Те разбирам затоа што јас почнав со 129. На наша килажа, се' што е преку 100, навистина е многу тешко да се прават правилно вежбите, затоа и во принцип повеќе е важно кардио вежби да правиме, далеку сме ние од мускули правење. Не се оптеретувај исто или со исто темпо да ги правиш како Ана, затоа што таа тежина е реално ограничување и знам дека не можеш, но не се разочарувај. Важно е да ги правиш макар модифицирани, како ќе се намалуваат килограмите ќе можеме и подобро да ги правиме. Не скокај оброк, подобро направи некој од друг ден ручек ако немаш намирници за денешниот или направи си супа/манџа, само без запршка и без леб, салата со секој оброк можеш слободно, само внимателно со сол и масло.
Девојки ај јас да си се пофалам 4 кг помалку Сабајле кога се мерев пресреќна бев, свесна сум дека е тоа водата ама мотивацијата ми е најбитна Почнав со 97 кг.
Девојки односно авокадото за утре, пишува по половинка во оброците, ама јас имам мали, и ставив по едно цело, не знам колку е правилно или грешно, ама така ќе терам утре. Ако ми дојде многу, можам да не го јадам. Затоа што по принцип не конзумирам многу често авокадо. И нема да правам тортила, земав интегрална багета/франзела со семиња, средно голема, па ќе ја делам на две за оброците. Јас од утре почнувам правилно да ги правам работите. Најголем предизвик ќе биде умерено конзумирање на благо.
Добро е, терам со исхрана, со вежби забушавам, последно -10кг, ама пред некое време може уште малце е намалено. Рецептиве на вториов не ми се толку по ќеиф па комбинирам прв и втор
Јас не уплатив за првиот, не знам какви се рецептите, ама гледам и на фб групата повеќето коментираат дека во првиот биле подобри рецептите. Туку да си прашам ми дадоа рецепти од почетокот на програмата, дали може да комбинирам? И има таму макарони, какво макарони користите?
Мене ми се супер рецептите и од двата предизвици. Оваа недела терав со рецептите од вториот, со ред ги јадам без да мешам и сè ми е вкусно. Макарони/шпагети јадам само интегрални, најчесто од ДМ земам.
Кога сме кај доматно пире и мелено месо, тиквичките полнети се сон. Од овој вториов предизвик. Еднаш со пилешко на ситни коцки сецкано ги направив, така уште поубави.
Јас тиквички не јадам, ама затоа на маж ми ептен му се допаднаа. Инаку јас денес сфатив дека сум имала голем стомак, овие новите вежби многу тешки ми се видоа, ми пречеше стомакот
Женски кога го јадете сладоледот? Јас денес го направив страчатела и не знам кога е најдобро да се јаде.
Женски јас сум ослабнета 9 кг, меѓутоа во обем некако слабо, на стомакот сум 6 см. Дали е тоа во ред? Јас очекував повеќе во обем и повеќе сакав така, кога се гледам во огледало пак си мислам дека сум иста како пред да почнам и не гледам некоја разлика
За колку време? Си ослабнала 9 kg и 6 cm во обем и велиш слабо. Какво слабо, арно си е Сè зависи и колку имаш за слабеење. Секој грам и секој сантиметар е успех. Трпение мора да имаш и да си упорна
Од 2 предизвик сум пријавена. За симнување имам многу, едно 40 кг. Затоа и си мислам дека е слабо, кога ги гледав сликите од девојчињата на гласањето јас очекував повеќе во обем, а не во килограми. Можеби и затоа ми се гледа малку
Уште не се ни поминати 4 недели од почетокот на Вториот, а тебе супер ти е резултатот. Ич не е малку, сигурна сум дека си осеќаш веќе и по облеката, гарант ти е полабава, покомотна. Тоа е првото што ќе го забележиш, рано е да видиш драстична разлика во огледало, а ќе ја видиш со упорност. Спреми се психички, подолг ќе е патот до целта, но не е недостижен и радувај се на секој килограм и на секој сантиметар бидејќи правиш нешто самата за себе и успех е секој грам во минус. Не се споредувај со никого, а и на сликите претежно се девојки со помалку вишок, кај нив секој килограм повеќе се познава дека симнале. Башка ептен е очигледно дека пред сликање скроз го опуштаат телото и потоа максимум собираат стомак и се стегаат. Да не се разбереме погрешно, сите на сликите се ослабени и имаат резултат, очигледна е промената, но и начинот на сликање кај некои игра улога во претставата. Само напред и без гајле, никогаш не е малку
@Lalalupsi ти си била супер Јас мислам дека не е ни здраво да слабееш пребрзо, така што таман си. Рачунај имаш уште време да со продолжиш со предизвикот, па ќе се пријавиш пак, и така. Јас пример немам многу за слабеење, симнав 2 кг, ама во обем сѕм намалена. Почнав да добивам позитивни коментари. Поубаво се чувствувам битно. И тоа со поминат летен одмор, родендени и еден куп грешки.
Здраво, здраво Јас мислам да го искористам летото до крај и да продолжам со потење на задникот. По тој повод дали некој може да сподели мени/дел од мени од првиот? Сакам да разнообразам исхрана и имам потреба од интересни а балансирани рецепти. Ако некој прати, фала однапред.
Zdravo devojki Dokolku nekoj go ima spisokot od ishrana od januari i februari ako moze da go prati ne mi dozvoluva da se najavam da gi vidam receptite