Пред неполн месец се преселив во нов стан и не можам да се справам со малите летачи во кујната. Сега не знам точно што се, ама многу личат на вински мушици. Во стариот стан немав забележано такво нешто. Тука без разлика дали имам немиени садови или се е чисто сепак ги има. Ужасно ме нервираат. Помагајте домаќинки, сте имале ли ваков проблем и како го отстранивте
кујнски молци Зависи какви се летечи инсекти ,ако се оние како вински мушички тие одат по овошје и вода. Види по овие земјоделски аптеки или поголеми маркети има разни средства за прскање. Еден поголем минус на температура да има и ке ги снема.
Штетници (бубашваби, мравки, лебарки итн.) Од пред 2 години ни се појавија мравки во станот, во спалната соба. Првата година останаа само во спалната, лани веке шетаа и по ходникот. Знам дека не се опасни ама не поднесувам бубачки. Страв ми е годинава да не ја откријат кујната, е тогаш нема откачување од нив. Имам две мали деца и прскање со хемикалии не доаѓа во предвид па ме интересира дали некој знае друг “лек“? Лани читав дека мирисот на оцет ги одбива па ги бришев подовите со оцет ама тоа не ги спречи Веке видов 2-3, кај и да е ке почнат да шетаат Неможам да лоцирам од каде точно излегуваат, се пикаат во дупчињата на паркетот.
Мравки Истиот проблем го имавме и ние, во земјоделска аптека побарај има еден бел прашок, се нанесува на местото од каде излегуваат мравките, не е отровен и безбеден е, .Поздрав
Мравки Ако знаеш точно од каде излегуваат стави обична сол на дупчето.Јас лани така направив па помогна ,ама ставав на 2-3 дена нова . Инаку има некоја жена што прави некои топчиња за инсекти кои биле природни ,направени од тревки и не биле штетни дури и ако се изедат.Јас немам број ама може некој на форумов знае па ќе сака да сподели искуство и број
Мравки Постои и едно како креда што изгледа,се црта линија со него па не успеваат да ја преминат оваа линија,ама станува збор за некоја хемикалија сигурно,бидејќи после некое време и мртви мравки се наоѓаат непосредно до линијата-ама не ја преминале.Нам ни влегуваа од надвор,па линијата ја нацртавме пред врата,имаше ефект,ама не знам дали е добро во внатрешноста на станот да се употреби.Инаку и јас сум слушнала за ова со сол,па и тоа пробај прво-би било побезбедно за децата.
Мравки Проблемот е што незнам од каде влегуваат во станот. Излегуваат од кај лајсните, од пукнатините помеѓу две парчиња паркет, околу вратите каде паркетот не е идеално скроен. Ке пробам со сол, ке ставам каде може да се стави. Благодарам
Мравки И кај нас се случило во лето да се накотат мравчиња Мајка ми ставаше знам прашок за перење на дупчињата кај што излегуваат, и ги снемуваше одма, долго време веќе не излегуваат, се трујат излгледа од содата и супстанците во прашокот. Пробај и така, ем е ефикасно, ем не е штетно Патем, мравките значат среќа и бериќет, така вели баба ми, што излегуваат мравки, побогати ќе сме биле
Мравки Кај нас се појавија на вратата измеѓу кујната и трпезаријата. Излегуваат изгледа од под плочките, вратата измеѓу не се затвара, таква е отворена, а во кујна имаме плочки, одма до нив почнува паркет во трпезарија. Тука изгледа си имаат испод плочките или паркетот `дувло`, редовно излегуваат, без разлика дали е зима или лето. Ама најдовме едно решение. Особено ако им ја најдеш дупката од каде што излегуваат, истури им сјај за садови миење, ќе ги снема така, ако се појават пак, пак истури им, по некое време скроз ќе ги снема. А за кредата знам, на баба ми и се појавуваа во станот кај што живееше па нагоре им црташе по ѕидот линии и крукчиња. Ставаше од таа креда и на тараса и од неа умираа и разни бубашваби, не само мравки. Имаше и уште една финта за мравкиве, ќе ја прашам баба ми, па ќе напишам.
Мравки Јaс значи пребарав низ цел нет и на еден форум доста убедлив беше дечкото за ова: И побарав, го има во поголемите маркети, околу 90 ден. е, во пакување идат две такви куќички, пишува дека не се штетни за луѓе, се поставуваат на места каде што се појавуваат мравки. Во него има нешто што ги привлекува мравките и потоа кога ќе си одат дома мравките го пренесуваат и тоа средството и ги уништува сите И еве веќе 4 дена нема ни трага од мравките
Мравки Уф и кај мене се појавија... Ова со прашоков за перење не помага... Ставив и застанав ги гледав што ќе прават, како мрдната некоја... Прво приоѓаа до прашакот и покрај него и се враќаа назад И по неколку дена еве ги врз прашак си поминуваат, гајле си немаат Дур не купи мајка ми нешто појако, вака ќе се обидувам да ги истерам.... од утре со сол :geek:
Мравки иии многу ги мразам посебно во кујна кога знаела порано да се појават само кујнска сол на нив да видате како се чистат
Мравки Пробав се и не бива, уште Раид не сум пробала.Слушнав и дека од кечап бегаат, да,додека не се исуши,после пак по старо.И оцет и сол им ставав, уште да им надробев краставица и да им сипам по една ракија да замезат.НИШТО!!!Ме измрдаа веќе! Се појавија откако до нашата се направи нова зграда. И сега како луди, една оди - 100 води.Па какви се, мали, ситни, црвенкасти, ух одвратни!А недај боже да заборавам нешто за јадење на плотната во кујна-одма журка!
Мравки Јас да ти кажам ама се забавував со мравките во дворот Има некое средство се вика - штирак! Поим немам за што е, ама јас со шприц од тоа им истурав во дупката И ги снема Побарај такво по продавниците, ШТИРАК се вика, земи еден шприц, најди им ја дупката, и направи им поплава
Инвазија од мравки Незнам дали низ цело Скопје се случува истото, но секој втор се жали дека има инвазија од мравки по домот, како се справувате со овој проблем, што користите и колку е ефикасно. ние пробавме прво со прашак Билјана не бива, од едно место ни се префрлија на друго, па со Пипс и пак истото, ептен е загрижувачки.
Инвазија од мравки За мравки само сол,ама мене ми е многу жал за нив,искрено.Колку ми се смешни и вредни,чудо. Минатото лето ми се појавија во соба,се чудев од каде и како.Немаше никакви шанси да им дозволам да живеат со мене и морав да ги сотрам со смукање со правосмукалка и сол.
Мравки Јас да поставам едно глупаво прашање Како да ги најдам од каде излегуваат? гледам гледам никако да им најдам, секаде се изнатурав еден бел прашак. И во собава моја по некоја се појави испаничив максимално Исмукав со правосмукалка се, ама од контакт ме вадат. Секаде изнатурано и пак среќно си шетаат од wc низ салон!
Мравки Следи ги Оваа Оффи фраговите им ги исштиркала,се надевам и им ги испегла после! Сериозно,сакав да ти пишам,ама забораив.Ако имате цвеќе по дома,види од саксиите да не излегуваат.