Не е Ана некој експерт за фитнес секако, а за таков тип на вежби како што нуди има онлајн мн солидни бесплатни материјали. Океј, некој ете кога ќе плати е подисциплиниран. Ама менијата и ги имам гледано и според мене се сосема океј. Има и по некои работи што не се толку здрави, за да се зачине малку вкусот и да се одржи мотивација , ама во целина се мн поздрави нејзините јадења отколку она што вообичаено луѓето го јадат кога не внимаваат воопшто на исхрана. Кратко време се хранев по нејзини рецепти, ама знам дека ми беа вкусни и не чувствував глад. Знам само ми сметаше пилешко што имаше многу и прилично овес, немам ништо против, ама во помали количини (или така се погоди тоа мени). Кога ќе споредам со тоа што јадат во темата "Морална поддршка за сите што сакаат да ослабат" ова кај Ана е гостење и мн поодржливо долгорочно. Сум прочитала досега 2-3 членки да кажуваат за железото дека им се намалило, а баш ми е чудно, кога има сосема доволно месо, грав, зеленчук итн. И стварно не ми е јасно какви последици може некој да влече од исхраната од Ана. Ако човек има конкретно некоја состојба, сам е свесен ваљда дека треба некои правила да следи и не би се нафатил на програма што не му одговара. За вежбањето нема да коментирам, пошо немам ни пробано да вежбам од кај неа, кажав, за тоа има на јутуб се што ми треба, само волја да најдам
Еве сега сметав, грчки јогурт неделно трошам по едно мало канче 175 гр. Порано едно јадев за еден оброк. Фета дали 100 гр неделно. Јајца неделно околу 5-7 се собираат. Порано 3 на оброк. Овес е здрав и ок. Мене исхраната ми беше составена од тостови, нутела, чоколада, сладоледи и по некоја манџа. Ништо здраво и нутритивно и стварно не знам како би ми сметало кога јадам се, ама ограничено. Не знам. Затоа велам идеална не е, ама подорто е од она моето претходно. За вежбите се согласувам, кој некогаш одел на аеробик, добар дел сега му се познати. Туку сите вие кои барате стручно лице, мислам дека најдобар е др. Митов. Сепак е доктор. Другиве се сертифицирани нутриционисти. Јас се мислев за кај него.
A Bubalo osven sto drzi grupni casovi za vezbanje, dali izrabotuva I plan na ishrana? Porano mi iskacaa nonstop nejzini storinja, sega ne sum tolku aktivna na socijalnite mrezi I ne sum vo tek.Sepak zenata mi izgleda deka stvarno si ja znae rabota I iskusna e, neli sorabotuvaat zaedno so nejziniot soprug I toj e fitnes trener. Okej e doktorot pristupacen I strucen no sepak mislam deka treba poveke da se zamara I da im posvetuva vnimanie na klientite, a ne samo ti meri se sekoj den na vaga I prakjaj mu ja tezinata Ili merkite I tolku. Dostapen e da ama ne te motivira bas nesto.Druga zabeleska imam vo odnos na menito, istoto meni se vrti cela nedela I samo toa e vo celata programa(od ponedelnik do nedela), jezda ima I recepti detalno objasneto ama sepak za 3000 denari mozel da se potrudi mnogu poveke. Malku hrana e spored mene I prilicno skapo jadenjeto za nasi uslovi. Ne se pridrzuvav jas, epten kratok neznacitelen period, potoa terav po UN kombinirano so fizicka aktivnost I top rezultati imav/imam. (Ne ja drzam veke godina dena, a imam kaceno edvaj kilo-dve no so redovna fizicka aktivnost, a ne pazam na ishrana i toa mi greska.Mora da se regulira ishrana, dietite znam deka ne se zdravi i odrzlivi na dolg rok). Iako fakt e deka zdravi I balansirani mu se obrocite I povolno vlijaat na zdravjeto. Inaku ne znam dali negovite programi mu se personalizirani Ili I on gi dava istite na site, so mali izmeni. Ne bi trebalo da e taka no kojznae.
