1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќа или стан?

Дискусија во 'Дом' започната од AnaKarenina, 26 август 2012.

?

Во што повеќе би сакале да живеете?

  1. Куќа

    91 глас(а)
    66,9%
  2. Стан

    45 глас(а)
    33,1%
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам за да ги разгледаме предностите и маните на двете опции - куќа или стан.

    Вообичаено, како најголема предност на живеењето во куќа секогаш се споменува поголемиот комфор и секако дворот во кој може да уживате во слободното време. Дистанцирани сте од соседите и имате подобра можност да чувате миленичиња, особено поголеми раси на кучиња. Со уредувањето на дворот секогаш можете да експериментирате и да дозволите тоа да ви стане анти стрес терапија. Ако имате деца, можете слободно да ги пуштите да играат во двор, а пак пензионерите да речеме, секогаш би можеле да најдат некоја занимација. Слободно можете да си викнете гости и да не се грижите толку околу вревата. Освен тоа, куќата секогаш можете да ја уредувате како сакате. Да направите тераса со посакувана големина, да доградите или урнете соба, да подигнете спрат и слично. Во однос на домаќинските работи, слободно можете кога сакате да вклучите правосмукалка, да перете теписи во двор, да ја перете и чистите колата, да правите зимница :wasntme:
    Но, од друга страна, маните на живеењето во куќа е тоа што повлекува многу трошоци. Плацевите и комуналиите се скапи, а и самото градење ќе ве чини многу, од аспект на градежен материјал, план и дозвола, работници и сите тие работи. Доколку пак веќе имате изградено куќа, секако постојат трошоци околу нејзино одржување.

    Во станот комфорот е многу помал, немате двор, а освен тоа особено во летниот период од годината, можете да насетите кој сосед што прави за ручек, бидејќи сите готват на тераса. Ако сте од оние кои живеат во постарите згради каде лифтот најчесто на работи, и ако сте на повисок кат, ќе треба секој ден да качувате и симнувате безброј скали. Ѕидовите во зградите баш и немаат звучна изолација, па приморани сте да ги слушате соседите - нивните веселби, караници... Освен тоа, невниманието на соседите, може да предизвика штета и во вашиот стан - во случај не дај Боже да дојде до поплава, пожар и слично.
    Но, предност е тоа што за одржувањето на станот има многу помали трошоци и немате обврски да речеме да реновирате фасада, кров, да го уредувате дворот...

    Вообичаено станот се препорачува за живот на самци или млади брачни парови, а куќата е попрепорачлива за семејствата.

    Слободно додатете предности и мани на двете опции, или побијте некоја од овие што ги наведов.
    Во што живеете сега?
    Ако имате можност, дали би се преселиле и од кои причини?

    Јас живеам во куќа и барем сега за сега, не би се преселила во стан.
    Имаме доволно голем и убаво уреден двор. Немаме насадено овошки, но имаме украсни дрвја и цвеќиња кои му даваат убав изглед на дворот. Секако, дворот треба да се одржува, постојано да се чисти, да се наводнуваат растенијата, да се средува тревата и слично, но за нас тоа повеќе е релаксација отколку некоја тешка обврска. Просторот во нашиот двор ни дозволил да направиме помал базен, ѕидана скара и бунар (кој дава убав естетски изглед и секако е во функција на чешма), па тие работи само уште повеќе ја надополнуваат сликата. Уште еден летниковец би ставила, ама нема место.
    Куќата не ја избирам само поради дворот, туку и поради тоа што можеме слободно да го менуваме планот на просторот. На пример, кога дедо ми на времето ја купил куќата во која сега живееме, се уште не била доградена, но имала мали тераси. Татко ми уште тогаш ги продолжил и задната и предната тераса од едниот до другиот крај на куќата. Освен тоа, се уште размислуваме да подигнеме уште еден помал спрат над нашиот, за да добиеме повеќе простор.

    Кој е вашиот избор?

