Здравоо женски. Не знаев каде да ја ставам темата, па затоа отворив нова, нека поправи модераторот ако згрешив. Има некој што ќе почнува со програмата на Ана Стојанова или пак што веќе била во првиот предизвик? Слушнав многу убави коментари и постигнати резултати од првиот предизвик, па решив да се придружам на вториот Како плус мотивација сите да си дискутираме овде за рецептите вежбите, па се надевам и постигнатите резултати За оние коишто сеуште не знаат, Ана Стојанова е мислам фитнес инструктор и нутриционист, која сега прави целосна исхрана и вежби, режимот трае 30 дена и кошта 690 денари. Може да ја најдете на фб и инстаграм, има објавено многу пред и потоа фотки од членки, баш е мотивирачки тоа. Па се надевам ќе се дружиме во вториот летен предизвик
Јас Ана ја знам постојано заследува на инста па чека да ја заследете па одма она ве отследува Многу глупаво знам
Не знам каква личност е, имам 3 блиски пријателки презадоволни од првиот предизвик, па може е добра во тоа што го работи
Прави целосна исхрана индивидуално или една исхрана важи за сите? Ако е една за сите тогаш е глупост и не фрлајте ги парите на такви неодговорно смислени програми.
Како може Ана да знае на кое тело каква исхрана му треба? Секое тело е индивидуално и е неодговорно да лупнеш една исхрана што сите ќе ја следат, а сите се со различни потреби и проблеми. При толку бесплатен материјал на интернет, нема шанси 700 ден да фрлам на глупости. Нездрав е таквиот начин на слабеење.
Гледам има доста позитивни коментари и резултати од првиот предизвик и некако залажува да се приклучиш. На сторињата и по емајл ми остави впечаток на многу фина и посветена женска арно ама кога пред некое време бев решена да купам нејзина програма видов дека со мојата картица не можам да уплатам и и пишав. Така набрзина ме откачи, а и понудив секакви опции да платам и ме разочара. Да беше некој друг мислам ќе се потрудеше малце да помогне.. да си ги земе парите де Инаку има доста муабети дека ги купува програмите од светските фитнес инструктори и ги препродава, незнам колку е точно ама јас верувам.
Во право си, ама ете лично мене баш тоа ми одговара. Преоптеретенс сум со работа, обврски, курсеви и големо олеснување ми е некој да ми каже секој ден што да готвам во мојот саат ипол слободен за готвење, па и да си го платам тоа. Ми се допаѓа тоа што не е строг режим, имаш убави оброци секој ден и се баш нормални јадења што мислам дека секој организам би ги прифатил. Плус имаш можности за промени на некој продукти. Темата ја отворив за мотивација на членки во ова, а не да дискутираме која е Ана или колку е професионална. Сепак секој има право на свое мислење
Поарно ќе ги дадам парите од некоја светска блогерка да купам програма и тие не се многу скапи, исто на јутуб имаш премногу бесплатни сигурно нема да и дадам на Ана пари. И мене ми е антипатична иста ситуација имав каде што ме заследи само за да собере фаловерс и по некој ден ме одследи од кога ја заследив. Многу нормално анфалоу доби такви не заслужуваат мое внимание каде што собираат на таков начин фаловерс. Бар не ги одследуј тие што те заследиле...
Имам слушнато дека програмата и е купена од некој странски нутриционист и она ја препродава истата на сите, плус тоа и не е дипломиран нутриционист.
Па не се ни нејзини,ги купува. Сакам да кажам не се лажете да и давате пари на неа,отворете гугл едуцирајте се повеќе за здрава храна,многу вода,што треба да се избегнува, вежбајте неколку пати во неделата и тоа е тоа. Chloe Thing има бесплатни програми за вежбање на нејзиниот сајт.
Си има она други да залажува не си само ти. Не сум само јас или само ти ехее колку народ има што и плаќа со тебе ќе се замара или со мене пр.
Одговорот е јасен нема да платиш, отворете некоја од нашине фитнес блогерки и ќе видите само колку здрави рецепти имаат ако ви е до храната
Не е само дај ми напиши ми диета мени и толку. После ќе треба со месеци така да се исхранувам да пазам.
Ај тоа и трансформациине ми се сомнителни, можно е да го кренеш газот оп за 4 недели а стомакот и спојлерчињата да испарат? Шо знам... Па и уште парични награди дели од 100 и 200€ за трансформациите од 4 недели.
Како да не, парични награди Претходното лето исто имаше предизвик и за најголемата трансформација наградуваше 500€, ако ги доделеше сигурно ќе објавеше на инстаграм кој/кога добил. Сега па со 200€, нема грешка.
Ана е многу бледа копија од американските тренери. Ја препродава нивната програма и тоа за поскапо. Вие и без програма ако решите 6 недели да бидете на некоја диета, и да трчате ќе ослабнете 3-5 кила, затоа тие сликите пред и потоа се тотално неверодостојни. И не може да им дава ист план на исхрана на сите зачленети. Имате YouTube, имате инстсграм, имате Гугл, тука се ќе најдете за без пари.
Резултатите од програмата на Ана и резултатите од програмите на Клои Тинг се исти. Програмите на Клои се бесплатни. Just sayin'. Секој може да одвои малку време и да прогугла за да се едуцира во врска со нутриционизам при што ќе си создаде свој план кој може да го тестира одреден период за да знае дали ќе му одговара. Мислам дека и Ана ја имам слушнато како ги убедува дека секое тело е различно и секој постигнува различни резултати а од друга страна на сите кои се приклучиле на програмата им дава ист план за исхрана...