутираме малце за градот, луѓето, животот во Куманово, историјата, случувањата, новостите... Јас сум кумановка по татко, велешанка по мајка. Имам многу роднини во Куманово и јас си го сакам Куманово како мој роден град. Си ги сакам и луѓето, многу ми се позитивни (барем оние што ги познавам), весели, шегаџии. Па Куманово е и познат како град на шегата, секако по батко Ѓорѓија. Познат е и по четирите бандери. Куде тумбе с'с четири бандере ( иако многу викаат куде тумбе с'с три бандере, правилно си е с'с четири бандере). Мислам дека и главно овележје на Куманово се овие бандери. Па кумановци и кумановке (и сите други) , повелете да продискутираме за Куманово.
Кумановке бре куде сте, зар туј нема кумановки? Дај кажете, пофалете си га Куманово Еве една песна за Батко Ѓорѓија, кумановски симбол. Песна за Батка Ед`н е бија Батко Ѓорѓија, ед`н е бија кумановски мераклија, Туј много невесте е водија, туј много ракију е испија. Нек дојде свак мераклија, нека каже какву ракију е пија. Од Батка аманет е останаја, мерак цену никад не е имаја. Свак сака Ед`н пут да пројде, Л`но после Од куде Тумбу ќе дојде.
Не сум била во Куманово, но сакам некогаш да појдам. Луѓето од таму ми се многу интересни, а посебно дијалектот ми е интересен и уживам да го слушам.
Ти кажува виц кумановец, вицот не е ништо посебно, ама од акценотот неможеш да не се помочаш од смеење Секој виц на кумановски ми е смешен И луѓето се топ, барем тие што ги познавам се позитивни и секогаш насмеани. Имам другарка која во 3то се пресели од Куманово во Скопје, до ден денес ми е еден од нaј интересните луѓе, татко и е глумец и секогаш не засмејуваше со некои скечеви. Етен ведар човек и позитивен. Сега бев во Куманово, т.е во викендица во едно кумановски село, но на враќање наминавме во Куманово на кафе. Симпатечен град, но урата на луѓето и нивната ведрина го прави градот посебен. Колку се смеев на зборчето пое кога прв пат го чув, особено кога го кажува кумановец Дечко ми има потекло од баба му од Куманово и стално ја имитира кога збори, оригнал Кумановец Само се зачудив од едно нешто, многу се во Куманово двојазично, болници, маркети, За жал работите се промениле од порано.
Зошто нас кумановке не викав уличарке ? Па куде да идемо ,по ќерамиде .. Ако ти га друму една све китке ќе ги збереш .. хахха Ваљда е правилно .. Од страна на мајка ми сум дел кумановка т.е баба ми е од куманово ..Цепки народ се ..
еден виц на ку-ски Дечко: - Девојче татко ти терориста ли е? Девојка: - Аа знам гу ја финту, па да кажеш дека сам права бомба *_* Дечко: - Не, него ружна си како талибан!
Ај некој збор и од идната кумановка Прв пат отидов во градов кога ханито ме викна на гости кај него И првиот впечаток ми беше јас овде не стапнувам повеќе навистина се разочарав многу од автобуската станица, прегрда е , страшна дури, затоа веќе не се симнувам таму Градот како град многу мал ми е, центарот ќе го поминеш за помалце од 10 минути, али онака плоштадот е интересен, кејот исто така е убаво направен. Недостаток е тоа што има многу малце местенца за седење, се исти луѓе се вртат, се исти фаци гледаш Многу малце се инвестира во градот, ништо не се прави, оној градоначалникот не го бива за ништо, ми кажуваше дечко ми дека улицата кај нив му требало години да ја направи Сега во последно време се градат многу згради, на секој чекор никнуваат нови згради, али сепак во градот некако не се вложува Што е тука е, ќе морам да се навикнувам на него
Има кумановке,има,како нема Ја сам од Куманово и много си га сакам град! Куманово Куманово во срцетооо А управосте дека треба повише да се инвестира,нема много место за искачање за млади,неколко кафиќа и толко.И све едни исти људи гледаш,уфилмани деца,авганистанци,девојке што мислив дека су глумице од Холивуд и сл.ама има и нормални људи-како на пример ЈА И кој не е дошја обавезно да дојде,па и ми имамо споменици за сликање не само у Скопје
Автобуска да е крш - крш е, али колко што ја знам у скоро време ќе се реновира. А друго не знам што ви фали, кеј какв беше, а какв е сга да не зборимо. Треќа македонска се среди, базен се прави, плоштад си е ок.. мене ме само нервира што нема више Стрит Фест, иначе друго ми е по кеф.