    (Би ги замолила модераторите ако можат да постават и анкета за да гласаме. И ако ја утнав категоријата, нека ја префрлат)
     
    На Buba Mara Zelena и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум во стан. И искрено молам бога моите да се решат да си направат куќа.
    И се надевам дека понатаму во животот кога ќе имам свое семејство, се надевам дека ќе имам куќа.
    Точно е тоа дека куќа бара многу повеќе одржување од станот.
    Но пак кога ќе погледнете сето тоа се исплати кога ќе се увиди колку повеќе предности се добиваат со куќа.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Израснав во стан а сега живеам во куќа.
    Точно е се што го наведе АнаКаренина. Ако сакате комфор, интима, дворче бегајте во куќа :). Точно е дека куќата влече повеќе трошоци и е поголема инвестиција, но ако сте во можност зошто да не си го дозволите тој комодитет.
    Јас сум против многу големите куќи. Не ја сваќам поентата-да неможам утре да ги исчистам или качам по скалите, или замислата на родителите дека синот кога ќе го оженат ќе му дадат спрат а на ќерката друг спрат за недај боже. Од кај знаеш што и како ќе биде со децата. Знам многу случаеви каде што дошло до замерка токму поради таа причина. Наместо да фрлам пари во куќа на 2-3 спрата подобро купи некој си стан како инвестиција па утре кога сакаш можеш да го уновчиш. Јас сум си за едноспратна куќа со поткровје и дворче, сосема доволно.
    Кога се преселив во куќа ми требаше некој си период да се навикнам. Се ми беше големо и далеку (се симнувам доле во подрум по компири наместо во шпајзот кој ми беше до газот во станот :) ). Сега кога ќе отидам во стан, се ми е тесно, ме гуши, ме нервира кога внуците ќе дојдат на комшијата и скокаат до бесвест :) .
    Со куќа имаш повеќе опции понатаму да менуваш доколку се укаже потреба а со стан, тоа е, тие м2 и неможеш ништо да менуваш освен распоред на ствари :). Куќа е голема инвестиција и цел живот се прави. Нон стоп ќе ти истекнува нешто да доправуваш или поправаш. На прв поглед изгледа као да си цел живот роб за таа куќа ама кога ќе погледнеш подобро уствари ти се зголемува односно стремиш кон поголем квалитет на животот и менуваат потреби. Таа комоција е незаменлива и неспоредлива во споредба со стан.

    Како и да е се` е до ствар на навика и можности.
     
    На senza.parole и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот, до пред две години, живеев во куќа. Предностите се многу повеќе, комфорот, дворчето, тоа ми е незаменливо. Кога се преселивме имав потешкотии да се навикнам на стан, многу ми е потесно, позатворено... Во секое време би избрала во куќа да живеам.
    Инаку, има некаков проблем со анкетата, ќе видиме што може да се направи.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Привлечна ми е замислата да живеам во стан од причина што цел живот живеам во куќа со големи дворови кои бараат прилично доста време за одржавање...Можеби кога ќе станам пензионерка или кога ќе бидам со веќе израснати деца па да имам вишок слободно време да се врткам низ двор или да средувам на втори или трети спрат кои ретко кога се користат но сепак си бара чистење... Сега ми треба само удобно место после напорен работен ден а слободното време да го трошам на други работи а не на чистење по дома затоа што во голема куќа има и голема работа...
    Инаку и јас порано не можев да се замислам да живеам во стан, и се замислував во куќа со мојата фамилија ама со темпото на живот кое тек ми следи, станот ми изгледа како идеално место за живеење...
     
    На Hipster и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Не можам да се замислам во стан. Кога ќе отидам некаде на гости кај луѓе што живеат во стан, ми се чини воздух немам. Мене ми е незаменлива идилата во куќа. Сакам да седнам во двор, на трева, да ја пуштам прскалката, да ме потфаќа по малку и да ме лади.
    Е сега интима има исто колку и во стан. Се тоа зависи од комшиите. Кај мене кога момчето ќе ми дојде на гости, една комшика цело време се вртка околу двор за да види што правиме.
    За готвење е полесно, не се замирисува цел стан, комотно можеш и надвор да си готвиш.
    За ништо не би го менувала животот во куќа. Кога размислувам за свој дом, размислувам прво за купување на плац, понастрана од центарот, па потоа градење на куќа. Не огромно куќиште, замок, ами нешто скромно, направено со наша пот.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Јас живеам во стан и многу ми е убаво! :)
    Навикната сум и воопшто не чувствувам дека сум затворена и слично. Да, точно е дека немам двор, ниту пак голема тараса за да се излежувам на неа (читајте - да се сунчам :lol:) па затоа кога би имала можност да се преселам во куќа, многу лесно ќе се прилагодам, кој не би?! :)

