Само да кажам! 1лажица маслинов зејтин има 50 калории, и маслиново не е баш безбедно. Според ова што го кажуваш, зошто алергичари се дебели? Не треба да се, се хранат како што треба. Не е така едноставно, има и во комбинациите нешто. Јас стварно не знам зошто коментирате лошо ако не сте кај Ана на програма, ете не нас кои сме задоволни остајте не да си коментираме и готово, отворете си тема за хејтање и хејтајте до миле воље. Безвезе е.
Уште да речете "Ама за луѓе со фенилкетонурија не е програмава" и да завршиме со муабетов. Нешто знам за програмиве нејзини, познаничка вежбаше по една од нив и онака имаше резултати, башка и си ги запишуваше тренинзите и си продолжи уште некое време после. Патем и ја се согласувам дека можете и сами да си направите свое планче за исхрана по она што вас ви годи и има планови и за вежбање по нет. Затоа пак ваквите програми како на Ана и слични се за луѓе кои се малце повеќе од почетници, имаат познавање од метаболизам и основни работи од фитнес, владеат техники па ваквата програми им е како проба, а не за некои што едвај неколку техники совладале и не знаат ништо ни за исхрана. Ама ниту пак се согласувам оти мора и огромна сума пари да фрлиш за да бидеш во форма освен ако решиш професионално да се бавиш. Доволно е да си во форма која оддава дека имаш здрава форма на мускулно и масно ткиво и можеш да обавиш просечен тежински или кардио тренинг, што го постигнав и дома. Дека беше лесно, не. Ама не чекав на тоа некој да ми меле, запнав и научив. Што се однесува до нутриционистите, пред неколку години тек се воведе смер Нутриционизам на ПМФ, така што тие досега неам појма кај завршувале. За медицина овде дознав дека доктор не е битно да знае биохемија, па не знам со кој памет без познавања од биохемија ќе даваш план за исхрана. Нутриционист треба како песна да го знае цел метаболизам, метаболички патишта на секој макронутритиент, а не само кое каде го има, па да истресе некој бисер од типот - од масни киселини глукоза ќе создадеш во телото. Затоа и лично и да би имала пари не би отишла барем кај било кого пред да се осигурам дека стварно си ја знае струката. А ова од Ана ми се чини се идеи за оброци, не се лични планови за исхрана.
Во споредба со брилијант зејтинот маслиновиот ладно цеден е сто пати поздрав. Од толку работи ти за зејтинот се фати па не реков да го сркаат.
Од колку работи бе срце, знаеш ли колку работи ги кажа а ништо не кажа. Битно е леб, млечни, благо и толку, имав една другарка не јадеше леб ама мскаше цезар салата секој ден јер салата и пилешко е, сосот и кубетите никаде не ги ставаше. Лебот не секого му смета и не секој леб дебелее. Влакната од целозрнестиот леб се итекако битни и потребни. Без благо, на долги стази, без шеќер да го храни мозокот, нешто ќе рикне, дали ти, дали нервите твои, нешто ќе отиде. Не е се така едноставно ко што мислиш. Умереност, тоа има во програмиве по кои толку жени тргнаа. И успева ова, зошто ем јадеме убаво и квалитетно ем слабееме.
Кај пишав да не се јаде леб? Кажав да не се претерува и по можност да не е бел. Ако мислиш дека млечните производи се здрави ти појма немаш. И чоколадо може да се јаде но црно од 70% какао нагоре. Сфативме дека си дојдена Ана да ја рекламираш
Шо не ќе прочита човек значи 90% од горе пишаното нема допирна точка со праксата. Теоријата не се софпаѓа со праксата. Јајцата без разлика дали се домашни или купечки тие содржат отрови пред термичка обработка. После обработката се губат отровите. Пилешкото е најчистиот протеин и не постој подобар макронутриент кој можи да ја замени храната. Години уназад внесувам по 700гр месо секој ден и по 20 белки дневно па досега фала богу сум немал проблем со хормони. Ако некој неможе да јади месо или јајца, нека јади риба и нека додај говецки протеин во прав.