Сум била само еднаш, на стрит фестивалот и нормално дека многу убаво си поминав Куманово како Куманово, по градби, згради, улици, како секое Македонско гратче. Ама народот...ееее народот Кумановци ми се многу супер, смешки, насмеани, специфични, единствени. Заради нив Куманово ми е посебен град, многу ми се мили Кумановци
Какви спомени имам од Куманово... Мене ми е убав градот, можеби затоа што имам многу драги луѓе таму. Мислев дека Куманово има само едни семафори, ама види мајката десетици има . Јас го доживувам како доста лавиринтест град, а кога на тоа ќе додадеме дека и не се снаоѓам баш во простор, мене ми треба придружник. Цените, ах цените... Половина од Скопје. Излегувам во Куманово и сосема ми се доволни 500 денари. Пример, чевлите на Биана се минимум 500 денари поефтини. Пиеш кафица за 50 денари. Такси не мораш да земаш, а ако сакаш и тоа е 50 денари. Го сакам Куманово. Луѓето се специфични таму, интересни (тие што не се во Афганистан). Мажи некогаш ретко да видиш, нели на печалба се сите, а жените на истите се така дотерани, госпоЏи, носот им е кренат повеќе од ѕвездите, седат на кафе со децата, ама не се заинтересирани за нив, поважен е денешниот маникир. Таквите, пу пу, не ги сакам.
Отишја кумановац куде комшију, и овј културно човек га прашаја: -Комшо, што ќе се напиеш? -Па може едну ракију пред пиво, док да биде кафе
Има и други од Куманово, како не нема, сигурно не су гу виделе тему па затој не пишуев. Иначе тој што кажуете за авганистанци е тачно, што е сурова реалност овде куде нас ама снајди се па живи, само што криво ми е што од како ќе отидев тамо забравив да се понашав како људи па изигравав еве што сам. Град како град ок е, порано беше катастрофа, а сга е среден много повише, а може још много да се инвестира за подобри места за шетање ама тој е што е..Поздрав од едну нормалну кумановку..
Ауууу, тема за мојот омилен град, а јас не сум ја видела!!! Го сакам Куманово не само заради градот како град, туку и луѓето во него, и околината. И не можам да ги делам, можам да ги доживувам само заедно. Во Куманово ја има најубавата Цезар салата што сум ја пробала во животов - во Нама. Омиленото место за кафе ми е Агора, лабаво место со добра музика, баш по мој вкус. Не смеам де ги прескокнам и најубавите колачи во Зафир. Не можам да ги разберам кумановци како можат да одат во Зафир, и само да пијат кафе, а да ги прескокнат слатките... Во Куманово има карирана зграда! И тоа не било какво каре, ни мање-ни више - Барбери! Во Куманово има и споменик на Батко Ѓорѓија на плоштад! Така се изразува поштовање на боемштината! Плоштадот баш ми е симпатичен, не знам ни сама зошто. Во Куманово има и зонско паркирање, и не можам да разберам зошто цел центар мора да е во А зона, и да не можа човек да се испаркира повеќе од 2 саати, освен на паркингот до Гарнизон. Во Куманово има многу среден кеј, а јас присуствував на почетоците на неговото уредување. Цела Октромвриска Револуција многу ја сакам, многу убаво изгледа, долга, широка и чиста, со Туш покрај неа. Зрачи од среденост во споредба со хаосот во другите делови, особено кај автобуска, и нема сто семафори како на Трета Македонска. Куманово ја има Баба Цана! А Баба Цана има мнооогу добра храна. Многу ми е симпатично кафанчето, и ми прави мерак што има добра традиционална храна, и секогаш е тазе. Визијана е многу убаво место, особено надвор, мојата омилена дестинација надвор од Скопје. Ми се допаѓа што ја нема пренатрупаноста што ја има во другите кафани од тој тип, на пример Етно-село. Ама го сакам етно-село иако не ми се допаѓа, ме врзуваат спомени, што се може! Кога веќе почнав со кафани и кафиќи, и касапски круг е многу симпатично местенце, има некаков шарм во себе. Куманово го имаШЕ Стритс Фест, а веќе две години го нема. Голема штета за градот е тоа - многу убав настан, а сигурна сум дека градот може да си го дозволи. Само некој таму треба да размисли. Во Куманово ги има Биана, Форментини, и кондури по нарачка во Биба шуз! И се ова е џабе, без незаменливиот дух на Кумановци. Секогаш расположени, ништо не може да ги скрши. Респекат!
Во Куманово сум била неколку пати, се кај тренерот. И од тоа на поминување што е не ми оставил некој голем впечаток. Ама затоа кога ќе го чујам тренерот да збори кумановски....еее богами иде дунав од солзиве мои