    Од тоа што имам зборено со многу луѓе, заклучив дека многу потешко би им паднало, и не би се приспособиле оние кои би оделе од куќа во стан, претежно заради сите гренаведени причини. Ги разбирам потполно, би им било потешко. Меѓутоа ги има и оние - “НЕ, јас никогаш нема да можам да живеам во стан’’, кои се многу категорични, и не ги разбирам. Во природата на човекот е да се приспособува на животните услови, не гледам зошто да не успееш во куќа-стан релација :)

    Да можам да изградам куќа, би изградила, само што некако повеќе би сакала да е поблиску до Центар, што е скоро па невозможно, што финансиски, што од самото тоа што баш и нема место за нови куќи во џунглава од градов :) :)
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас израснав во куќа а последните неколку години живеам во стан. искрено мене станот ми е попријатен. нашиот стан е околу 70 м2 и за двајца е повеќе од доволно. зимно време ако имаш голема куќа неможеш сегде да ја грееш, иди до вц ладно иди до подрум ладно, па качувај дрва, па додека ја исчистиш цела..., а во стан ем чисто ем сегде еднакво топло. секако дека ми недостига дворчето или барем една поубаво уредена тераса.

    не дека не би живееле во куќа пак но под услов да е на еден спрат со добра изолација и добар план. во спротивно куќата не служи многу.
     
    На okcenzi, senza.parole и sanjalica им се допаѓа ова.
  9. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Куќа!
    Цел живот живеам во куќа и не можам да се замислам во стан. Предности има мн како што набројаа претходните форумџики. Кога ќе ми дојде редот сакам да живеам во МАЛА куќа, како кутивче некоја.
    Сега живеам во куќиште што никогаш не е средено. Правена е на времето, има дел и на чичко ми, тој не живее тука ама баба ми е жива и сеуште го користиме тој дел, значи мора да се одджува. Нашиот дел го попуштивме и сега е ко цела зграда куќава. Ходници, салони, плочки, патос, дрво.. се живо и диво, мислам ств никогаш не е средено внатре, 24h треба да се чисти. Огромен плац имаме и доле под куќата, гаражата.. може се живо и диво да најде човек, од бродот на дедо Ное дури.
    Но затоа кога сакаш можеш да си излезеш во двор да си седнеш, да правиш што сакаш (предност е и што немаме куќа до куќа комшии), да не сметаш на никој, ми се јаде грозје ќе си скинам од лозница, ми текнало круша, јаболко, слива, цреша.. тука ти е се.
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Cум живееела на две места во стан, пред да почнам да живеам во куќа, и разликата е голема.

    Hа првото место не се ни сеќавам, сум била бебе. Hа вториот дом се сеќавам јасно, затоа што бев поголема, и нормално дека има разлика од стан до куќа, почнувајќи од комодитетот па се до слободата. Jас имам убава меморија за времето кога живеев во стан, беше простран, имаше две тераси од кои на едната буквално можеше тенис да се игра од што беше голема, на највискиот спрат беше, па затоа претходниот сопственик успеал во тоа.
    E сега собите колку што паметам беа доста малечки, во споредба со собите во куќа. И уште една позитива е тоа што над нас не живееше никој, не слушавме испади и тропања затоа што како што кажав живеевме најгоре, и тоа мислам дека беше петти спрат што и не е многу високо.

    3а живеењето во куќа имам многу што да кажам. Cобата ми е колку две соби во стан, и не би можела да се замислам дека целиот простор во кој јас би можела да учам, скокам кога ќе ми се скока, да вежбам кардио фитнес, да биде ограничен на десетици квадрати и помалце. Cтварно не можам.
    3атоплувањето е проблем, посебно ако куќата нема изолација, трошоците се огромни во зима кога секоја соба се загрева на струја (посебно зимава ќе биде урнебесно), така да се прават некои круцијални промени кај мене дома, па веројатно ќе се заштеди на тоа поле.
    Cлобода имам колку што сакам, со тоа што имам огромен двор и простор на кој може да се изградат уште 2 куќи, за одгледување имаме пробано ама земјата е трвда и не крепи никаков зеленчук, од овошје раѓа нешто ако се трефне времето.
    Eте како некој друг проблем може да се наведе варосувањето, арно ама и тоа по дома ми е решено, татко ми е сам свој мајстор, и заштедуваме на многу полиња поради неговите афинитети и познавања. :D


