1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летен предизвик на Ана Стојанова

Дискусија во 'Диети' започната од IAmPresident, 15 јули 2020.

  1. Dorisce

    Dorisce Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Моја грешка, нема факултет за нутриционизам ама сигурно има завршено некој курс за фитнес тренер. Што и да завршила има доволно познавање за да направи успешни трансофрмации кај девојките.
     
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Значи ништо нема,ги купува програмите готови тоа е тоа.
     
    На poppie, ocicka2014, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Има факултет за нутриционизам. Зошто постојат факултети, ако можи така едноставно со курс?

    Таа онака напомпана е во теретана и протеини. Не од вежби само. Без земање на протеин нема да имаш поголема мускулна маса.
     
    На simoncelicius, *Amethyst*, poppie и 6 други им се допаѓа ова.
  4. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Како ја исхејтавте девојката, никој не ве тера да и' ги купувате програмите. Ако ви одговара океј, ако не никому ништо.

    Според мене подобро е да се инвестира во риал лајф инструктор што ќе ти помогне и околу исхраната и ќе може да види дали правилно ги правиш вежбите или не, бидејќи многу е важна поставеноста на телото за време на вежбањето.
    Сум била сведок на голем број девојки во теретана што вежбаат според јутјуб инструктори или платен онлајн инструктор и се на раб да ја повредат кичмата.
    Вежбањето со тежина воопшто не е заебанција и не треба никој да го сфаќа тоа како играчка.

    Ана дава супер совети, има познавање и гледам почнала да ги следи америчките трендови со предизвици, апликации и што уште немаат они.
    Кај нас не е до толку развиено ова, па гледам и повеќето не го прифаќаат како начин на заработка.

    If you are good at something, never do it for free, велат Амери браќата :D
     
    На CameliaMiller, supergirlmb, Dalia93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Оваа е исто како странските фитнес тренери, нутриционисти и слично што се инфлуенсери на инстаграм и продаваат или објавуваат програми за вежбање и исхрана.Ако можат они да имаат толку следбеници, зошто и девојкава да не го проба истото што тие го прават?
    Нуди услуга која може да им помогне на луѓето, не гледам дека нуди нешто штетно.
    Тоа што не нуди индивидуален план се решава со посета на нутриционист ако некому му е толку битно да има посебно прилагоден и строг план.
    Јас ниту ја следам ниту сум ја следела, ама не ми смета воопшто, нека си тера.
     
    Последна измена: 19 јули 2020
    На Marija1143, Dalia93, Juicy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. moon111

    moon111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Како и да е девојката заработи многу пари од овај предизвиков , вака така скоро милионче си зеде . Е сега баш ме интересира исхранава каква е што има толку за јадење? Вежбите тие се на инстаграм има преполно што се снимаат и објавуваат. Сакав и јас да се приклучам на вториов предизвик , амаа се предомислив .
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Храната е доста пристапна и разновидна имаш мени за 7 дена со појадок ручек ужина и вечера, од овес и чиа до здрави палачинки салати јајца авокадо па се до чорби пилешко и говедско месо за ручек. Јас започнав и многу ми се допаѓаат сите рецепти, здрави а вкусни, си пишува на секој рецепт детално како се прави. Исто и се вежбите почнав и задоволна сум, кратко траат ама ептен убаво комбинирани, навидум лесни, ама од два дена се ме боли :inlove:
     
    На Dorisce, Fluffy^-^ и M.laDy им се допаѓа ова.
  8. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Јас бев и на првиот и на вториот предизвик. Менито е само ПРЕДЛОГ исхрана во предизвициве а во тримесечните програми било пресонализирано. Лично сум презадоволна. И јас бев скептик кога се пријавив ама никогаш до сега не сум успеала да го намалам така стомакот колку за 4 недели.
    И да ги зема и препродава програмиве пак и тоа треба да му текне на некому а и зошто да не поддржам некој кој е наш.
    Резултати имаше страшно големи, имаше девојки кои драстично ослабеа а послабичките се затегнаа и голем дел го намаливме и целулитот.
    Вежбите се динамични и ефикасни а групата на фб мотивира многу. Зашто сигурно нема да станам да направам сама толку тешки вежби цел месец ако немам мотивација.
    А и во ова време невреме и те како се погоди вежбањево дома.
     
    На sheis, Оленка*, Fluffy^-^ и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Не бев ниту на првиот предизвик, а не сум ниту на вториот.Тоа е така бидејќи немам вишок килограми и не ми е потребно мени за исхрана.
    Девојките што се приклучиле на предизвиците не ги нарекувам наивни бидејќи можеби им е полесно кога имаат план за секој оброк, со однапред купени намирници за цела недела.
    Ја следам на Инстаграм и јадењата изгледаат баш вкусно и мотивирачки така да им посакувам среќа на сите да си ослабнат.(hollest)
     
    На Kimberly11, Dorisce, IAmPresident и 2 други им се допаѓа ова.
  10. moon111

    moon111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Мислам дека програмава од Софија е подобра бидејќи според целите и ти дава план за исхрана идали сакаш да вежбаш дома или во теретана..
     
  11. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е маркетинг тактика. Девојката очигледно има убаво тело и многу девојки сакаат да изгледаат така, па си нашла начин да си заработи.
     
