Главни улоги: Џим Кери, Мора Тирни и Џастин Купер. Не верувам дека има некој што го нема гледано филмов. Овој филм ми е најинтересен од сите филмови што сум ги гледала, во кои што глуми Џим Кери.
Ретко кој не го гледал, особено затоа што на една од нашиве телевизии (чинам Сител3 беше, си имаат тие такви тенденции ) еден период нон-стоп го емитуваа. Комедија а-ла Џим Кери, не можеш да не се изнасмееш. Ама не ми е ни нешто за во несвест паѓање. Најдобри филмови на Кери секогаш ќе ми останат Маска и Ејс Вентура. Што се однесува на овој, овој дел ми е омилен. http://www.youtube.com/watch?v=X6YLAmKFpRM Figuratively speaking
Од толку пати што го имаат давано на Сител3, веќе и репликите на филмов ги научив Интересен филм, впрочем сите филмови на Џим Кери се интересни.
10000 пати сум го гледала....и пак го гледам и пак се смеам....ова еден од оние успешни филмови според мене кои кај гледачите оставиле голем + и никогаш нема да им бидат досадни.
http://www.youtube.com/watch?v=tu1oDQjJbT4 Веќе напамет ќе го научам нон стоп го даваат на сител3 и пак ми е смешен
Незнам по кој пат го имам гледано, и пак и пак смеааа . Сепак сите филмови на Џим Кери се закон! Овај е најјак! Смеа до солзии!!
После Глупав и поглупав и Ајс Вентура овој ми е на листата најсмешни филмови со Џим Кери. Човеков е цар и неможеш да останеш рамнодушен на него. Филмов е закон, абе тоа детенцето срценце, да го изедеш. Кери откачен како и секогаш, на секоја сцена ме смееше. Најсмешна сцена ми е онаа во лифтот кога ќе влезе девојката со големите гради: Каков лудак!
Многу интересен филм, кој знае колку им било забавно на целокупниот тим вклучен на снимањето, многу се смеев и на грешките каде што глумците не издржуваат а да не се изнасмеат на Џим Кери
Одличен филм, којзнае колку пати ми е гледан. Нема утка со филмовите кај што глуми Џим Кери. Смеење загарантирано.