И јас сум на инста фит. За сега ми се допаѓа се и за мм готвам исто па полесно ми е. Само многу јадење ми е некако ова, вечерата ми излезе во 10ипол да ја јадам. Мислам дека ќе ја изоставам следните денови
И јас така мислев, совет да не изоставуваш, да имаш оброк и ко вечера. Ако не изедеп цела количина за ручек, стај си дел од предвиденото за вечера. Оти на долг рок ќе бидеш во калориски дефицид под 1200 калории и организмот ќе се успори.
Да Мама фит е. Секој оброк е готвење. И ужините се готвени. Освен што ќе зготвиш треба и да измиеш а тоа е екстра време нели. Со новороденче не знам како се постигнува тоа, ама јас не успеав. Можда е до мене ете.
Ни јас. Остај што ќе постигнеш, во трчање цело време, кај е тука менталното здравје. Се издржува на краток рок, потоа ќе пукнеш.
Ау па ова е измачување било. Не е во ред ама ич. Кога ќе си посветиш време за себе па и за другите? Или пак ова е за тие што си имаат некој до нив да им готви и средува, а они само да си извежбаат и на готово да си седнат на јадење? Може добри и биле јадењата ама за следна ваква програма нека си поработи на тоа оброците да и бидат побрзи, а не жените да дремат цел ден у кујна. Читав тука дека ја критикувале во фб групата во врска со ова. Конструктивни критики се па нека ги земе во предвид следен пат.
Па втор и трет месец беа Ана стил. Јас искрено иако кукав за првиот месец, реално топ се оброците и вкусни. Појадоците си беа брзи, вечерите кога како, ручекот беше стандард готвење. Добро сега не готвеш дома? Исто е. Јас па и вежбав прв месец. Сама живеам, маж едвај го гледам. Кога се организирав, не беше толку страшно. Јас секако секој оброк го готвам и спремам така да, ништо ново. Мене трет месец со тие тортиљите ми беше најлош.
Не знам оти, менито за првава недела на мама фит ми е супер. Ручекот, со мали модификации кои не одземаат многу време, го јадеме сите. Риба јадевме сите, пилешко само кромпирот различен, утре само шпагетите различни, останатите денови не мора ниту да модифицирам. Појдокот за 5минути се спрема, еве од вечерва ставив за утре, неколку минути траеше. Вечерите исто, кога сама кога со мм кога сите. Ужина не готвам, едно јаболко доста ми е. Ќе видам понатаму, ама првиот впечаток ми е многу позитивен, брзо, вкусно и најадува.
Мене ми е напорно. Едно што по цели денови готвам, друго што не дојадувам и фрлам. Некако многу оброци ми се на ден, па и бебе почна со каши плус тоа додека да спремам. Немам потреба од вечера и најчесто или го дојадувам ручекот или правам некоја од салатите. Не се водам строго зашто не можам да се усогласам. И од вежбите не сум баш нај задоволна, има денови кои ми се напорни. Пример четврток со стомачните, не можам да ги правам, не оди… и тој ден го вежбам понеделник. Во суштина убаво се осеќам, прелесно. Влегов веќе во некои фармерки од пред бременоста. Така да се надевам и на овој начин ќе имам убави резултати Кај тебе како е? Задоволна си?
Јас ја земав програмата да фатам малку ред и дисциплина. И мене ми е многу напорно. Работам само втора смена од 2-11. Наутро треба да спремам доручек ручек и вечера и плус да вежбам а веке 1 да сум спремна да тргнам на работа. Така да не ја следам скорз програмата, за ручек ако не сум направила дома обично си правам варијации со главната намирница, пример риба, си земам туна и салата од маркет. Вечера воглавно не носам на работа па чепнам нешто ситно дома или пак некоја салата, протеински јогурт и ужинка на работа. Со ваков распоред е стварно тешко да се постигне, што поправо да средам наутро. За да имам време требе да во 7-8 да станам а не можам бидејки во 11ипол навечер се вратам од работа, додека се средам и легнам фиксно 1/2 ме фаќа.. Но сепак се трудам се снаоѓам некако..
