Ова за оризот порано требаше да го прочитам Ај прв ден е, ќе се организирам секако подобро. Заборавив дека се киснеа од вечер. Оли јадев ужина сепак, не ме држеше појадокот. Просо колку време се вари? Брзо ми изврија водата.
Супер си направила Јас секогаш ставам повеќе вода, иако таму пишува 1:3 дека треба, па после процедувам низ цедилка ако сум ставила повеќе. Слободно може да приставиш вода за да се довари ако не е сварено.
Овој пат исхраната е од Марија, вежбите од Ана. Шопинг листата е 2 страни, пазарлук неделен 6000. Јадењата се со сецкање, пропржување, значи треба да го припремиш, па зготвиш. Имало полесни рецепти реално. Исто така, има грав, боранија, леќа, грашок, зелка што ствара грчеви кај беблациве. Типично мени на нутриционист е ова, не е ко на Ана.
Јас пак сум задоволна од менито на инста фит се има,некако се брзинско ми се гледа најмногу има салати некакви за ручек/вечера. И секогаш велам оваа и е најдобра програма ама мислам дека оваа сепак и е најдобра,ќе видиме само нека помине една недела па ќе коментираме како сме поминале. Прв ден а не сум ич подуена и тоа ми е најубаво за старт. Има време за се само треба подобра организација,сепак...не го знам менито за мајки таму не можам да се мешам Што да се пие после вежбање за да можеме да се движиме Претходно не вежбав ич едноставно не можев и барав оправдувања само за 2месеца само со придржување кон планот за исхрана ослабев 10кг а да вежбав пак што ќе беше затоа сега да пробам да вежбам колку што можам и не можам па ќе видиме резултати
Zatoa jas ne zaprzuvam nekoj raboti na primer za vecera se izmesav zaedno i ispadna super peceno vo air fraer na 15min 200 stepeni,
Денес ќе се готви ли пак цел ден? Јас телешко забораив да купам, ќе заменам со пилешко. Вечерата не ја можам, морам да сменам.
Имам среќа што моиве јадат шпагети болоњезе, го прилагодувам моево мени за сите да одговара за мене посебно ќе си сварам интегрални само. За вечера, помислив на мимоза салата, две варени јајца и марула. Ова за мамафит. Со вежбањето како сте? Сношти мм ме зафркаваше додека ме гледаше како вежбам. Но можам да кажам дека покрај подолга пауза од физичка активност, добро ми оди. Денес пауза од вежбање
Болат нозе. Вчера за дијастаз вежбав бидејќи имам 3.5 прсти. Не остана време за вежбите синко стана. Денес планорам нив.
На инста фит не е малку храна? Јас сум мртва гладна Од претходните програми првите 2 недели едвај јадeв сè, сега како уште еден оброк да ми фали
Јас почнав ама колку ги правам правилно. Ги знам вежбите од аеробикот. Денес планирам и за дијастаз, 2 до 3 прста бил. Читав се затварал после 3 месец. Јас таман пред затаврање сум Јас инаку се навикнав на храната и морам да признаам многу убаво и лесно се осеќам. @fana ќе продолжиш ли? И кажи дали ме препозна