1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ламбе Алабаковски

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Snow-Queen, 9 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Поп-пејачот Ламбе Алабаковски се сврши со неговата девојка Магдалена, ко­ја живее во Детроит, САД. Ламбе ја побарал за жена Магдалена на тра­ди­ци­о­на­лен начин, на празникот Голема Богородица, пред манастирот "Свети Јо­ван Бигорски".

    "Ку­пив прстен од Битола и ја планирав свршувачката цел месец. Не сакав да биде ништо класично и веќе видено како, на пример, викенд во Ве­не­ци­ја и свршувачка во гондола. Сакав да има духовна вредност и да биде во ма­нас­ти­рот кој ми е особено драг и каде што се наоѓа мојот духовен отец. "
    Лам­бе, и додава: "Магдалена е битолчанка што живее во САД. Ја знам од мно­гу одамна, и веќе две години нашата врска функционира на далечина. Се гле­дав­ме само кога таа доаѓаше во Македонија".
    Зара­ди него, Магдалена, која во Детроит дипломирала медицински ме­наџ­мент, ќе се пресели во Македонија. Сe уште не знаат дали ќе живеат во Скоп­је или во Битола, или на релација меѓу двата града. Сигурно е дека дос­та време ќе поминуваат во неговото родно село Љубојно.
    "Ја однесов Магдалена во Љубојно, и моето семејство многу се израдува на вес­та за свршувачката, особено баба ми Менка", ни рече Ламбе.
    Ид­ни­те младоженци свадбата ја планираат за некоја година. Поп-пејачот до­да­ва дека ова е среќна година за неговата продукција "М2".
    "Пр­ва повлече нога Елена Ристеска, која се омажи во јуни, па по неа јас", ве­ли Ламбе.
     

    Прикачени фајлови:

  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Еми со срека нема им е ....
     
  3. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    113
    "Магдалена е битолчанка што живее во САД"

    Kолку тој што е од Битола толку и Магдалена е битолчанка ! :!:
     
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Ламбе кога бев дете го сакав, нели како и секое друго дете :).
    Сега не ми се допаѓа воопшто. Ниту физички ми е нешто којзнае што, ниту пак има некои убави песни.

    Повеќето му се некако детски, или дали како помала што ги слушав па некако ми се такви. Ептен, ептен просечен пејач. Дури не знам како успеа толку популарен да стане. Ама можеби оти беше на некој начин тинејџерска сензација. Сега мислам дека го снема некако.
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Магдалена е стварно Битолчанка :)
    После се имат преселено Америка со нејзините :) Ова од најсигурни извори :)
     
  6. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Исто така и Ламбе е од битолско поточно од Љубојно. На пријатели наши прв братучед им е. И ако не знаеш ништо, ќутиси.Ова до мрачна.
     
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Има убави песни.Ми се допаѓа.
    Бев и на концертот во Универзална пред 2 години.
    Знае да пее во живо,барем според мене.
    За разлика од Елена Ристеска која после првата песна почнува да фалшира и да ги менува песните со цел полесно да ги испее..
    Нека му е со среќа бракот и нека се врати конечно на Македонскава сцена,недостасува :)
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Ламбе е од Љубојно а Љубојно се наоѓа во Преспа, не во Битола.
    Ми се допаѓаше повеќе, порано, сега немам слушнато некоја негова, нова песна освен таа од минатото лето (која не е веќе нова). Има убав глас, ми се допаѓа ама песните не се нешто нај. Иначе многу ме изживцира кога се претставуваше демек е од Битола. :swear:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Де, може како Битолчанец се чувствува човекот :D :D :D

    Љамбе наш
    голем маШ
    победи на М2 еднаш
    сними албум, врти, сучи
    од обожавателки глава бучи.

    Арен ми беше на почетокот, ми се допаѓаа песните. Овие две посебно:
    http://www.youtube.com/watch?v=DMR-GdK43qg
    http://www.youtube.com/watch?v=qjUhlzJ3L_s

    Ама кога се појави со песни од типот:
    http://www.youtube.com/watch?v=vMYpbUeODGg
    И кога пушти стомак и си направи фризура сладолед, се откажав, кренав раце :D
     
  10. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    113

    Топ си кис4е. 8)

    п.с. Запознаја Македонија првен после коментирај ! (ова од најсигурни извори блиски до атласот и часот по гиографија. ) !
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Ламбе го сакам затоа што има убав и мил глас и исто така и изгледа. Скромен е и добар и не е поврзан со ниту еден скандал. Секоја чест.
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.