Феминки барав ваква тема, но не најдов.. ако случајно не сум видела може да ја избришете Мислам дека би било добро да имаме и тука Купи/Продај за парчиња облека, обувки, козметика итн. пр. што ни се на подарок, што само ни зафаќаат простор дома сега можете да се ослободите од нив. Со постирање на ваши фотографии од производите, членовите што ќе се заинтересираат за твоите артикли ќе може да те контактираат за купување на она што го нудиш. Мојата понуда е зимско палто кое го добив на подарок и ми е големо иначе ново е бројчето е L, а внатре е целосно полнето. Бојата под светло е кафеаво со црно, а надвор маслинесто со црно. Цена во ЛП.
Блуза/Дуксер со интересна апликација Be Fancy сроз нова со Етикета бројче М И едни интересни,специфични обетки и обетките се скроз нови со декларација
Здраво феминки, почнав да правам плетени турбани, доколку некоја е заинтересирана може да ми пише во лп.
Женски ПРОДАВАМ вакви за зголемување на усните. Јас ги користам и сум задоволна, прво ги ставам додека се шминкам да ми се зголемат усните, па ќе се дошминкам и пак уште 1-2 мин. и ми трае цело излегување скоро. Се мијат со сапун и вода после секое користење. Цена 600 мкд. Не е фиксна, може да се договориме, пишете ако сте заинтересирани. (Од Швајцарија ми се донесени од тетка )
Има ваков сајт, се вика Мојагардероба, таму си постираш слики и описи на артиклите што сакаш да ги продадеш, ставаш цена во зависност од состојбата (дали е скроз ново неносено, дали има оштетување и сл.) и после кога ќе ти пише некоја што сака да го купи си се договарате лично да се сретнете и тоа е тоа
Девојки можеби негде на интернет ја имате видено албум коцката,јас изработувам таква коцка исто така и други декоративни шишиња,сталажичка за лакови,за ставање шминки и пенкала.Можете да погледнете на страната на фејсбук: magic photo cube
каде би можела да нарачам од нет некоја белегзија со изгравирани иницијали на неа? Ако некој знае ве молам пишете
Пиши на Фејсбук Изработка на сребрен накит / Izrabotka na srebren nakit. Братучедка ми има порачано две ланчиња и многу е задоволна, досега не се поцрнети, а сигурно ги има околу една година. Околу 1200 денари е едно ланче. Гледам особено објавуваат ланчиња, но веројатно и белегзии изработуваат.