1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лажни боледувања, злоупотреба на боледувања

Дискусија во 'На работното место' започната од Y Grint, 17 април 2022.

  1. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Темава ја отварам со цел да се разгледаат аспектите од оваа општествено-паразитска појава. Неодамна, имаше податок дека најдолго боледување "по случајна проверка" Фондот открило 3,5 години. А, во такви случаи би требало инвалидска пензија. Имено, кадешто работев во минатата фирма (лани летото), појавата на лажни боледувања беше како "добро утро". Најчесто, први земаа оние кои го искористија годишниот одмор, а по нив исто така се појавија "пациенти" на кои не им се овозможуваше да земат од слободните денови од годишниот. Овие вториве, донекаде ги оправдувам целосно. Бидејќи таков систем воспостави менаџментот на фирмата, односно оние кои се залагаа беа обесправени, а овие другиве паметни. Најголем рекордер во бившата фирма беше една која што 4 пати зеде боледување. Во тие 4 боледувања пола година на боледување, а за време на боледувањата слики на социјални мрежи, низ град на кафе излезена постојано, сториња од забави по ноќни клубови и сл. Како тенденциозно да сакаше да се фали со тоа за да испадне таа паметна, ние глупави. Е сега, за наведениов случај велеа многумина дека е со врски. Други случаи шо знам работеа и нешто приватно шо си имаа пр. по пазари на тезга, свирачи и пеачи со тезга на свадби, и сл.
    Неодамна читав по соц. мрежи колумна како парите кои ги исплаќа Фондот за боледувања над еден месец (а каде несомнено има и лажни боледувања) може да се искористат за поголема партиципација на Фондот за одредени лекови за хронични болести, партиципација за одредени операции во странство и сл. Што мислите вие за ваквите појави и како најефикасно да се регулираат?
     
    На sj *O*, Stefi_555, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    794
    Не е од сега со боледувањата, веста не ме изненади. Не мислам дека ќе се регулираат, кој да води сметка за тоа? Па одговара вака, ти се шета ли - вади боледување. Ти се оди на продолжен (втор) одмор, пак вади си црно на бело.
     
  3. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ех и ја ќе бидам ваква кога ќе се вработам :lol: Шала на страна, ова сигурно го пишал некој што не може да го направи ова, а го посакувал. Сериозно кој не сака вака да работи? Ако и се може, не гледам зашто да не го прави тоа. Малце е лошо што објавувала се на стори зашто некој може да ја издаде. Место да кукаш на форумов зашто не си и кажал/а на шефот? Имаш доказ дека не е болна.
    П.с ставајте пол, не знам како да ви се обраќам.
     
  4. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Сите тие долги боледувања прашање е по кој основ се?
    Ако некој има рак во краен стадиум и се мачи со години, зошто е крив?
    Затоа што не умрел? А комисии го прогласуваат за работоспособен
    за да нема трошок за фондовите или за да си имаат шанса за мито?
     
    На sj *O*, theowndemon, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Иначе, за таа што била 4 пати на боледување, којзнае со која дијагноза била?
    Можеби била со психички проблеми, можеби депресија, можеби лош однос од
    другите колеги? Или нешто лошо ја озборувале на социјалните мрежи?

    Па така, можеби единствен начин за да се спаси и излечи бил да се впушти во
    обемен социјален живот?
    :P
     
  6. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Ova ima samo vo drzaven sektor,privatno i da ti treba stvarno podolgo vreme ,na primer 1 mesec letas od rabota,ne pa da stavas na socijalni mrezi,toa ne e realnosta..
     
    На sj *O*, Bezimenka90, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Далеку од тоа, скраја да е. Пример, да речеме ме боли еве да речеме се жалам на стомак, а се сликам со кригла пиво. Значи, буквално во некоја ваква смисла беше тоа. Проблем не е во тоа дали таа 4, 5 пати зела боледување, проблемот беше системски во таа фирма. Пример, некој ни ден искористено годишен, одел и прекувремено, бара одмор на лето кога работата малку е падната, добива негативен одговор. Кај мене ова беше случај, кој доста ме револтира. И многу други имаше такви случаи, од кои како што кажав видоа тие "колку е сатот" па и тие си земаа. Баш прочитав една статија на Доказ и многу слично беа опишани ситуации...
     
    На prashinka и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Дијагноза неодитис и други активности како на пример, ловење дојденци од странство. И да, ова во приватен сектор се случуваше, во приватна фирма ама по она што го слушав врски играа улога.
     
  9. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Можеби лечењето ти било со пиво...?
    А не се знае од кога е сликата, можеби од пред
    разболувањето а ја објавуваш дури тогаш кога
    немаш друга работа.

