Доколку те мотивира мојот изглед, доволно е да си дел од армијата. Рече Ана во последното видео. Што да ме мотивира, газот, градите, носот, устата, јаболчниците и веѓите? Па се е вештачко, пластично Доволно е да се упатам на пластична хирургија , не кај тебе Ано
Реално Ана ја интересираат само пари. Има добар маркетинг и си тера, последниве видеа се малце повеќе смешни и сѐ што прави она ми е некако превештачки. Посебно затоа што секогаш сака да претстави како она се грижи за секој член од таканаречената армија, а всушност и се битни само тие поблиските. И пред некој да рече дека ја напаѓам, си давам само издржано мислење затоа што во 2020-2021 се зачленив и јас и бев дел од тие групи на ФБ каде што она е многу ретко активна. И кога ја прашав за совет поврзано со здравје во тој момент, не знаеше да ми даде одговор односно не е воопшто компетентна за тоа и почна да го носи разговорот во скроз друга насока што немаше допирна точка со прашањето.
Да не грешам душа ама мислам дека не е тренер туку фитнес инфлуенсер со добар бизнис и добар маркетинг, како што и сама си има кажано. Ако грешам и некој знае поинаку, нека ме поправи. Претпоставувам дека има некој вистински тренер зад себе, или околу себе кој и помага околу програмирање. Но да очекувате дека индивидуално ќе ви помогне, мислам дека е залудно. Пак да не грешам душа, можеби си има знаење, ама дефинитивно не изгледа така. Доволно е да се слушне еднаш што збори. Протеините "согорувале" најбавно во телото, а биле најмалку калорични, и најмногу ја зафржувале ситоста. Ништо од ова не е точно. Протеините и јаглехидратите имаат еднаква калоричност. Во телото најбавно се разградуваат мастите, а најдолга ситост дава храната полна со влакна. И ова е само еден пример... Нејсе, фалењето дека имаш ослабено најмногу жени во Македонија е знак за успешен маркетинг, а не знаење. Најлошиот тренер/инструктор/инфлуенсер со малку повеќе движење и малку помалку храна ќе му помогне на седентер да изгуби 5 кг. Дефинитивно има најмногу новчаници ослабено во мк хахах. Како и да е, не игнорирам и негирам дека луѓе имале резултати и направиле успешни трансформации. Туку само потенцирам дека има разлика помеѓу тренер и инфлуенсер - кој наводно нашол "поедноставен начин" (самата го вели ова) како да се дојде до посакувани резултати. Инфлуенсерите си имаат свое место во фитнес индустријата и си газат одамна. Само кај нас е релативно ново, па луѓето не го сфаќаат бизнис моделот. На некој ќе му одговара, а на друг кој сака личен пристап не. И тоа е супер, секој има различни работи кои го мотивираат да стане и да извежба, што веројатно на крај е најбитното.
Еве не знам кој не е нормален човече! Ако имаш нормална бременост и ако сакаш малку да се размрдаш што се вели зошто да не вежбаш? Сигурно нема тегови да дигаш одма. И која би купила програма? Некоја што веќе има вежбамо а еве не знае што треба во бременост па да има некој водич, башка што имаш супер и вкусно мени за идеи.Сигурно некоја што не мрднала со мал прст предходно нема да и текне да вежба сега оти Ана и направила реклама. Секако дека се консултираш прво со доктор, ако е се во ред тогаш тераш даље ако не се знае, се одмара и тоа е тоа. И на горе наведените може да им се забрани да вежбаат, не значи дека ако некоја е професионален спортист ќе нема проблем и забрана од доктор.