    Bо последно време, единствено место каде што одам кај некого дома, а да живее во стан е дечко ми. Pоднини, другарки живеат во куќи, па така да од тоа што можам да видам кај него како состојба е што уште од влезот се осеќа мирис на манџојни, среќавањето на соседи во лифт и стандардниот муабет: Aх ова девојчето ли е? Mх, што убаво е, да го пазиш. (Mолим лепо. :D ), ова со парното веќе не е ни за спомнување, ограничен простор.
    Hе дека ова го нема во соседство со куќи, напротив, поалармантна е состојбата затоа што дур да дојдам дома поминувам низ десетици куќи кои ќе дознаат како сум облечена, кога сум излегла од дома, кога сум се вратила, дали сум во нормална или пијана состојба, што носам во кесата односно што сум испазарила и останати марифети.

    Cе на се, би ми било ужасно тешко да се прилагодам на ситуација куќа - стан, и затоа не брзам да се мажам, осеќам дека ќе живеам во стан (така му викам на дечко ми :D ).
     
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    .Темава ептен интересна :clap: . Јас до сега живеев во куќа,а мн набрзо во стан.Се случи и тоа во мојот живот што никогаш не ни очекував дека ке дојде денот да избирам .Бев целосно сигурен за одлуката.СТАН.Е сега зошто избирам стан,па мислам дека пред се ми значи тоа што немам време нерви пари и решителност за друга куќа.Со станот точно знаев што ми треба според начинот на живот ,кој распоред која квадратура која населба да биде .....Во стан е тешко ако е постар така не би се нафатил :?: макар и реновиран .Раскарани комшии не доволно чист надоградено ваму таму како во Палестина да си .Можеби ке се покаам за одлукава но сепак ке се стремам за куќа не од соништата знам дека сепак тоа е само сон :D но барем да биде пристојна а не типично балканска со 4 спрата кој зјаат празни да се досредат ПОЛЕКА и се чека да унаказис 2 генерации да го средат тоа после тебе :?: .Ве прочитав за возилата во стан кога се живее .Па добро де сега си има гаража :D пак мозеш да ја гланцаш колата .Можеби смешно ке звучи но и онака сум јарец во хороскоп (ајде срцекршаче излези од мене :D ) се фаќам себеси колку сум принципиелен :( малце и претеувам но тоа е мојот карактер.Не сакам ради реда работи не сакам не планирани работи .Со начин на живот во стан тоа се постигнува.Се знае што се може а што не (знам дека има комшии претеруваат ) но сепак има правила и лесно се спроведуваат :devil: :tmi:
    Ми нема крај на постов ,ај кога ке почнам да живеам во станот ке пишам како е 8)
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Куќа дефинитивно. Во стан ја немаш таа слобода и комодитет како во куќа, барем според мене. Па уште ако имаш и дворче со трева, абе милини :D
     
  13. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Куќа со базен и прекрасен двор каде ќе уживам додека го пијам утринското кафе-нема нешто поубаво од тоа.
     
  14. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    ;израснав во куќа во Кавадарци,и цел живот мечтаев за стан пошто ретко влегував во стан-целосното опкружување од роднини и пријатели ми е во куќи!а таква мистичност ми даваше тоа окцето на вратата,абе чудо!
    сега сум во стан откако се преселив во Скопје,еве веке 8 години,и последниов период почна да ми фали куќа,да не ги набројувам подобностите споменати се во сите постови нагоре..а плус и живеам во Влае а тука од куќи и дворови боли глава па ме фати носталгија..
    Со оглед на темпото на живот во метрополава станот е далеку попрактичен,од многу причини-пред се бара многу помал финансиски и временски влог!во работни денови речиси по цел ден не сме дома,а куќата си бара внимание -ако имаш двор и сакаш да е среден саат два од денот треба само на дворот да ги посветиш,а кај се обврските околу домакинството?!со исклучок на оние кои живеат во заедница па се вракаат дома и имаат готов ручек,или оние кои можат да си дозволат помошничка..секоја чест
    значи немам некој конкретен избор-само сум практична...
    битно е да се има дом ;)
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Живеам во голема куќа, сонувам за стан. Не е ова за мене, едноставно не сум таков тип на девојка. Доволни ми се мали работи, минималистички.. Иако скоро сите што ги знам што се преселиле во стан велат дека се би дале да се вратат во куќа, не верувам додека не осетам на своја кожа.. Сепак, кога ќе размислам, фала Богу што го имам и ова.
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    И куќата и станот имаат свои предности и недостатоци.