    Секаде има вработени од прв ред и од подолни редови.
    Иако, приватно работата е како ќе одреди надредениот.
    Се е предмет на толкување... можеби не се дозволи одмор
    заради тоа што имало законски пречки - немал/а
    6 месеци стаж или така бил договорот.
    А за прекувремена работа, можеби бил/а мрзелив/а па
    не сакал/а да ја изврши работната задача благовремено.

    За неправилности има инспекции или барај друга
    работа.
    Секој секогаш си ги претставува работите како
    сака да бидат од свој агол, не секогаш во склоп на законските
    права и прописи.
     
  10. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Пријави во инспекција односно погоре по надредени
    или батали.
    Работните задачи приватен сектор се онака како сака
    газдата или шефот.
    Ако не ти чини барај друга работа.
     
  11. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Точно, вработени од прв ред и од подолни редови. Ама затоа голем дел од тие од подолни редови си заминаа баш од сл. работи.
    А, за тоа дека со пиво се лечам уживај сите доктори препишуваат пиво место лекови|(. Како грчевито браниш вакви појави, 100 % ти или твој близок има земано и по 5 боловања во годината, не 4.
     
  12. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Да, вработени од први и од подолни редови, за тоа си во право таму така беше. Никој не е будала да бара нешто што не му следува, пример годишен одмор. Тоа не се дава така по добра волја, туку мора најмалку 6 месеци да има работникот, што несомнено луѓе имаа, не е некој будала да побара нешто што не му следува.;)
    И на некои од тие што не му одобрија, си земаа боледување кога видоа каков е системот.
    А за пивото, уживај сите доктори ти велат пиво да пиеш за било која болест |(, и по ноќни клубиви во зависност од болеста. :o
    На запад пари би враќал што си ги земал ако си фатен за ваква работа, ама овде се величаат и им се воодушевуваме на лажни пациенти.
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    имав колега, не му се идело оваа недела го мрзело са работи и ај ќе ми платат боледување и си шетка ваму таму... а ти работи и за него,да надокнадиме дека некој фали...

    си треба некоја контрола...
     
    На Y Grint му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
     
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.312
    Пол:
    Женски
    Затоа кај што работам ни кинат од плата многу ако користеме боледување,оти на времето многу се злоупотребувало. Сега и стварно да има потреба од боледување се користат денови од одмор,што и не е фер воопшто
     
  16. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Обично 70 % од плата е за време додека си на боледување. Е сега да кажеме на минимална од 18к ќ, а да си бил на боловање месец дена 12 600 ќе земеш, што и не е малку 5400 за човек што работи. Ама од друга страна, пак немаш работни обврски, а земаш колку-толку пари, а неработници ова го користат.
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.023
    Допаѓања:
    37.312
    Пол:
    Женски
    Кај мене па никој не зема минимална плата. Мислам,основицата е минималец,а има плус трета смена,работа во недела и празник, и плус колективен бонус. Плус и стаж се плаќа. Значи под 25000-26000 не се тие што работат во смени,дури и повеќе земаат некои. Е од 26000 да паднеш на 12000 е многу.
     
  18. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Ксј нас до лани беше 15 к. Најмногу 17 800 зедов ко беше таа основица, а ништо дополнително не пропуштав. Не работев многу време од ко направија 18к да е минималец, месец и пол само. А, сега одам во фирма што е безмалку речиси иста дејност, но нема вакви појави каде во претходната фирма од почеток ги видов.
     
  19. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа да се увидат сите работи од сите агли, не само еднострано.

    Боледување имам користено само заради ковид-19, двапати. Иначе и да можам
    да извадам боледување - одам на работа, не стигаат пари за живот ако ми се
    скуси заради боледување.
    Дали има злоупотреби, има истражни органи за тоа.

    Ама благодарам за грижата, во секој случај.

    Не верувам да доктори припишуваат пиво за лечење, ама наздравје нека ти е,
    кога и да ти е.:hai:
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.253
    Пол:
    Женски
    Од пикање нос во туѓ живот ќе си умрете. Е тоа да занете. Не е секое боледување за лежење во кревет, не е секој должен вам да ви се правда зашто и кога користи боледување. Гледајте си го вашиот живот место да солите памет за туѓ. ако има проблем фирмата ќе си реагира, си има механизми, ако не пак не е ваша работа зашто не реагира. Има нешто што се вика доверлива информација која за работникот ја знае само надлежниот и знае зашто и како отсуствува. Вам никој не ви е должен да ви објаснува.
     
    На *123Bub, Misskirova и Ouravanture им се допаѓа ова.