Луѓе помагајте! Кучето ми е старо 11 години и има бактерија која морам да ја лечам со апчиња издробени и ставени во шприц. Ама тоа сиротко од пусти страв бега кога ќе го види шприцот. Храна не сака да види јаде по малце и неможам да ги ставам лековите внатре. Вода пие фала Богу. Ама неможам ни таму оти мирисаат лековите. Мака мачам со што ме пробав да му дадам лек, секој ден се поагресивно е и пробува да каса затоа што го држам за главата. Од почетокот такс беше.. Ветеринарот ми рече ако не го прима лекот ќе умре А премногу сум поврзана со него...
Не сум експерт за кучиња и општо ветерина ама прво што ми паѓа на памет е да му го даваш лекот заедно со месо, тоа сигурно ќе јаде. @Papillon.Papi има искуство со кучиња, можеби ќе знае што би помогнало
@TheFlashGirl Ветеринарот од шеќер да не ти е? Тој треба да му дава секој ден лек, не ти. Затоа ги плаќате, тоа им е професија. Однеси го кај друг ако не прифаќа работа. Така е тоа, напиши рецепт, наплати и лади си го, сопствениците нека му берат гајле. Непрофесионалност.
Мора да е издробено? Цело апченце бутнато у саламче ти е подобра варијанта. Секако ако не мора дробено..
Имав слично искуство со болно куче. Измешај смеса од млеко и мед (сосема малку) и издробените таблети (ситни) стави ги внатре (по препорака на ветеринар). Наместо шприц, користи мал сад, бидејќи има страв од него и можно е и на овој начин да одбива да го прими лекот.
Истото му се случува на моето. има 11 години исто. Ние на моево му го мешаме со зденка, го јаде. На почетокот му го ставав во салама, ама почна да го плука, а ова со зденката успева.
Не сака месо, ништо, многу малце јаде, а сака да јаде, исплашено е Моето беше ептен стрвно, сега не сака ништо а ќе пробам и со зденка. Фала многу Ветеринарот ми рече никако со млеко, и дека за три до 5 дена ќе почне самото да си јаде.. ама еве не сака. Најдобро да пробам со млеко и мед па се надевам ќе почне да јаде. Фала многу ' Многу го фалеа овој ветеринар и затоа него го побарав. А и баш немаме многу избор тука. .. Фала Не мора да е добено. Ама не сака да јаде. Ептен малку јаде
Која е дијагнозата? За каква болест станува збор? Колку време трае лекувањето и колку време трае овој проблем? Кутрето е сигурно во голема болка чим каса и напаѓа. На моите миленици дирекно во грло им ги ставам апчињата и нема не кај мене, а и двете се тврдоглави животињи (териер и мачка). Треба во ептен големи маки да бидат за да каснат.
Има ерлихија. Една недела е болно. Почна со крварење на носот. Веднаш викнавме ветеринар. 30 дена мора да се лекува. Вибрамицин пола капсула, ХемоВет и Хепа Витал. Со териер можеш да се справиш? Браво !!!! Еј јас со пудлица мала неможам!! Значи до мене е дефинитивно треба брзо да реагирам додека се освести што сум направила веќе ќе завршам работа. Фала многу ми даваш сила! Да издржам заедно со него да се излечи
Ердел териер, цели 25 кила. Нема мазење и лигавење. Побрзо да оздрави, се надевам ќе ти помогнат некои од советиве на темава.
Браво! Секоја чест! Се надевам едвај чекам да оздрави, еве почна да лае по други кучиња шо шетаат низ маало.
@TheFlashGirl Ќе држите двајца, у уста првин дрво дебело ќе му стаиш хоризонтално и ќе ја држите главата нагоре со голема чупалка спушташ до грло или здробено у шприц ама голем за да не те потфати. Евентуално, купувај од ракавиците железни што се против пресекување, ама цели железни да се. Јас така сум давала со железни ракавици.
А за паразити како им давате апчиња? Мојот 4 год има и си доби навика од мал без проблем голта апчиња, баш ради тоа што на 3 месеци прима за внатрешни паразити.
Е ова со железни ракавици мислам ќе биде. За дрвото слично каивчето си го грзаше и така му имам дадено лек.Ржи ама кога си го гризаше каивчето (од маската) тоа беше најлесно до сега. Каде можам да мабавам железни ракавици?
Тоа беше кога го земавме кога имаше 40 дена од тогаш ништо.. ни се разболело ни ништо..затоа поима немам сега како да го лекувам. Секогаш си јадело и месо и кучешка храна дури некогаш сакаше и само леб да јаде. Вода секојдневно си пиеше и кутичето шо пиеше му го миев со врела вода Никогаш не било болно, затоа сега на 11 години наплати за сите Бтв денес касна малце и стрикно од моја рака баш се израдував
Апчиња за паразити се даваат на 3 месеци. Не само еднаш цел паразитски свет може да створи внатре во него ако не прима, без разлика каде го чувате.