    Јас цел живот живеам во стан и сум навикната, погодено ми е и никогаш не сум запекала по куќа.
    Единствено по дворче, ама да имам некоја огромна желба за куќа па и не баш.
    Можеби затоа што сите станови ни биле комфорни, секогаш сум имала своја соба и доволно простор, а последната зграда е релативно нова, има одлична изолација, многу лесно се затоплува, комшиите погодени, локацијата одлична и самата помисла да го напуштам токму овој стан ме тресе малку за срце. :D
    Дури им предложив и на моите они да се преселат во друг, а јас да останам сама тука.
    Нормално, тоа беше одбиено. :D

    Лично јас би се осудила да правам куќа само ако ми се допаѓа локацијата и од старт имам и повеќе од доволно пари да ја направам целосно.
    Такви куќи кои се градат со години, правени - недоправени, ги викам крпенки и мене ми е незамисливо да живеам во нешто без покрив или немалтерисано, па ајде другата година ќе ставаме паркет, па третата година ќе ги правиме скалите, па терасите... :^)
    Факт е дека куќата си бара повеќе внимание, повеќе одржување, поголеми трошоци, и покрај комфорот што го нуди.

    А демек во стан од 70-80 квадрати нема комфор? :^)
    Врти-сучи, пак сите се вртиме во една соба поголем дел од времето. :D

    Така што сепак на крајот премерено на кантар гласам за стан, полесно одржување, ми има поголема топлина, па и поголема слобода - во смисла, можам да се шетам зимно време каде сакам и колку сакам, без да мрзнам како во сите куќи во кои одам.
    А комшиите реално може да се погодат лоши и ако живееш во куќа, тоа никој не ти го гарантира.
     
    На okcenzi, drugarka, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. lili....sweet

    lili....sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    19
    живеам во огромна куќа, но ги обожавам станчињата..несакам огромни простори
     