Одлична критика. Издржана пред се. Не го спорам нејзиниот труд, ја ценам за тоа што работи и ми помогнала многу нејзината заложба, а мојот труд, но стана многу маркетинг малку работа. Програмите се исти вежби во круг, исти рецепти и веќе дури и нема иновативност и нема ништо посебно. За денес каква глупост има за ручек, тоа во уста не се става, макарони манџа со грав и просо... Пак ќе речам, за мене она е една од најуспешните инфлуенсерки, работата до сега и беше топ, се труди нешто да постигне повеќе, ама губи на квалитет.
zdravo majki, da ne ima nekoja majka zelba za slabeenje bi predlozila dokolku saka nekoja majka da ja podelime programata na Ana Stojanova za postpartum, za majki doilki Dokolku saka nekoja majka moze da se dogovorime da ja podelime sumata posto realno e masala visoka
https://peacharmy.mk/go/?fbclid=PAY...w8jGWi6RL3ELAxqX6w_aem_OZZSI41ed0RRFcA7F0nSQA Какви искуства имате со програмиве? Ми треба за слабеење... Најде некој да ја купите програмата?
Јас сум кај Ана веќе 3 месеци, може и повеќе, единствено за да сум редовна со вежбање. И да, исхраната пробав да ја следам недела дена, не успеав. Тоа е премногу готвење во еден ден за некој што е зафатен, има обврски и фамилија. Тие работи не може сите по дома да ги јадат, така да има да се изнаготвиш, а кај е работа и други обврски по дома. Еднаш дури и дечко ми за да ме поддржи, пола он ги готвеше и се мачевме два три дена по програма заедно да јадеме. Едноставно е неизводливо. Продолжив со тип на исхрана во стилот што го промовира Јанка Будимир, парче риба, месо, јајца со две жолчки максимум, зеленчук и извор на јаглехидрати, дали варен/печен компир, ориз, овес. Колку поедноставно толку подобро и со ChatGPT броев колку количински и колку калории да внесам. Океј резултати постигнав. Со вежбиве имам онака, океј оформување на телото, бидејќи пред се сум доста редовна. Скоро и да не пропуштам тренинг за долен дел, 3 пати неделно. Значи сума сумарум, само вежбите ги пратам. Е сега разгледував на интернет други онлајн апликации за тренинзи, скоро иста е сумата како кај Ана. Ја разгледував Сенада, по потекло е албанка мислам, ама работи со познати личности и има супер тело по тоа што го гледам. Верувам дека можеби и подобро осмислени вежбите ќе и бидат. П.С. Овие вежби што се кај Ана, понекои приметувам дека на видео не ги изведува правилно. Посебно предходниот месец, кога 5-тиот ден, и беше видео од кога почнала да ги прави програмите, видеото беше со ластиците, веројатно за да си ги рекламира, и пола од вежбите неправилно ги изведуваше. Инаку за програмиве на Сенада, за оваа апликација зборев. Верувам дека е доста по компетентна, плус имаш и исхрана и рецепти внатре за инспирација кои можеш да ги вметнеш во денот: https://www.werise.xyz/senada-greca Редакт: И заборавив да ја напомнам единствената работа што ме привлече кај неа, кај сите други програми, траеа по месец-два, оваа што ја издвојува е што уплаќаш и вежби имаш цело време. Квалитетот е дискутабилен, затоа и не се осмелив да земам полугодишно членство, бидејќи не знам колку би останала. Сакав да бидам редовна и да видам како ќе бидам задоволна доколку ја следам. Така да сериозно размислувам да се префрлам кај Сенада, таа тоа го нуди, редовни тренинзии предлог рецепти и група. Ќе споделам импресии ако тоа го сторам и се зачленам во било која група, макар била српска, странсла итн.