Јас сум на програмата и искрено сумата пари која ми оди на исхрана е најнормална. 1000 денари за јадење неделно, тоа е нецели 150 денари на ден, живо џабе. Дали озбилно кога не сте на програма поминувате поевтино од тоа? На списокот за пазарење има најнормални работи (мелено месо, стек, риба, зеленчук секаков, хумус, моцарела, туна, просо, апсолутно ништо фенси). Едино дополнително што може да го сметате за скапо е авокадо (ама ќе купиш едно, нема 10), грчки јогурт и протеински пудинг.
За вежби да, ама план на исхрана кај има онлајн? Со храна од нашево поднебје, а не со аргентинско оревче и марсовско глуварче.
Пропуштив рок за да се пријавам кај Ана и баш ми е криво, предходно имам учествувано на летните предизвици кај неа и супер поминав. Има ли некоја што моментално е на програмата Инста фит и би сакала да ми го прати само менито за исхрана? Фала
Според мене имате многу курсеви каде што може да научите повеќе за нутриционизмот и да си се усовршите самите и самите треба да си го познавате вашето тело а не некоја Ана,Клои и некои други личности. Све што треба да знаете е дека треба да се храните здраво дали на некој му се потребни повеќе протеини или помалце повеќе јаглерохидрати или помалце вие сами треба да седнете да прочитате што за што е а не да се држите на некои програми што ќе ви траат реално 2 месеци после да се втаите на старото или да ви биде во паметот чек денес треба толку калории да внесам не треба да се оптеретувате со калориите сами треба да сте свесни за внесот на калории помали оброви 3 пати јади или ако немате време 2 оброци со малце поголема количина или кога ќе ми кажат после 6 не јадам само вода пијам можеш да грицнеш пуканки ако нејќеш да јадеш јадење. Сепак не треба да се оптоварувате со програми на луѓе што ве манипулираат сами седнете прочитајте бидејќи вие си го знаете најдобро вашето тело а не некој друг и вежбајте си.
Или на крај платете си добар тренер што ем ќе бидете мотивирани ем одма ќе си имате резултати и ќе си бидете задоволни ќе си вежбате во теретана и ќе научите нешто повеќе барем со нив ќе комуницирате за вашето тело а вака преку програма не комуницирате со нив не знаат што ви одговара што не. Мое мислење.
Јасно ама за личен тренер да си најдеш е минимум 9000, плус членарина во теретана. Ај да не зборам дека во теретана не стапнувам со корнава, нема шанса, тоа ми е НЕ. Ај еве да речеме да нема корона, значи 9000 плус исхрана што ќе ти даде, ќе биде 10 000ден месечно секако. Не ги зборам на памет бројкиве 2019 година прашував. Епа 19000 ретко кој може да си дозволи. Ајде парите на страна. Патот до теретана и назад, ограничување со работно време на теретаната и ред други пропратни работи. Вака од дома кога сакам си вежбам, т.е. кога можам. Башка што се по 20 мин секако имам мотивација да извежбам. Јас како мајка, што работи од 9 до 17 теретана е незамисливо нешто. Зашто после 17 ако идам во теретана, гарант во 19ч ќе се враќам дома уморна, додека се избањам средам, јадам, детето кога ќе си го видам?
Тоа си во право дека е скапо меѓутоа ќе знаеш што ти одговара а што не и ќе имаш комуникација со тренерот (слабеам се дебелеам ова ми одговара не ми одговара) јас немам ништо против некои вакви онлајн тренери ама да ти посвети внимание и све од мое лично искуство вежбав 7 години си правев трансвормации сама си истражував иако бев премногу зафатена со фак со раб сама истражував што бара моето тело што му смета не сум флала пари 1 месец само идев во теретана и тоа ми сметаше што има гужва си направив дома сама мини тететана не да се билдам да бидам со стомачни што не го ни сакам меѓутоа за 40 дена од 72 на 55 после само затегнување и одржување на телото (сега поради тоа што сум трудна прекинав ). Си запишав мини курс претходно за фитнес внатре имаше буквално све од нутривионизам до правилно извршување на вежбите и ред други ствари бидејќи ме интересирало а никогаш не сум правела програми на луѓе само сум давала совети. Сакам да кажам дека секој може сам ако е упорен и ако има желба без некои програми ако почнеш да си го учиш телото.
