Дејството на серијата се одвива во Москва, во еден руски ресторан кој ја негува француската кујна. Низ многу драматични и комични ситуации поминуваат сите готвачи и цел персонал кој работи во тој ресторан. Во ресторанот "Клод Моне" ќе се запознаеме со новиот готвач Макс, менаџерката Вика, шефот на кујната Витја, барменот Костја, келнерката Настја, како и со останатите чистачки, готвачи, подготвувачи на риба, десерти итн. Серијата се смета за најскапо снимен ситком во руската кинематографија, кој веќе се емитуваше во Србија, Хрватска, Бугарија и останатите земји во регионот. Хуморот на оваа серија е малку поразличен од американските ситкоми и со самото тоа освежувачки, но и храбар. https://www.soprevod.com/browse-kujna-videos-1-date.html Кај нас ја даваат веќе петтата сезона и ептен е интересна серијава, супер е за одмор од турскиве жалопојки. Се зачудив што нема тема па решив да отворам.
Супер што отвори, малку закаснивме со темава, ама нема врска Не испуштам епизода, многу се јаки После 3 сезона имаше филм што беше нејзино продолжение, и тој беше интересен Гледам има и продолжение по крајот на серијата, секако филм Сега во хотелов е поинтересно од порано во Клод Моне Јас на друг форум си коментирам за серијава и затоа не е отворена тука тема досега, инаку уште одма ќе отворев Еве денеска беше 92, ни остануваат 28 епизоди до крајот на серијата, ама дај боже 24ка да продолжи со продолжението на Кујна - Хотел Елеон (мислам дека има 3 сезони) Иаку ги нема сите ликови од Кујна, се зборува дека било интересно Ако не ја дава 24ка по Кујна, на интернет ќе си ја гледам
За разика од турските серии, оваа руска серија е одлична. Мене најсмешен ми е Витја кога ќе се изнервира и фрла се што ќе му дојде при рака. Дури почнав од почеток повторно да ги гледам епизодите на интернет.
Серијата е хит. Мене ми се допаѓа што е до некаде комична. Не пропуштам епизода и ср релаксирам додека ја гледам. Јас ја сакам Викторија т.е Вика. Мн интересен лик. Се разочарав сега кога прочитав дека има уште 20 епизоди до крај. Прва серија што ја гледам по 3 години пауза од тв.
Вика и Макс ќе ги има до 100 епизода, уште 8 епизоди Потоа во 6тата сезона од 101-120 ќе ги нема, дејството ќе биде повеќе на Денис и Катја Еве сега да поминат овие 28 епизоди и мош 24ка ќе продолже и со Елеон, интересна е и таа
Ја гледав серијата на youtube и пресмешна ми е.Ги има до 100та,а ми останаа уште неколку да догледам.Дали знае некој во колку часот се емитува и до која епизода се стасани на тв.
Се емитува работни денови во 17-45, некогаш 5,10 минути покасно Стигнати се до 92, во Понеделник ќе дои 93
Како бе ќе ги нема Макс и Вика понатаму?? Воопшто ли ќе ги нема од 100та до крај? А во хотел Елеон? Еве нешто за нив и мене ми се омилени: https://www.rtl.hr/tv-novosti/2683911/mark-bogatirev-i-elena-podkaminskaya-imali-aferu-na-setu/
Уште 8 епизоди ќе ги има, до крајот на 5 сезона Во 6 ќе ги нема, ни во филмот што е продолжение на 6 сезона Инаку ни во Елеон ќе ги нема, таму ќе ги нема 70%(па и повеќе) ликовите од Кујна
Лелееее мајка ми ја бојкотираше серијава откако Макс ја изневери Вика, па го снема него неколку епизоди, си пропати женава. Едвај чекаше да го вратат назад, тек сеа кога ќе и кажам дека нема да ги има и двајцата повеќе.. жива ќе се разочара. Иначе и јас ја гледам серијава, интересна ми е, па често пати си повторувам руски по нив. Ја љубљу тебја По звучно “те сакам” нема на ниеден друг јазик!
Моментот кога Витја по грешка ја запроси Елена после се покаја и поправи грешката Шоу ми се... Не ги пропуштам за ништо.
Серијава ни е семеен момент, тогаш се збираме заедно да ја гледаме. Единствено нешто на тв што го пратам секој ден у исто време Мене Макс многу ме нервира, бев пресреќна кога си замина Не можев да сфатам како една жена како Вика заврши со лигуш како Макс. Иначе доста е интересна серијава, знае да забега ама и тие моменти се интересни и смешни.