Јас не би се согласила, според мене програмите се прелесни и преедноставни, многу брзо се спрема и се јади се. Имам пишано и претходно на темава поопширно, сепак најпрво бев на нејзина програма есента 2021 ама не ја следев и нормално немав резултати, летово бев на летен предизвик за месец ослабнав 5кг и вториот не ја продолжив бидејќи многу патував периодот, и од ноември навака сум на Инста фит програмата за слабеење, ослабнав 12 кг. Имам уште 2-3 за симнување и ќе престанам но сепак ќе ми останат здравите навики и рецептите. Вежбите лично не ги следам не ми се свиѓаат, си вежбам сама во теретана исто од ноември, но сепак од програмите за исхрана од Ана сум презадоволна, да почнам пак со слабеење исто би одбрала и од нејзините би почнала. Како некој што се мачел со вишок кг цел живот и сум пробала милион програми и исхрани, за мене нејзините се наједноставни, најбрзи, највкусни. Btw. Најуспешен рецепт за симнување кг е калориски дефицит + вежбање, trust me. И да земеш некоја програма не мора 100% да ја следиш, менувај си и комбинирај си рецепти од различни денови, месеци, недели, можеш и од нет, само гледај да си во дефицит. И јас на пр. некој ден доколку не јадев нешто што беше понудено или не ми се свиѓаше, си менував со рецепт од друг ден, битно запазував калории. Не е се толку строго и црно
^ Веројатно зависи тоа индивидуално и од навики за исхрана од претходно. Ја у главно цел живот чисто јадам и со килажа немам мрднато од средно, таа сум. Плус 2 кила дали сум. Сакав да се тонирам, тоа ми беше целта. Малце мускулна маса да додадам. Претпоставувам за било кој да знае дали ми одговара, барем 3 месеци да е на програма да види како е, па ако му е океј да си уплати полугодишно/годишно со оглед на тоа што така е многу поефтино.
Девојки, Која има подобра и сеопфатна програма за теретана? - Ана Стојанова; - Милана Делиќ; - Софија Манчева..
https://peacharmy.mk/bali-stefan/?f...cKf8_PNTnelfch5_ww_aem_xJLWTavgAFbZGQiKhnzNXw Дали некој има искуство со девојкава, вреди да се проба?
Jaс имам позитивно искуство, за некои 9м ослабев 25 кила. Да се разбереме, ако не се држиш до тој некој начин на живот се враќаш назад до грамче. Имам здравствен проблем поради кој не можам да вежбам ама ќе ја земам за исхраната мислам.
Прочитај наназад барем 5-10 страни нема да ти одземе многу време. Искуство имам, пред некои 3 години го земав летниот предизвик од радозналост затоа што беше евтин. Девојката е производ на одлична маркетинг стратегија. Ниту е стручна ниту пак се разбира во тоа што го продава. И таа исхрана и е превземена од интернет а вежбите не ги изведува правилно а се работи за најнормални вежби кои ги има на секое второ видео на јутуб. Ниту е нутриционист, ниту сертифициран тренер, и самата Ана оди да вежба кај сертифициран тренер. Си вклопила програма и ја рекламира, дали може да те ослабе? Да. Тоа е нормално, секој режим на исхрана ако се продржуваш може да те ослабе. Твое е да си одлучиш кому ќе го довериш своето здравје. Јас одам од тогаш наваму кај Елена Бубало, разлика небо и земја, жената е образовата со сертификати и има индивидуален пристап. Не е нормално по една програма да одат илјадници индивидуи, секој организам е различен. Тоа не е само за Ана тоа е за сите што продаваат идентична програма, тоа е само бизнис модел. Со лесно што и да одлучиш.
Точно, не може ја со мои 155цм и 52кг да јадам по 2000+ калории на ден и некоја жена што е покрупно градена. Тоа како за почеток, на страна проблемот што го спомна членката дека не ги ни изведува правилно вежбите. Било кои бесплатни програми на јутуб за мене се покажаа како подобри. Бев кај неа неколку месеци и сфатив дека се е маркетинг и реклама. А Ана како Ана, предобро изгледа, затоа и добро продава.
Така, без да преудицирам за да не се разгори пак дискусијата, на членката сакав да и го пренесам моето искуство. Ана изгледа добро, очигледно е паметна и има добар маркетинг. Денес на инстаграм ако се наметнеш како фенси тренд се можеш да пласираш како производ. Јас и се восхитувам и на храброста да навлезе во сектор каде што не е стручна, јас не би го направила тоа особено кога се работи за човечкото здравје. Ама затоа што ете си работи поштено, не краде народни пари и башка никој не тера со сила од нејзе да купи програми и го почитувам трудот и успехот. Сепак никогаш не би следела нејзини програми ниту пак на други несертифицирани "тренери".