Јас од денес наново го почнувам, се до втор летен. -4сум, ама знам дека можев и можам подобро. Грешки и тоа какви последните 3 дена имав, па денес чист понеделник ми е Среќно жени! *Дефинитивно на М облека сум задржана, пред неколку дена си купив прејаки летни кратки панталони С. Целулит речиси немам, следно убави тегови ќе си земам за да убаво ги зајакнам рацете, да немам свадбарки
Пријавена и за двојка. Јас сум лично презадоволна, а скептик бев огромен. Може има покреативни од мене па можат мени и вежби да изгуглаат за ич пари, мене ми е вака одлично навистина. Од цел предизвик не успеав да јадам ракчиња (мењав со туна) и буковка (мењав со шампињони) и burpee не успеав да направам, мада сите вежби без везе ги правам, битно се потам А да, и киндер кашата не-ја-можам, едноставно си правам некој од другите појадоци, што ми се пријаде, најчесто вторничкиот или петочкиот Нецели 5кг помалце, со грешки (прескокнати оброци, изедено пица, и неколку фурнаринки, јадев и скара со компири печени еднаш, среќа малце, шеќер 1 лажиче во кафе..) Мене ми е супер стварно, јас се осеќам многу многу подобро. И мислам дека имам проблем со бело брашно, во двата наврати кога каснав - пица и фурнаринки, мислам ќе умрев ноќта од подуеност и гасови и грчеви а не изедов многу да речеш, 50% од нормално што би изела. Како и да е, тераме понатаму, мене ми е одлично искуство се'. Како и секаде и тука постојат осудувачи, ама ок е, правдање само пред себе
Е***е чистиот понеделник. Или сум у јак пмс или сум трудна,нема трето. Уствари третото е дека имам испити оваа недела, дури 5, од кои во еден дрн три еден по друг, па од стрес јадам ли јадам, јадна јас ненајадена Немогуче е толку да изедов,толку да измешав, гарант 3000 калории изедов денес И после Цацко крив, аууу што ме снајде.. Ко за инает цела почетна со слики од резултати ми е
Па мене така ми се случи дента со пицата. Не знам што се' не изедов. ПМС на најјако, башка се погоди да не сум дома... реков не си ставам на срце. Од човек што јадеше леб со секој можен оброк, пици барем 5 во месец, секој ден ѓеврек/кифла за појадок, за вечера со се' живо јадев тесто, а најчесто тестенини со некаков сос, јбг, нека удри на пицата дента Ниту се здебелив од една пица, ниту од една ќе престанам да јадам здраво. Дома буквално ништо за лажење немам, до толку што ни путерот од кикирики не го чувам дома туку на работа, за кога ми се грицка без везе да грицнам краставица, оти па само тоа ми е изборот Озбилно, ич не сум оптеретена со кг како кг, гледам како живеев и се хранев и како живеам и се хранам, енергијата, волјата си ги гледам. Кг сега 5, др месец може 10, може 3, ич ич ич не се потресувам. Јадам како и колку што треба, планот е шеќер на 0 да сведам полека, јадам 3 оброка на ден со мерка за мене спремени, може само поарна да бидам
Така се тешам и јас т.е така и терам како што каживаш ти. Полошо од тоа што бев пред предизвикот нема да бидам сигурно,не е исто салата и тесто да се јаде навечер ,не е исто сендвич за појадок и омлет со овесни. И јас сум презадоволна и мислам веќе научив и запамтив како да комбинирам.Правам грешки ама грешки како промена на оброци и одприлика слични калории да се,ако сум гладна повеќе додавам пр плус 1 јајце или повеќе фета место 30гр 50/60 што сметам дека и не се којзнае какви грешки.Си велам подобро да изедам оброк од 300калории отколку смоки/чипс/благо или што и да е. Јас за не цсли 4недели 5кг со малку вежбање,а да вежбам сигурно ќе иамам и повеќе резултати. Некако се 'заразив' и ќе терам вака. На моменти од што сум сита се замислувам да не изедов нешто што не треба,или пример дошло време за вечера а не сум гладна .И психата влијае ама мислам дека конечно тргнав на прав пат. Криво ми е што не се сликав пред да почнам ама пак не верував дека ќе терам и ќе ослабам дури 5кг за толку малку време
Многу ми се свиѓа твоето размислување. Ќе си го скриншотнам дури и ќе си го препточитувам кога ќе западнам во бед за изедена кифла или порција помфрит. Од овие година дена,10 месеци ако не и 11 ми се со одлична исхрана. Па се деееешава..
Ама и самата Ана има напишано. Ок, погрешен оброк, ќеиф оброк. Не го претворај во погрешен ден, не се откажувај. Ниту пак вина не осеќај. Токму од тоа осеќање вина и едвај чекање да заврши диетата, си играм јојо со години. Не е диета, значи - учиме да се храниме здраво и ТАМАН. И ќе изедеме што не треба, и ќе се прејадеме, тие што пијат ќе се напијат.. важно да си се вратиме on track
За 4 недели. Ама тоа НЕ Е мерка за сите. Ако имаш 70кг, 5кг потешко ќе симнеш од мене што почнав со 129кг
Имам 56,треба да симнам 3 или 4 ,ама тешко иде ,ни газирано ни благо не јадам зашто не ми е вкусно,ама изгледа од хормони е ме зафркава циклус.
Кога имаш помалку килограми потешко се симнуваат, јас од 60 симнав на 58 и тоа и со спортување редовно и со здрава исхрана за 3 месеци, ноо во обем имам доста намалено, затоа не им обрнувам внимание на килограмите на вага.
Уплатив за вториот Летен. Многу работи ми се вртат низ глава, како и секогаш, и имам недела дена да си ги средам мислите. Си ја сработив домашната, веднаш се логирав и го разгледав сајтот и програмата. Ги погледнав и интервјуата со девојките кои имаат супер резултати, и мислам да ги надминам сите. Ама концептот е ми в'рс ми. Ќе пробам да се држам до програмата, но мислам дека ќе модифицирам што мислам дека можам и знам подобро. Некаква комбинација од програмата и целото искуство што го имам до моментов. И онака ми предстои понапорен период, ексајтментот руши плафони. Тука сме и ќе се бодриме. П.С: Темава не треба да е во "Фитнес"?