Сакам да слушнам ваши мислења на темата Лајка. Односно стационарот што треба да го замени Вардариште.Дали нешто ќе се смени на подобро? Дали мислите дека е во ред тоа што програмата го предвидува односно убивање на 70% од уличните животни? И кој се вашите очекувања од овој проект односно стационар наречен Лајка кој треба да се отвори за 1 месец неофицијално.
Па како што читав, идејата ми се допаѓа. Практично ќе видиме како ќе биде. Јас сум ЗА во секој случај со оглед дека постојат моменти кога ми е страв до продавница да одам, особено зимно време, ноќе, од уличните кучиња. Во наше маало ги има многу, па и со деца кога шетам ми е страв со оглед да неретко знаат да се затрчаат по луѓе. Шилегов изјави дека целта е бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум на начин што ќе обезбеди нивна благосостојба, но исто така ќе гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини. Не прочитав убивање. Ако биде така, јас сум ЗА.
Немам особен коментар. И да постои најубав стационар три се решенијата. Или да се вдоми кучето или да се стерилизира/кастрира и да се врати на улица или да се еутаназира. Факт е дека нашиот народ нема свест за чување (вдомување) животни никакви. Врзи го на 1 метро синџир и дај му сув леб еднаш во денот, е за такво чување казни се плаќаат во странство. Обавезно ќотег, пошо ваков исфрустриран народ ќе се изедеше жив да не беа животинчињата што ги тепаат и на нив исфрлаат гнев бидејќи на директорот на работа мора да му ќутат ко пизди. Да ги враќаш на улица стерилизирани/кастрирани е похумано решение од тоа да ги еутаназираш ама процесот на намалување на бројката ќе трае подолго. "Најефикасно" но најнехумано е еутаназија. За мене е најгадно и најподло нешто да убиеш здраво право суштество на кое му се живее и кое не по своја воља е тука ама секако ние луѓето мора да уништиме се што не ни се допаѓа на планетава
Убивање?????? Нормални ли се бе? Треба да се направи стационар, со соодветни услови за живот, редовни прегледи од ветеринари и вакцинирање. Кој сака, ќе си посвои куче наместо да го плаќа 300-350 евра од Србија. Кучињата ич не се криви шо се на улица, криви се луѓето што без милост ги оставаат, никогаш нема да ја барам вината во кучињата, дури и тие што напаѓаат и касаат ги оправдувам. Си бранат територија. Нив не им е место на плоштад, ама ете тука се нашле. Сведок сум на многу настани каде кучњата се малтретирани а не прават ништо, па се жалат после ги каснало, нека ве изедат.
И јас сум сведок оди намерно го мава со клоца во стомак и кучево го каснало и после плачи по медиуми. Ама гледа Господ
Не се криви, ама врти-сучи од човекот е создаден овој проблем. Зошто во Холандија не е така? Кучето нема да те нападне освен ако не те гледа како опасност. А, замисли низ што поминало за да се најде тука. Многу сум чувствителна на оваа тема премногу сакам кучиња, сум пораснала со нив чувам 3. Не се виновни они и толку ќе кажам.
Луѓето се одговорни што има кучиња на улица. Кучето е целосно зависно од човекот. Мачките ловат врапчиња, глувци, змии, куче не може да улови ништо. Така да кога ќе спуштиш нешто од в планина и кога ќе го припитомиш за свои потреби и кога ќе го направиш целосно зависно, треба да си преземеш одговорност, е после може ти е несфатливо зошто баш ти мора да страдаш заради тоа што некој во минатото направил таква грешка, ама тој некој бил твој прапрадедо, а сигурно не треба животните да ги трпат последиците на нашите себични постапки. Туристи хранат диви мечки и после убиј ја мечката кога ќе се симне во нечиј двор по храна пошо еднаш луѓето и дале храна, зошто да не и дадат пак, од кај знае мечка? Капираш?
Како што читав ќе се убиваат агресивни кучиња. И тие со Лишманија и Штечњак што иначе се лечело ама требало повеќе време. Значи со Лишманија и Штечњак ќе се евтаназираат колку што разбрав. Што за мене е многу жално и тажно. Секој има право да живее.
Исто и не кажаа како ќе спречат повторно да улица да има кучиња кој ќе имаат менѓуша што значи кастрирани и вакцинирани а уствари раѓаат.
И што е најбитно. Не кажаа ништо како да го решат проблемот со неодговорно сопствеништво. Туку само краткорочни мерки. Значи пак секој кој сака ќе може кога ќе му здосади да го фрли кучето.
Има терапија и за болните. Јас моето од парво го излечив што е со 80% смртност, ама некој да плаќа треба. А на тие што ќе им се здосади кучето ќе го дадат таму, а не на улица или автопат да го пуштат
Да ама тие таму нема да седат. Ќе го проверат дали е здраво и ќе го објават за вдомување. Ако не се вдоми за неколку дена оди на улица. Барем јас така разбрав. Ако е болно се евтаназира ако за 78 часа не го земат активисти. А ако е од улица се карстрира вакцинира и пак на улица. Така јас разбрав.
Јас сум против убивање на кучињата, подобро е стерилизација и обезбедување на куќарки и храна во доволни количини барем да не се гладни за да стануваат агресивни и напаѓаат.
И јас сакам кучиња, но мислам дека не си у право кучето не напаѓа само ако гледа некој како опасност, кај нас кучињата се малтретирани, тепани, изгладнувани чувани дома и малтретирани па пуштени надвор и така во круг и ќе си го изеде некој без врска што никад не кренал рака на куче (знам сигурно 5 луѓе кои се големи љубители на кучиња, а биле каснати од куче). Што се однесува до Лајка мислам дека е тотална утка и уште една шанса за перење пари на штета на безгласните. Нешо као многу осетлив наш народ и жалостив па као сите хуманитарци станааа, а се перат пари на велико. Најразвиен невладин сектор иаме, а ништо не е мрднато тоа дебатчињата хуманитарните акции се само заматување очи и начин за земање пари со брбљање на празно, фино.
Напаѓаат и непровоцирано. Така ме има каснато куче. Меѓутоа никако не сум за убивање. И покрај тоа се уште сакам кучиња. Тие никако не ми се виновни што некој му здосадило и ги пуштил на улица. И да е најубав и најхуман стационар, не е целосно решение. Јас сум за да почнат да се казнуваат неодговорни сопственици. Да се воведат построги закони за заштита на животните, како и граѓаните да бидат поодговорни и да пријавуваат злоставување на животно.