  18. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Од кога сум родена до пред скоро време живеевме во стан, а сега сме во куќа и од моментална гледна точка животот во стан е каде-каде полош, досаден и монотон. Со оглед на тоа дека детството сум го поминала во зграда, предност би го додала тоа што имав другарчиња во влезот и за цело време сме биле заедно во нечив стан или во ходник кога не е дозволено да се игра надвор, но како недостатоци би наброила многу. Децата не смеат да играат надвор во определено време, зашто и најмалата бучава им смета на старите соседи и прават од ништо проблем, кавги со родитетелите, тепачки со децата, прскање со вода и гаѓање со се што е при рака.Дворот е еден и заеднички и зависно од соседите може да биде среден. Ние во зграда бевме со станари кои не се секираа за ништо и само прлаа, така да никој не беше должен да го чисти нивното и единствената градина беше на балконот во саксија. Зградата беше и постара, па следеше врева од кавги и викотници, од прослави и забави, звукот на телевизорот од старите соседи што не слушаат, девојката што пееше додека се бања и што уште не...
    Откако се преселивме во куќа, си имаме свој двор и дел за паркинг на автомобилот, моите средуваат и чистат постојано, зеленило и цветови на сите страни. Имаме дел каде седиме во летните ноќи, а во план ни беше да направиме и базент, но делот определен за тоа се испостави дека е над канализација, така да тоа отпадна од предвид. Татко ми се занимава со својата лозница, мајка ми и баба ми со цветовите, а ние со сестра ми имавме каде да пораснеме и да играме без да сметаме некому и да ни биде определено дали некој спие тогаш за вревата што ја правиме. Во секој момент можам да слезам долу и да читам книга или едноставно да уживам сама, а никому да не пречам. Соседството ни е составено од куќи, така да секој си води свој живот без кавги и во хармонија.
    Знам како е во двете варијанти, па затоа гласам за куќа!
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Цел живот живеам у стан и неможам да се замислам да живеам во куќа, таков човек сум очигледно.
    И не сметам дека станот е ужасно не конфорен и неудобен или мал.
    Да се разбереме, стан за семејство не е гарасоњера до 30-40 квадрати, моја другрка живее во стан 130 квадрати, а знам и не толку големи куќи.
    ЗА мене 130 квадрати е и преудобно, дури и самата она си вика, жмурка можеме дома да си играме.
    До кај 100 квадрати е идеално за живеење, ем можеш полесно и пофтино да си го згрееш.
    Трошоците се помали ама и одоговорностите.
    Убаво имаше некој напишено во преходната страна со ова денешно темпо на живот ретко кој има толку време да одвои за да може комлетно да си ја одржува куќата. Двор, гаража, па и базенче ако имате, и те како е голема обрска.
    Јас само неможам да замислам да живеам во стан без тараса/балкон.
    Јас мојот си го обожавам и ми иделно месетенце, како што живеам на 4рти, зградата карши мене немаат тераса и има измеѓу големи дрвја, бујни и ништо не се гледа од нив, а од страна има прозори од кои ништо не се гледа од нив од другата страна. И ми е како мало, интимно дворче.
    Со соседите, не е баш сјајно али па се менуваат времињата и луѓето по малку,па се опаметија, секој си ја гледа својата работа, и од презафатеност и проблеми не се толку пикнати во туѓите.
    И едно битно НЕМА веќе ајвар да прават на улица, што мене ужасно ми сметаше, зашто у Септември неможев да мрднам, зашто се распослуваа ко чергари пред влез, па се играш шота-шота :D
    Собата не ми е воопшто мала, баш дури и просторна, имаме голема кујна, и прекрасен балкон.
    Станот е 70 квадрати без балкон, со него дополнителни 10-12.
    Со оглед на тоа што никој скоро не поминува 24 дома, сметам дека е и комфорно и лесно за средување и поекономично.
    Имаме одоговорен преседтел на куќен совет, он ги врка сите работи како чистачка, пари за чистачка, кога ќе се расите нешто собира пари и брка мајстори, а и некои од комшиите само си се нафатија да го средат дворчето, и со мерак го уредија, за петка.
    Не мириса никогаш лошо, редовно се кречи на 4-5 години и си собравме пари за врата со клуч и навече секогаш до 12 е заклучено.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Не знам како е да се живее во стан, иако за мене делува малку клаустофобично, ама знам дека мојата куќа со дворот и ладовинките во него ја обожавам.

    Како прво, ми дава чувство за некое си лично наше место, мала територија, недопрена ( ако ја исклучеме грдата музика од комшиите која ми скока на нервите, ама јас секогаш, СЕКОГАШ ТОЛЕРИРАМ! :@ ... :| ). Ама, не би имало разлика доколку не се работи за двор, мислам дека тешко ќе го преболам. Местата за починка, градината, овошките и зеленчукот, шетањето наваму- натаму кога место не те фаќа. И утрото бре, утрата со кафенце и ноџиња испружени на столот додека комшиите го носат лебот и додека е... тишина, само твоја.
    Пошо тато многу го опуштало пчеларстово |( чуваме и пчели под крушката. Ама тоа никогаш нема да му го простам, зашто обожавав да се катерам по неа и најубавата трева е околу нив. Плус и лозјето позади куќата кое си го меркам за продавање кога ќе дојде време :D ехеее, колку сум се криела таму и сум трчала по него кога ми почна пубертетот.
    И вечерите, далеку од градот... Кога со главата сум потпрена на гаражата и скришно пушам цигари (дознав и дека тато таму се крие).

    Сега ќе видам како ќе се снајдам во стан, ама секако дека и во него ќе си ја најдам мојата удобност.
    А и искрено... си ја сакам куќата и дворот зашто има кој да ми ги одржува, во спротивно ... :shake:

    Затоа практично во животот повеќе сум за стан, а вака младост и старост - куќа.