Здраво, сакав да Ве прашам дали знајте некоја градежна фирма шо би направила куќа со цврста градба, клуч на рака во Битола. Фала Ви од напред
И ја сакав да живеам далеку од центарот. А како е со изградба на куќи по други градови? Дали мислите дека е можеби е поевтино отколку у Скопје? Не мора и Битола може и некое село. Само зеленило да има. На пример Берово сум била и ми се свиѓа.
да, да тој ни е планот само прво сакавме да се распрашаме за градежните фирми како одат цените и дали е исплатливо, или пак да се насочваме кон монтажна нешто.
Ние моментално имаме најдено едни за монтажни куќи од Крушево за 100м2 куќа ни бараат 400 евра од м2, ама пак не буни то монтажна, сепак цврста градба си е цврста и сакавме се да имаме во обзир да се распрашаме за повеќе видови повеќе компании па да видиме математиката како би дошла.
Можеш да купиш земјиште и да си изградиш куќа во Берово, но мислам дека тешко би нашла таму. Подобро да си купиш апартман во некоја зграда. Најубаво е некаде во недопрена природа, доколку сакаш мир и тишина, секое утро да те буди звукот на птиците, да дишиш чист воздух, тогаш Берово мислам дека е идеално место. Преспа исто ти е добро. Само што сега секаде е различна цена и за земјиште и за квадрат ако купуваш стан. И во изборот на градежна фирма, треба убаво да се распрашаш и да најдеш некои како што треба.
Не би препорачал монтажна куќа за во град. Ако си имате веќе земјиште, градете со цврста градба. Тулите (малите полни црвени) се поскапи, но мислам дека се едни од најиздржливите материјали за изградба на куќа.
Лелее имаше еден преварант од Крушево видите да не е тој Пишуваа по групи на фб им земал пари и не правел ништо
мора фирма да е? Пошто познавам неколку озбилни ѕидари, мајстори итн кои имаат работено и кај мене итн. Трговци поединци да речам луѓе. Си фаќаат сами екипа ако се пазарите да работи.