Немам никаква тежина или проблем со вежбањето, напротив едвај чекам слободни 20 мин да почнам. Уште целоснп да влезам во шема со храната ќе биде топ. Да беше бебко поголем или само на доење мислам полесно ќе ми беше. За жена сама,без никаква помош, плус три усти други секој со своите желби, малку напорно е цело време во кујна со чинии на куп. Ама реков не се откажувам.
Како ви иде девојки? Инстафит овде Јас сум задоволна до сеа, и од вежби и од мени. Ги извежбав сите денови и најтешки дефинитивно ми беа за стомачните, не можев од земја да се подигнам да ги направам. Фитнес аеробикот ми беше многу забавен иако сум 0 талент за танцување Проблем ми е храната, поточно ручекот, особено кога сум на работа. На работа имаме менза и ни одбиваат месечно сума за хранарина. Храната е навистина многу добра и разновидна што не ми се исплаќа да носам од дома јадење, па така одлучив ручекот да го јадам таму со тоа што го има, што можно поприлагодливо на менито на Ана. Се надевам ќе издржам до крај, на вакви проекти секогаш се откажувам многу рано.
Јас сум задоволна од храната но вежбите не ми се нешто посебно поради тоа сакам да се откажам од месец 2 доколку е возможно
Zdravo, nekade procitav deka menito se povtoruva , no zarem 4 meseci ke jademe se toa, se nadevav deka ima barem meni za 2 nedeli, no izgleda ne taka
Уште еден збунет инстафит овде Планирам да почнам сега од понеделник зашто неделава не можев и сега го гледам менито за понеделник и во него ми стои и едно варено јајце на страна, а на фб групава гледам коментари дека јајцата биле за бути програмата и скроз сум збунета Можно е да е сменето менито зашто на останатите им е втора недела па сега да е додадено или?
Мислам дека не, подобро веднаш откажи се. Мислам дека во првата недела можеш. Менито е исто за првите 2 недели, во 3та дава бонуси, а за вториот месец имаш ново мени и исто 3та недела бонуси. Јајца има и во инста фит.
Имаше некоја членка пишано, да и пишеш меил на Ана дека сакаш да се откажеш, за да не ти повлекуваат пари после.
Со оглед на тоа дека до програмава би имале пристап негде до средина на февруари, дали обично во февруари има отварање на нова програма или вообичаено следи летен предизвик во подоцнежните месеци? Јас дека тек утре оваа ја почнувам, па загрижена да не ми е малку
Девојки здраво, Сакав да прашам дали се чувствувате изнемоштени и без енергија од режимот? Јас на крајот на денот едвај издржувам
Јас пак чувствувам повеќе енергија дека имам, и поубаво спијам, претходно се мачев дур да заспијам. Јас сум на Инста Фит, се чувствувам полесно, ептен ми годи. И вагата покажува -2 кг. Целта ми е 5 до 7 кг да симнам. Не сум вежбала претходно никогаш активно, сега секој ден ги правам вежбите и имам голема мотивација. Оддамна се мислев, читав секакви коментари, сама колку пати почнував диети, демек ќе вежбам, ништо не ми успеваше. Се надевам ќе продолжам вака.
Минатиот февруари ни даде можност да платиме членарина по 150 денари месечно за уште два или три месеци пристап, не ми текнува точно. Потоа Денс кардио има отворање со играње и предлог мени за една недела, комбинација од рецепти од двата летни и од ИнстаФит. Гледам се разочарувате што менито е исто за месец дена. Ич да не се разочарувате, секако јадењата се преубави. Мене лично не ми здосадиле никогаш, дури и со месеци не можам да се откачам од рецептиве од што не можам да им се наситам и секоја недела ги осеќам ко нови да ми се, едвај чекам да ми дојде на ред секое од јадењата.
А тренинзите во мамафит ќе се променат ли? Јас почнав да огладнувам, не ми се доволни веќе овие оброци.
Мене обратно, веќе ми се многу и почнав ужина да не јадам. Мене ми е проблем првата недела и после можам и со помалку храна да терам. Јас всушност до сега така намалував на тежина, со нејадење, ама сега дојам па не би така.
Не би ти препорачала да ги скокаш, така испод 1200 калории ќе бидеш и стварно не е доволно, барем за здравје
Знам, ама толку ми се јаде. Ама јас на пример јадам бг тестенини, не интегрални, иако моиве не се пченични и од бело брашно.