Па исто и јас, се снаоѓам. Цел ден готвам, каши за бебе, за нов дополнително. Заприметив цела недела само пржам. Пржи месо пржи компир за домашниве... Ручекот го правам ако ме бендисива, вечерите почнав да си земам нешто полесно, побрзо за готвење. Не вежбам, немам време, не стигнувам.
Ама само пола час треба А јас тој пола час сакам да го потрошам на кафе, и да си седам и ништо да не правам. Сериозно.
Со вежбањето некок да ме гледа како трчам луда ќе ме направи. Бебе спие пола час. Само што ќе заспие мене ми е веќе се наместено за вежбање одма стискам плеј и почнувам. Завршувам, одма со трчење во вц да се истуширам, таман да се облечам еве го бебе почнува да плаче. Нема здивнување Некни така цела скама излегов, бебе стана на сред туширање Денес не вежбам, добив и не ми е добро. Утре ќе го извежбам денешниот тренинг Да се надополнам, таа дремка на бебе ми е најнапорна, дури не сакам да заспие
Нее, 20 мин било. Ми вила една пријателка како немаш време, еве подолго дремеш на мсн со мене. Немам потреба во тие дремки на бебе да соберам сила, да се напијам кафе, да јадам, да одам во вц ко чоек.... Јас два дена почнав, станува бебе на сред вежбање и седам така цел ден испотена додека дојде некој.
Ги разгледав од пријателка оброците што се во програмата, чисто информативно. Таа еднаш успешно ослабе со програмата и сега почнува пак. Вежбите не ги гледав, немам потреба. Веќе почнав да вежбам редовно. А и знам премногу вежби кои ги имам научено низ годините. За идеи дополнително користам фитнес видеа од Јутуб. Она што го забележав во рецептите е дека има повеќе оброци од доволно за еден ден, така да не недостигаат рецепти и идеи. Добар дел од јадењата веќе и самата ги правам, со мали разлики, нормално. Но за жал многу од нив содржат јајца, нешто што не јадам заради нетолеранција која веќе оди до алергија.. Има опции без месо и со месо, ама нема опции што да употребиш наместо јајца. Така да пола од идеите, посебно за појадоците, не ми се опција.. И заприметив дека има доста т.н суви оброци или нешто прженко. Пример ќофтиња од леќа не би јадела. Гледам нутриционистите ги нудат веројатно како замена за мелено месо ама смесата како комбинација не ми се допаѓа. Плус зејтинот... Леќата е толку нежна за термичка обработка, дури не треба ни да се готви на силен оган..мене лично повкусно ми е да ја јадам сварена, како чорба или супа, особено црвената леќа...и побрзо и полесно е за правење.. А за тоа дека треба време да се посвети за да се направи здрав оброк, тоа е така секогаш, без разлика дали се следи нејзиниот програм или нечиј друг. Ако сака човек да се храни здраво ќе си практикува да си спрема домашна храна, да си мисли однапред и секако често да си јаде. Најлесно е да се лапне еден четврт бурек или хамбургер па да не јадеш цел ден после, ама тоа не е здраво. Не ми е тешко готвењето, бар не се чудам што да јадам кога сум на работа...потешко ми е да јадам пецива секој ден и јадења компир/ориз и месо. Се нешто калорично и лоша комбинација ми бараат децава по дома..се суви оброци, без манџи.. Веќе се помирив да правам два ручека, едноставно немаме сите исти потреби дома и тоа е тоа. Мислев ќе има повеќе алтернативни начини на готвење како варено, на пареа и сл. Зошто многу ме чуди кога нутриционист дава пржена храна, макар и без многу масло..јас во принцип секогаш избегнувам пржење..ми е преку нос од пржена храна и мислам дека е најштетен начин на готвење. Барам идеи за чорби и растителни извори на протеини..мислев тоа ќе најдам кај неа, ама слабо..
Кај Мама Фит првиот месец е претжено готвена храна и мајкиве кренаа востание Многу готвење било. И вториот ублажи, за третиот целосно да биде сува храна. Еве и Фит е таков. Јас јадам појадоци, вечера кога како, ручек нормален. Се стабилизирав на 64, варирам, 63-64 и ок тежина ми е. Да вежбам треба, а јас немам ни желба ни енергија.