Не сакам да се откажам, зошто? Оти 2 дена вежбите ми се монотони? Не е причина, така ако се откажувам од секоја диета и вежбање, нема крај. Сум била и на летен предизвик кај неа, и бев многу позадоволна.
Затоа што викаш дека не плати да вежбаш со вежби од YouTube, ако мислиш на Кике и Соња, не знам што ти значеше тоа.
Оти јас и реков да си најде вежби на YouTube, ако и се монотони вежбите кај Ана. Вежби се, се повторуваат серии, нормално дека ќе има и малку монотонија.
Не мислев воопшто на нив, не знам како стигна до тој заклучок. Мислев на тоа дека вежбите за стомачни и горен дел од телото се монотони во споредба со тоа што го имаше на летниот предизвик, ми фали музиката што ја имаше, највеќе тоа.
Тоа "монотоно" вежбање баш е такво како што треба да биде. Не знам многу за Ана ама конкретно за ова, голема грешка на луѓе неискусни во вежбање е што пример неделава вежбале едни вежби првпат, веќе следната менуваат други, па третата трети итн. За резултати е потребно телото прво да го навикнете на еден сет вежби кои се со сличен интензитет и тежина, после да смените. Затоа програми за вежбање се всушност дадени во една недела, па со тоа тераш да речеме 5 недели, по што менуваш.
Сконтав откако Анатх ми пиша. Ти си се надоврзала на нејзиниот пост. Иначе следам неколку фитнес тренери и сите имаат ист терк, 4-5 вежби кои се повторуваат во 2-3-4 серии, кратки и ефективни тренинзи, не повеќе од пола саат. Стрикно ја сакам многу Кајла Итсинес, има ептен јак програм, плаќаат страшни пари луѓе за кај неа, и на неа и се слични и вежби и интензитет и се. Најблиску до на Кајла вежбите ми се овие на Ана, Бубало ми е потешка, а другите ми се лајт ептен.
Ќе вежбаме и јадеме по програмата, до сега немам прекршено ништо ни храна ни вежби, се надевам иако се кратки тренинзи и има за јадење, ќе има ефект. Не барам 10кг, долно е 2-3 за еден месец со ова темно ќе сум презадоволна. Знам дека не е се во килажата и бројките на вага, да има разлика во тело, обем. Храната ми де допаѓа ептен, све ми е вкусно све јадам, во саботата ручекот со спањак и праз ми беше врв оти одамна немам јадено такво нешто, ептен ми беше слатко. Само смутињата наутро ми се малце проблем оти повеќе ме разјадуваат, за пола саат сум погладна од што сум била и тешко ми е на желудникот. Никогаш не сум јадела нешто благо за доручек, секогаш преферирам солено.
Јас првиот програм симнав 15 кила за 8 недели. Ама јас имам многу, уште најмалку 10 да симнам, досега 25 симнав.
Браво, тоа е мноооогу килажа. Јас немам толку ќе ме снема ако ослабам 25 хахах. Моментално сум 73кг, а висока сум 177. Идеална тежина ми е околу 68. Од септември навака се поправив многу, инаку на летниот предизвик во 2020 бев јас, тогаш за 2 месеци 4-5 кг имав ослабено. Проблемот мене ми е што ном стоп сум вака ослабам некој 4-5кг па после некое време полека полека вратам пак килажа. Не знам да одржувам горе доле последните неколку години. Пролет лето послаба, зима обвз качувам.
Пуканки ти е подобра опција од чипс, но едно мало тањирот и со многу малку сол и без путер. Проблемот кај пуканките е количината, да не се претерува.
Нормално дека јас, планот е со денсов да го симнам стомакот. Денсот е ко што сфатив предвесник на летните и за слабеење божем е повеќе. Ќе видиме, јас најмногу ефект видов од летните.
Девојки јас сакам да ве прашам колку пари е кај Ана за предизвиците? И ме интересира од што воглавно се состои исхраната, бидејќи јас доста работи не јадам, поготово зеленчук, па да не ми бидат џабе фрлени пари.