    На SummerGirl и deskarada им се допаѓа ова.
  12. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Не знам колку моето мислење ви е веродостојно но сепак ќе се изјаснам.
    Работев со Ана Стојанова на самиот почеток кога она имаше само 1 000 следачи на Инстаграм и сеуште немаше почнато со работата што ја работи денес. Бараше 30 девојки за да ги истестира програмите меѓу кои бев и јас. Моментот кога почнав да работам со неа, јас веќе бев член во теретана пола година. Дали имаше резултати од програмата ? Кај мене лично да. НО, дали она го извади мојот максимум и го даде истиот за мене како што треба еден тренер? Апсолутно НЕ. Со текот на времето како се задлабочував во бодибилдингот и исхраната сама осознав што е најдобро за моето тело. Најодговорно тврдам дека има навистина професионални луѓе но вие сте вашето тело така што вие најдобро знаете што му годи или не. Она ми посвети внимание првата недела-две. Виде дека програмата работи за мене, па едноставно ме одје*а, и изманипулира дека добивала впечаток како јас да не сакам да комуницирам со неа што е крајно непрофесионално. Се на се, девојче како мене која тогаш бев 40 кг и сакав поголема мускулна маса Ана ми тврдеше дека треба 80-100 гр. протеини дневно па така на крај имав привремена алергија на сите тогашни мои извори на протеини (јајца, сурутка, млеко и др. млечни производи) , и тоа за среќа со текот на времето се смени. (Патем, е дипломиран нутриционист). Потоа како ми требаше помош и нејаснотии се обраќав СТРИКТНО на моите тренери во теретана и они се тие кои што го извадија мојот максимум БЕЗ ДА МИ ЗЕМАТ ДЕНАР ПОВЕЌЕ ОД ЧЛЕНАРИНАТА. Може сега се има подобрено типката, ова беше лично искуство. Да ме праша некој , не би ја препорачала, типичен македонски инфуленсер што добива слава на социјални мрежи со позирање на задникот и САМО ЗАДНИКОТ (набилдан грб, раце, стомак и да нема што не соодветствува за човек кој навистина е во фитнесот со оглед дека се создава непропорционалност на телото)
    Можам со денови да филозофирам на тема фитнес бидејќи и јас си имам свое искуство и знаење во ова поле и имам многуууу зошто не такви евтини програми со генерализирани вежби и планови за исхрана.
    Се надевам помогнав и се извинувам за долгиот одговор.

    Софија е кралица, нејзините вежби мене ми беа life changing за време на карантин плус достапна е во секое време без разлика дали користиш нејзина програма или не. Девојката стварно знае што збори и прави!
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2020
    На simoncelicius, Mokiche и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Која е таа софија?
     
  14. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Софија Манчева на инстаграм е потпишана manchevas инаку по професија психолог ама типката гази неверојатна е, плус дечко и е фитнес тренер исто така многу добар така што тие двајца цело време се надоградуваат и нивните совети и програми се стварно ефикасни , не се залудно потрошени пари.
     
    На simoncelicius, SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Колку пари им е програмата и со исхрана вклучена е или?
     
  16. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Моментално има летна програма ( бидејќи исхраната и вежбите се менуваат во зависност од сезоната за максимален ефект) за во теретана програмата трае 6 недели и е 990 денари еднократно, со фејсбук група за поддршка, шопинг листа за храна, план за исхрана и видео демонстрација на вежби. Реално премногу се исплати! Иста цена е и за дома ако вежбаш со истите поволности. Најдобро е неа да и пишеш она најдобро ќе ти објасни.

    Дечко и , Марио, е поскап со оглед дека тоа му е професија кај него мислам беше 3000 денари на 3 рати. И тој е врвен плус достапен во било кое време имаш контакт кога и да посакаш ептен ефикасен и знае се како да ти расцепка за да сфатиш што како се одвива не се користи со некои виши термини за да дешифрираш после што сака да каже.
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2020
    На cresa-jagoda, simoncelicius, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Фала ти за информацииве, ќе ги разгледам и нејзи и дечкои. Периодов сакав да почнам со теретана така да супер ќе ми дојде бидејќи не знам што да вежбам ако отидам таму..
     
  18. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Кој и да избереш од нив двајца, нема да згрешиш. Освен што имаат многу длабоко познавање во бодибилдингот и фитнесот, како и лично искуство, имаат исто толку добро знаење во психологијата на истиот. Имаш булвално се што ти треба. Топло ти ги препорачувам, и со среќа во теретана ❤️
     
    На cresa-jagoda, marija305 и raww им се допаѓа ова.
  19. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Марио да, бидејќи тоа работи веќе 10 година а за Софија не се согласувам, она знае али за неа и нејзиното тело, вака не е многу едуцирана како Марио, цело време читам ептен сум заинтересирана за вежбање и здрава исхрана веќе 5 години и не ми оставила впечаток т.е не кажала нешто што може да ме убеди дека знае баш баш ко за тренер, додека марио цели епизоди има и на инстаграм и на јутуб и на секое прашање знае убаво да одговори, што и да прашаш. Од лично искуство со нив кажувам, ете што знам.. таков впечаток имам
    И кажав да соберам пари обавезно ќе го земам Марио за тренер 8)
     
    На cresa-jagoda и simoncelicius им се допаѓа ова.
  20. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Секој со своето искуство. Софија дур работеше на програмите сигурно и го продлабочила знаењето, не викам дека е колку Марио учена бидејќи тоа на него му е професија, но јас сум презадоволна од соработката што ја имав со неа уште пред да ги направи програмите. За Марио немам коментар, врвен во својата област.
     
    На cresa-jagoda и mimi333 им се допаѓа ова.