Купохоличарки (Шопингхоличарке) [ТВ Пинк]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од WhiteAngel, 24 октомври 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    „Купохоличарки“ или на српски „Шопингхоличарке“ е емисија која се емитува на тв Пинк секој петок во 23 часот. Цел на емисијата е од две пријавени девојки, кои себеси се сметат за купохоличарки, да се избере една, победничка, која ќе ја добие титулата купохоличарка и парична награда.
    Девојките се претставуваат себеси преку својата облека, зборуваат за својот стил, го презентираат својот плакар и кажуваат што претставува за нив шопингот.
    Покрај, тоа добиваат задача да купат облека, чевли, аксесорис и се што им е потребно за локација/место/средба каква што одбира жирито. За тоа добиваат 500 евра.
    Девојката која ќе биде најдобро облечена е победничка.

    Сте ја гледале емисијава? Што мислите за неа, за нејзиниот концепт?
    Мене ми е океј, само не ми се допаѓа тоа што се борат за да се купохоличарки. Не им е добро разработен терминот купохоличар, ама емисијава е добра. Може да се земат и добри модни совети...
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^ имам само едно битно прашање:
    Српско е шоуво или странско?
    Несакам да гледам некоја београѓанка со стил ала цеца!
    на пинк 15 го даваат??
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Реално, Пинк ретко кога произведува нешто свое. Веројатно и ова е копија на некое странско.
    И не го даваат на пинк 15, туку на оној пинк само што се вика, српскиот!
     
  4. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Не сум ја гледала емисијава, а и во лош термин ја ставиле. Ако не искачам во петок сигурно ќе ја гледам, ми изгледа интересна :)
     
  5. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    гледав две епизоди од емисијава и планирам да ја гледам и понатаму.. интересна ми е.. многу добри модни совети можат да се слушнат.. две натпреварувачки покажуваат што имаат во нивните плакари, на нив ги облекуваат нивните 3 најдобри комбинации, и во студиото носат неколку парчиња од нивната облека од која жирито одлучува кои парчиња да ги фрлат во корпа.. секоја од натпреварувачките добива по 500 евра за да оди во шопинг (и шопингот е прикажан во емисијата), а потоа парчињата облека ги облекуваат во студиото и жирито им кажува забелешки, критики и пофалби... жирито одлучува која натпреварувачка ќе победи и ќе добие додатни 500 евра.. :)

    секоја емисија е истото жири... жирито го сочинуваат двајца модни критичари (жена и маж) и плус една позната јавна личност (најчесто турбо фолк пејачка).. минатата емисија беше Јелена Карлеуша :puke: (маскара ја направи на една од натпреварувачките.. се замислуваше како да е Коко Шанел)
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми беше дали атреварувачите се србинки или даваат стрнаски пример, ама си го добив одговорот, крлеуша у жири, не фала! има србинки со топ вкус, но преувладуваат кич парадите кај нив, знам :( можеби да ја погледнам некогаш, затоа што ми се иснтересни ваквите емисии, иначе многу слично на What not to wear, само таму не се натреваруваат ама им даваат 5000 долари за да си ја обноват гардеробата :rock:
    Само проблемот е што незнам дали имам пинк оргинал, само оваа 15 :(
    Некој ште на телекабел нека ми каже дали ја имам, да не се мачам да ја барам.
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас вчера фатив една епизода и да бидам искрена многу ми се допадна.Некако скептична бев кога слушнав дека е српско но интересно е да се гледа.Има многу кич но исто има и некои добри комбинации.
    Едната натпреварувачка имаше убав стил но другата боже ме сачувај.Како се појави во студиото :x со куси тексас панталонки што ја стегнале и прозирен корсет со длабоко деколте и гол стомак,за чизмите и да не зборувам.Мислам ту мач е ту мач а од кичот изгледа на некои девојки никогаш не им е ту мач.
    Не знам,ќе ја гледам и наредната епизода да видам што како.Да не знае некој кога ги даваат?
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Многу ми се допаѓа емисијава!
    Баш даваат корисни модни совети.
    Само незнам кога точно даваат освен петок во 23 часот.
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Има и во недела на Пинк 15. Предпладне е, ама не знам точно во колку...
     
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Јас гледав, мислам дека беше 10 сабајле или 11 :)
     
  11. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Многу интересна емисија. Најинтересен дел ми е кога ги покажуваат своите плакари и трите омилени комбинации.
    Морам Карлеуша да ја искоментирам премногу зборува, не престанува, другиве неможат до збор да дојдат од неа.И цело време збори дека не мора се да биде скапо ако изгледа убаво, ама сепак поскапото повеќе го цени |(
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    Доста интересна емисија.
    Нешто што е различно од она доесга што го даваа во стилот на Све за љубав и Мењам жену :D
    не е важно од каде е идејата, важно е дека има супер реализација. Интересно е да слушнеш како размислуваат професионалци од областа на модата, а башка даваат совети кои и текако можат да се искористат.
    Емисијата е супер. Штета само што кај нас не затупеа со глупавите прости серии за баби...а не инвестираат во забавни емисии.
    Затоа ќе си гледаме Пинк.
    Инаку синоќа на кај 11 и нешто ја даваа на пинк 15, вајда реприза беше, али нема врска. :emo:
     
  13. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Јас имам гледано една епизода и многу ми се допадна, сакам пак да ја фатам, но незнам во кој термин се емитува. Најитересен ми е делот кога им дадат пари и им постават задачи а тие треба да ја исполнат (на тоа најмногу и се гледа кој ке победи, барем јас така мислам).
     
  14. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Незнам дали сте ја приметиле водителката колку е пренесена и кои критики ги мава на натпреварувачките. Незнам што се мисли ама би сакала да има една емисија да го коментираат нејзиниот стил малку да ја спуштат на земја :D
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    вчера беше накај 23 и 30 така, тоа време, среда во 23 пушти си чекај :D



    Kарлеуша само тогаш била гостин, секоја недела има нов гостин, а тој дебелиот(пуниот со наочари) и таа црната се стандард тие 2ца секоја емисија се во жири
     
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Никако не можам на телевизија да ја фатам па затоа на Јутуб ја гледам. Баш пред малку ја изгледав последната епизода :) Не е лоша , само ептен претеруваат некогаш со фрлање на некои парчиња кои искрено според мене не се лоши :)А најмногу ми се допаѓа што им даваат по 500 евра за шопинг :)
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Навистина ги има епизодите на јутјуб?? Ќе може линкче или како да напишам за да си најдам?
     
  18. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    http://www.youtube.com/watch?v=-Cv0eZjY4g4
    мислам дека оваа е најновата епизода од вчера
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Сум го начекала некогаш на ПИНК,и интересна ми се виде емисијава,само некако членовите на жирито ми се малку чудни...А знае некој точен термин кога го даваат?
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Фатив на тв една епизода оваа недела и ми се виде интересна...И мислам дека подобро би било кога девојкиве што ги бираат би биле малку повозрасни со веќе колку-толку изграден некој свој стил, или истенчен вкус за облекување па да се видат добри комбинации...Оти една од девојките од оваа недела излезе со хорор комбинација :o Не за друго, туку мака ми е за дадените 500 евра :D