Jaс ја симнав и втората десетка, за 6м минус 20 кила и откако почнав да се мерам во обем повеќе од 34цм се веќе. У фотељата на работа се губам, а претходно бев така на граница на кнап. Стаив стори утрово и имам преку 20 пораки за поддршка. Од цела програма само со смудито денешно имам мака, ама лесно е, го мењам со обичен овес со грчки јогурт и 1 јајце.
Јас да се приклучам на муабетов. Да сум одела на нутриционист кај Ема пред бременост и се беше океј пофални зборови за жената. И сум била најредовна во теретана со тренер и сето тоа имало одличен ефект врз мене и моето здравје. Али пред да имам дете кога имав слободно време и финансии кои беја само за мене пола плата за храна и суплименти кои добро знаете нутриционисти што све дават плус и тоа чини пари, башка тренинзи и суплименти од теретана. Поради неможно од време, а и финансиски да се изложам на толкав трошок за мој ќејф (без здравствена причина) туку едноставно за добро тело се одлучив за Ана океј ми е девојката (не сум во фб групи и такви срања) има денови кога ги заменувам оброците со мои оброци со тоа што си мерам калории и знам колку треба да внесам цел ден. Зошто менувам е причина што има не баш балансирана исхрана еве како што викате јајце три дена со ред па тогаш менувам со некоја намирници секако здрава ( не јадам бурек) Две недели како што сум имам ослабено 4кг без вежби. Од денес почнав со вежби на бубало. Не дека сметам дека на Ана се несоодветни туку ќе ги ротира и нејзини и на бубало и тоа што ги има споделено на инста не дека платив за посебен план на вежби. Така да не мора по секој да се '' плука'' ако се сака се бара начин како најлесно, најефтино, најпристапно да се постигне целта. Кога започнувам на каква и да е исхрана дали од ана или нутриционист земам суплименти за имунитет ради што веднаш кога мењам стил на исхрана настинувам. Мој совет оставете секој човек да си ја работи работата во кој тој смета дека е добар. А твое е дали ќе му дадеш шанса или не
Од сите што баратате со "макро" и став дека не си имал проблем до сега, едуцитај се што значат 700 гр и 20 белки, а говеЦки све ми кажа. Не ги носи луѓето во заблуда. Ти може се пумпаш до степен за пукнеш, ама твојава исхрана е далеку од здрава и нормална. Имаш време да промениш.
Некој си платил, ти гага, па и пиратерија. Браво. Може да не се согласувам, ама вакви работи многу ме нервираат. Не се во ред. Сериозно ако шерувате јузери и информации од програмата, каква сака нека е, не е во ред! Некој инвестирал, правел, за да се гагате? Сте пропуштиле, тоа е сега. Не видов хејт никаде во коментарот. Подобро за има здрава дискусија, него ли да паѓаме во несвест. Човек што има дисциплина може сам и многу повеќе, остајте ги луѓето да си го кажат мислењето. Тебе некој ти брани да си ја кажеш импресионираноста? Не. И во суштина во право е. Нема Ана цел живот да биде нечиј мотиватор, ако промената не е видлива кога си "сам" во приказната, лесно се враќа назад. А што се однесува до калориите, има разлика од калории во масти, калории од протеини и калории од јх, не ги мешајте работите. Си веслам орбитрече, си вежбам јога, кога ми е ќејф комбинирам вежбиве чисто да разбијам монотонија. Пилатес вклучувам, храна модифицирам како што пишав. У суштина не знам шо праам во групана, така да неам шо да додадам. Но поштено си платив. Мене у суштина многу повеќе ми е одбивна еуфоријата, отколку се друго, во суштина со модификации функционира. Девојката е сосема ок, искулирана е, гледам и дека прифаќа сугестии од анкетите, сталожена е, скроз во ред. Ама затоа поедини членови... да ти одмили и све да ги е потаман.