И јас ќе ве дружам од утре Менито за понеделник е супер, сега ручекот ќе го правам, вака вкусно ми изгледа. Ужината утре ќе ја додадат или како? И кога ја јадете ужината после доручек или ручек? Ќе се бодриме тука заедно, среќно на сите! ❤️
Женски со лесно! Не брзајте со ужина, дајте прво да почнете да се чистите после ужина. Ќе ми недостига многу тој дух во група, ептен помага дружбата. Држете се до менито, 4 недели се само, се трпи, после полесно ќе биде. И не скокајте оброци, не правете од старт замени, издржете 1 недела само на програма и ќе ви стане јасно кои се бенефитите.
Се супер, ама зашо толку ја тупат со мениво? Државна тајна... Нека го објават за цела недела и да си пазарам. Знам објавија шопинг листа ама мислам за сите е подобро кога постепено би ги купувале намирниците.
Ако споредиш со домашната храна ич не е многу. 1 ќесе овес ќе го користиш цел предизвик, 1 фета најверојатно ќе ти стигне за минимум 3 недели пошто се јаде по само 30гр, 1 хумус исто, стек нема да ти треба поише од килоипол за цел предизвик, нека е и 600гр мелено, 1 авокадо на 2 недели да купуваш, 1 тегла наут за цел предизвик ако не ти стисне, 2 туни големи најверојатно, е зеленчук и овошје ќе купувате попатно, или смрзнато 1 ќесе за цел предизвик... Првиот предизвик кога пазарев потрошив за се 2400ден, кога заврши предизвикот имав уште од намирниците за втор круг па само докупив. Не е голема разлика од секојдневното мени и ако грицкаш редовно нешто, ова ќе ти излезе и поефтино. Сепак од искуство зборам, до денес точно 1г со Ана. Е и мене ми фалеше да го имам менито порано ама тоа е што е, сигурно има зошто.
Не, се тоа ми е јасно. Кога си ориентиран на тој начин на исхрана секако е подобро и поевтино кога имаш во фрижидер разни семиња, овошје, зеленчук, и општо здрава храна отколку чипсови чоколади итн. Но , тоа во совршени услови кога живееш сам, и само за себе си готвиш, па си решен да одиш да ги пазариш најквалитетните намирници.
Ама јас не живеам сама, имам сопруг и дете, дел од оброците ги јадеме заедно, дел само јас. Спремав од сабајле доручек и ручек, еве цела година спремам уствари, ми стана навика. Сега не сум на програма туку си ги вртам старите менија. Не знам, мене ми е убаво, се навикнав, што знам. А се е до навиката. Ако споредуваш чипсови со киноа и тиквичка, нема место за споредба, чипс е кесичка 70ден, ти ќе јадеш сама и толку, со ќесичка киноа 50тина ден и една тиквичка 20ден, исто колку и чипсот, и намирници кои веќе ги имаш дома ќе направиш оброк за 4ца. Со киноа и тиквичка ќе се најадеш, со чипс мало теже. Почнете, стварно не е толкав издаток колку што мислиме, ќе видите. А со тек на време сите ќе се навикнат на тој начин на живот, на исхрана, прелесно е.
Здраво девојки! И јас сум со вас за прв пат Мене најголем проблем ми претставува храната, 70% од менито не јадам. Дали можам да си правам замени со слични калории на храна? И како да си ги рачунам калориите отприлика за храната?
Храната не е само калории, туку и макронутритиенти. Дај му шанса на менито. Иначе јас купував на почеток за цел предизвик, ама после некое време веќе се навикнав и пратев за 3-4 дена да имам намирници и така пазарев. Поготово сега лето иде не стои се толку долго.
Абе девојки не битно, ми дојде некако наеднаш многу намирници, мислев дека е полесно за неколку дена да си купам кога би ги имала мениата. Како и да е, еве го доручекот помина уште прееска, со вежбите завршив, па одам во шопинг
Купувај ден за ден, како ќе ти дојде менито, така. Сега и онака се е отворено, претходниот предизвик се отвораше ден по ден, не цел наеднаш. Иначе предност е што е истото мени цел месец, само ќе има бонус рецепти во третата недела. И јас почнувам со летниов предизвик, малку посериозно ќе си ја сфатам работата. Ја одржувам килажата што ја симнав претходно, сега сакам уште надолу да одам со килажа и да се достегнам. Планирам и да трчам покрај вежбањето, само да видам дали ќе успеам временски да се организирам. Денес наместо дадениот појадок си направив смути од претходен предизвик, од проста причина што морав дома да јадам, на работа до скоро бев зафатена. Мене ми е проблем организирањето на оброците на работа, често само со појадок сум, ручекот ми е доцна, вечерата ми доаѓа пребрзо, а не ми се јаде. Две паузи за јадење немам, не ни можам да најдам време, кога треба да ручам, најзафатена сум со пациенти. А да го поместам појадокот подоцна, тоа одвај издржувам, оти сум навикната најдоцна еден час после станување да јадам. Ќе морам вторава опција да ја направам, и да си го навикнам организмот на тоа, порано немав проблем оти работев во смени по 6 часа, сега сум само од сабајле, по 8 часа.
И мене ептен ми е проблем ручекот. Ниту можам два пати да јадам на работа, ниту некои оброци можам од претходен ден да спремам, а да ручам после работа одма еве, и кога ќе вечерам реално, во 9-10 -.- А јас и појадувам подоцна, пред 10 и 30 тешко... Подобро на 2 да ги поделам со некаква ужина измеѓу, не знам како другачие би го извела цело тоа готвење (а и јадење).
Имаш по страниве ефтини, по 300-400-500 ама рачунај дека се кинат и се ролаат. Така да кога ќе се породам и ќе се вратам на Ана прво ќе си купам ластици од кај неа. Сум ги видела и нејзините и овие ефтините, разлика небо земја. Е не сум ги видела од Али викаат имало убави а ефтини.
Ако најде некој некои проверени од али, нека сподели, мене сите што ги нарачав ми се скинати веројатно се истите евтини што ги збориш.