Јас ти пуштам рака за муабетов...кога јас јадев „бурек„ за ова истото неколку страни наназат, бев нападната дека сум и била љубоморна на Ана пошто сме во иста бранша...епа еве и клиенти со слични размислувања како мене и многу ми е мило што луѓето полека се освестуваат за што даваат пари.
Мене најмногу ме нервира што и во овие програми сон треба, а јас скоро шест години по ред сум жива ненаспана со две деца. Баш сега сториња видов за ако сме болни треба сон и да се покриеме со ќебе и да се истуширале што јас ни едно од тие три не можам да направам сама со две деца. Ме нервира и муабетот дека се е возможно со деца. Кај мене лично не е. Знам дека е возможно со мајка, свекрва, дадилка ама јас ги немам. Поназад ја имавте Бубало спомнато. Одма ја отследив уште на почетокот. Толку арогантни одговори нема никој дадено до сега на инстаграм. И тоа е огромен минус. Во професија треба да сме професионални. А Ана барем секогаш е пријателски настроена.
Ама Ана нема деца се уште, Бубало треба да има повеќе разбирање на таа тема. Во право си што кажа со свекрви,мајки, дадилки или некој друг лесно е да се соли памет дека све се може, за се се има време.Да ги видам сами да се остаени, без никаква помош дали вака ќе збореа и ќе имаа време да идат у теретана, со часови да ги нема дома, нели само време за тебе да си посветиш. Затоа и ми се допаѓаат овој тип на вежби што се кратки, а ефективни. 30 минути секој може да одвои во денот. Нити јас што уште не ни размислувам за мажење или деца па не ни имам желба, а не ни сакам да поминувам со часови дали во терерана, дали над шпорет. Се знае најмногу до 45 мин максимум вежбање. За Бубало што знам, вака океј ми изгледа жената, посветена ама може и малку дрскичка да е и строга но барем ја личи за тренер.
Не фаворизирам никој пред детево да го родам имав време во теретана да одам. Од теретана има многу убави резултати ама бара и посветеност, редовност и исхрана. Не е работава одам во теретана па буреци чипсови и др да јадам контра ефект ќе има. Со дете е многу потешко т. е. најтешкиот дел е готвењето и запазување на оброците каде треба нормално да џвакаш, а не од една страна јајцето во рака од другата страна дете те тегне даси играш со него и се сведува на само голтање без да џвакаш. Бубало има планови за исхрана и посветена е ама она тоа го работи. Да оди во магацин да мкне палети и да собира студ после не да нема да и се мрда од домА ама па барем реана и искрена е. Ана не ми делува ни на тренер вака аи не треба да ти симнува ѕвезди тренерот за да ти го сакаш него и одиш. Ако целта е постигнување резултати мора некој да ти каже каков си да ти го плесне за да се освестиш.
Не знам зошто Ана ми праќа меил дека успешно сум се регистрирала за нејзината нова програма, а не сум. И кај вас е исто?
Se mislam dali da uplatam za mamafit kaj ana, ako moze da spodelite iskustvo posle kolku vreme od poroduvanje moze da se pocne so programata i kako ste zadovolni od nea?
Шо е со ценава 3x890 денари? Сега отворив INSTABOOTY и се запрепастив. Секој предизвик сеа ќе зголемува цена? Уплатив минатата година 2 пати, ама ова е претеризам годинава.
Леле леле овој пат значи ја претерала со ценава.Па уште оправдување дека 3 месеци ќе траела програмата.. Па зарем не траеше исто и уште 3 месеци гратис пристап? Добро и за колку недели е менито? Или само се нафрлани неколку јадења и сам треба да си комбинираш што ќе надеш? Некако многу скапо е, ќе речеш добро и вежби има, ама што коа вежбите си ги имаш на јутуб и тоа од сетифицирани и докажани тренери. За планот на исхрана ај добро тоа кошта ама не дотолку мислам. Па и нутриционистите се поефтини, не сите се разбира. Ама океј коа сакате да и го полните џебот, супер, ваш избор ваше право. Следна програма може ќе рече ај за 4 месеци е и ќе лупне цена 4 иљади. Занес потрес е женскава ама ако, алал да и е ќе речам, си нашла прилика нека користи до максимум.