Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летен предизвик на Ана Стојанова

Дискусија во 'Диети' започната од IAmPresident, 15 јули 2020.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Според мене поентата е што секако е подобро да јадеш според нејзиното мени отколку кроасан, чипс, пица, тост.
    А реално колку вкупно жени се придржуваат строго до програмата? Според мене 10тина жени од 1000.
     
    На Anturium и Mrs. right им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    20.811
    Па види, ако сакаш више да бидеш физички активен, ќе те интересираат работиве што набројав.
    Од незагревање какви повреди се случуваат, ехе. И тоа и од вежби без тежини зборам. Јас ќе исчашев рамо за малку.
    А баш пошто кај Ана и слични многу често идат почетници оти не знаат од каде да почнат па ајде нели вакви програми им се некој водич, треба да знае како да ги унесе во вежбањето. Така што мојата критика не е кон тие што ѝ ја купуваат програмата демек како не знаеле стручни работи него кон тренериве.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    2.863
    Пол:
    Женски
    Браво Јуле. Сакам да уплатам сега на мамафит, но немам ни јас време за вежбање, па да пробам само со исхрана да намалам кг. Кажи ми најчесто беше точна до грамажа со оброците?
     
    На Anturium и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    250.495
    Да бев, се придржував строго. Дали два пати имав чит деј. Некогаш и не јадев некои намирници, или некогаш пак место еден тост, јадев два. Ама балансирав со следен оброк. Генерално се придржував.
     
    На Eli23, Anturium, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.331
    Допаѓања:
    285.861
    Јас ќе почнувам со мама фит.
    Знам дека има вежби и мениа на Јутуб и по разни профили…ама немам ниту време ниту желба ниту мотивација за да барам вежби или план за исхрана да правам.
    За тие пари ми е прифатливо некој што скоцкал се на куп и јас само на готово да користам.
    Колку ќе успеам со време ќе видиме:|
     
    На Eli23, Anturium, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    2.184
    Некој да сподели искуство со Мама фит околу исхраната, дали е многу готвење... Се мислам дали пак да се уклучам на инста фит или да земам мама фит :)
    Пред година и пол бев на инста фит,не беше лошо ама не и свршено, (премногу пилешко што не обожавам)
     
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.913
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    Ај кажи нешто повеќе за инста фит. Вежбите какви се? Имаш убави резултати? Јас почнувам сега од 20ти па да знам што ме чека
     
  8. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    2.184
    Па не терав до крај со вежбите, се повредив на планк и баталив. Не беа лоши,ама ако си почетник не се ок. За почетник треба објаснување за правилно дишење на пример, нешто што е битно кај активирање на мускулите,кога да вдишеш/издишиш...
    Менито беше ок, некои работи не ми се допаѓаа....
    Значи не сум репер хахаха
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.935
    Допаѓања:
    89.899
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек ич,мпже да ми појасни некој што знае во врска со плаќањето.
    Имав иплатено во октомври мислам,сега за да продолжам треба да платам 890 за да се отвори трет месец или 3×890 да уплатам,не ми е јасно може е прпсто скроз ама ете :drunk:
     
  10. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    30
    здраво да прашам лесни и брзи ли се оброците за готвење во инста фит
     
  11. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Дали автоматски зимат пари од сметка за 2 и 3 рата?
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    250.495
    Можеш и 690 со еден месец плус достапни програми, со 890 два месеца се плус.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Само за месец 3 си плаќаш 690ден еднократно. А за месец 3 плус достапност на месец 1 и 2, плаќаш 990ден еднократно.

    Тоа 3х890 е за нови членови, коишто ќе имаат пристап до сите три месеци.
     
  14. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    На Мамафит имаше доста готвење.
    Се откажав после 1 месец бидејќи со две деца, од кои едното доенче, не стигнував.
    Ако зготвиш, немаш време да вежбаш и обратно.
    Инстафит ми се гледа полесно.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Аман до толку значи време одзимало?:?:
    Па не е поентата да дремеш цел ден над шпорет у кујна..:^)
    Нели Ана беше таа која божем била препознатлива по брзите оброци или пак исклучок е Мамафит.Баш за мајките требала она или нутриционистката која и ги правела програмите да даде се од себе за да им олесни највише на мајките да не губат многу време во спремање.
    Некако ми нема логика.
    А барем убави и вкусни ли беа јадењата, заситуваа?

    Штом се поздрави оброците супер е тоа но сепак една иста програма да им ја дава на сите безвезе е малку ко диетите што се универзални, само ај барем овие програми ако ти се погодат можеш и како начин на живот да ги практикуваш, а не само периодично.
    Но сепак нема ништо подобро од персонализиран план на исхрана кој е направен во склад со потребите на едно лице.:)
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    250.495
    Се готви да и сите реагираа, па втор и особено трет месец беше со помачку готвење. Но прв месец е дефинитивно најдобар и највкусен. Плус речиси сите оброци за ручек, па и вечера може да ги јадат сите. Не готвеш дупло.
    Превкусни се, јас се уште си готвам од тој месец. Трет беше тортиљи само. Јас морав да готвам посебно за моите плус.

    Инста Фит трет месец не е лош, мислам оти најдобар и е.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    2.184
    Готово,више уплатив :)
    Ама ќе почнам следна недела не сум спремна со намирници....
    Колку зготвам толку, ќе ротирам од други денови веројатно.
    За вежбање дур почнам ќе е зезнато ептен сум уморна од неспиење со малото ама оптимист сум :D
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    250.495
    Почни од утре. Не одложувај.
    И јади како што треба, ако имаш време вежбај. Ќе влезеш во шема.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    2.184
    Ц. Ем настинав, ќе се мачам...
    Ај ќе видам додуша :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Јас на Инстафит почнав.
    Да, дупло јас готвев, не ми јадеа дома тоа што имав.
    Плус пола од намирниците не ги јадев, па проблем беше.
    Мамафит од Марија беше правен, другиве две се на Ана.
     
    На sani99, Anturium и JuLleE им се допаѓа ова.