Лесно се откажувате или сте упорни во својата цел?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KatyErnshow, 21 февруари 2011.

  1. KatyErnshow

    KatyErnshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Секој може да изгуби битка...Прашањето е,дали си подготвен да ја изгубиш и војната,или никогаш не се откажуваш? ;)
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Зависи колку е важна за мене таа битка. За ситници и не се замарам многу но кога нешто ми е важно одам до крај и секогаш гледам да успеам во зацртаното :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се откажувам, дури и за ситници сум упорна, но некогаш тоа ми е голема пречка во животот. Премногу време посветувам на неважни работи и на личности кои не вредат... :?: Ќе се обидам да ја сменам таа моја карактеристика ;)
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Човек треба да е секогаш подготвен и свесен за тоа дека во животот може да изгуби се, затоа што тешко е да изградиш нешто, а многу лесно е да го уништиш.Би требало да е навикнат да губи и да добива,што е најдобро, отколку постојано да е убеден дека секогаш победува, затоа што тогаш потешко го прифаќа поразот.Во принцип не се откажувам лесно,упорна сум во својата цел,но истовремено сум свесна и подготвена дека можам да изгубам.Меѓутоа победата и поразот, како и слично на тоа е само резултат на баланс во животот,рамнотежа,во контекст на тоа што го напоменав претходно.
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.700
    Допаѓања:
    4.131
    Зависи.. Зависи од важноста на поставената цел, тежината но и не мора да значи. Некогаш можам да излезам на крај со некоја тешка работа, а да се откажам од ситници, но тоа секако е зашто тие не се толку важни па јас многу да се вложувам во нив. ;) Но, некогаш заради нервоза и исфрустрираност знам да се откажам од некоја работа што многу ми значи, притоа убедувајќи се дека не е ништо важно и така и ја оставам. И би требало да ја сменам оваа моја карактеристика. Сепак, задоволството, еуфоријата, дури и наградата откако сте ја извојувале својата борба па дури и војна се едни и ве охрабруваат да продолжите понатаму. Па, затоа, кога ќе се зафатам за некоја работа и веднаш сакам да се откажам, се сетувам дека на крајот ме чека нешто вредно, за кое вреди да се бориш! ;)
     
  6. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.625
    Не се откажувам, во никој случај...Во животот се владеам според она ако си упорен во нешто и вистински го сакаш ќе го добиеш...исто како и она, ако паднеш првиот пат, тоа е причина повеќе да пробаш повторно со веќе здобиено искуство. Ако се откажував немаше да стигнам до таму кај што сум сега моментално. Тврдоглав сум за такви ствари....Обично се понесувам од мислата, ако можел некој пред мене, можам и јас...Што е таа личност повеќе од мене за да може он а јас не? Улога тука играат и егото и самодовербата, но како и да е, не се откажувам...Упорен сум се додека не ја исполнам целта според моја сатисфакција...Звучи арогантно, но тоа е жалната вистина..Ако сам не се избориш за нешто, никој нема да ти го поклони...Напротив некој ќе гледа да ти препречи во целта....А твое е да поминеш низ сите тие препреки за да стигнеш до потребниот резултат...
     
    На karina8, Angelche, klaudija90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    17
    Не се откажувам од она што сакам да го постигнам и она што ќе ме направи среќна.
    Бидејќи имам повеќе цели и замисли и зацртани мисли, упорна сум во она што го сакам. Но не секогаш успевам иако сум упорна, постојат пречки во животот нормално, искушенија во кои лесно паѓам, но и лесно се издигнувам на нози. Во главно животот е таков како што е... понекогаш си завудувам, а понекогаш и се разочарувам, што е и многу нормално :)
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    сум таква личност што на се обрнувам внимание, се ми е важно и НИКОГАШ не се откажувам од тоа што сум го намислила, па колку и да ми е тешко, и да се мачам и да немам сила.
     
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Зависи но 95% од ситуациите, сум упорна во својата цел :P
     
  10. elenastoimanova

    elenastoimanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Koga sakam nesto uporna sum do kraj ne se otkazuavm taka lesno, dobromoze da zagubam bitna no ne i vojna nema sansi :)
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Препознатлива сум по својата упорност и по тежнеењето да бидат работите по мое. Но, ако целта е мизерна, ако од неа немам никаква емоцинална (а камо ли материјална) корист, тогаш кревам БЕЛО знаме, кој сака нека победува, јас го напуштам рингот.
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    11.253
    Пол:
    Женски
    Кога нешто ќе намислам мора и да го остварам.Но понекогаш за жал, постојат многу фактори кои непланирано влијаат врз остварувањето на целта.Во глобала, мојата упорност досега во повеќе случаи ми се исплатела. ;)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Упорна сум до оној момент до кој има смисла да бидам.За многу нешта сум била и претерано упорна и сум дошла до целта.Но,кога веќе постојат фактори надворешни или виша сила на кои никако нема да успеам да влијаам се тргам настрана,има ситуации каде победата била навидум пораз,па и обратно.А понекогаш се менуваат и целите,така да ако немам повеќе интерес да ја остварам таа цел,ја бришам од листата или ја преформулирам,ако дошло до измени на целта или начинот на нејзино остварување.По природа сум борец,но мудар :!: -кој се повлекува кога битката веќе не е негова и не се бори никако за туѓи цели и интереси.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.515
    Скоро никогаш и не се откажувам... Секогаш се борам да успеам :)
     
  15. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Зависи.. од мноогу фактори, но позната сум како личност што не се откажува додека не ја исполни целта. :P Не значи дека буткам ѕид со глава, ама ако нешто навистина ми е зацртано и мислам дека вреди да се исполни, барам начини за исполнување. Фала богу полна сум со идеи, не знам што ќе правам кога ќе снемам инспирација :)
     
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    7.635
    Како помала,кога ќе наидев на потешкотија се откажував веднаш.Но откако се изградив како личност,наоѓам начин за исполнување. :)
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    547
    да се откажам???нема шанса, се дури не го остварам она што сум намислила никако откажување :devil:
    и мислам дека сите треба да бидат упорни во остварување на некоја цел, а не да се откажат уште не првата препрека :@
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Ако навистина се уверам дека она за кое се борам вреди - се борам до самиот крај...и досега овој пристап кон животот ме нема разочарано. :)
     
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    191
    Кога сакам... ехехеххе кога јас сакам нешто да направам, ќе го направам, па да се сврти светов наопаку :D :D :D Ко што вика мајка ми, кога ќе запнеш за нешто, тешко на сите :D :D :D
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    секогаш упорна во својата цел, но некогаш знам и да се откажам доколку ја изгубам енергијата за нејзино остварување.

    во принцип упорна, кога ќе наумам мора да биде така порано или подоцна и да се откажам знам дека на крај ќе истуркам и остварам својата цел.