Летни јазични курсеви

Дискусија во 'Образование' започната од foxlife, 31 октомври 2011.

  1. foxlife

    foxlife Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Не приметив ваква тема, ако е дупла слободно избришете ја :)

    Инаку, сакав да прашам дали некој бил во друга држава на летен курс и колку време? И дали знаете некоја агенција што може да го овозможи тоа? Баш би сакала да отидам .
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.073
    За агенции незнам, но доколку имаш пари, летни пколи ширум светот имаш еден куп. Познавам луѓе кои беа на летна школа во Тарту, Естонија учеле естонски и многу убаво си поминале.

    Естонски јазик. Цената е 390EUR, но тоа е само школарина:
    http://summerschool.tlu.ee/estonian-language/

    Летна школа за чешки јазик, околу 1200ЕУР но вклучена е и школарина, сместување, оброци, учебници:
    http://www.phil.muni.cz/kabcest/en/summer-school.php

    Летна школа за словенечки јазик:
    http://www.centerslo.net/l2.asp?L1_ID=&L2_ID=1&LANG=eng

    Романски јазик во Сибиу. 630ЕУР, во цената се вклучени 13 ноќевања, доручек, школарина и учебници+цд, посета на музеи, цена на испит:
    http://rolang.ro/Romanian-summer-school.php

    Распрашај се исто на филолошкиот факултет во Скопје, имаат еден куп понудиза други јазици, а ако си студентка можно е да отидеш бесплатно или само со плаќање на пат и храна.
     
  3. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Јас разгледував за курсеви по англиски јазик во Лондон, ама цените се поприлично соленки. Баш разгледував, училиштето за англиски јазик Гринич организира курсеви, ама цената за две недели со сместување и авионска карта беше околу 1500 евра. Е сега, точно дека е година на олимписки игри и сместувањето е во централно подрачје, ама јас лично не можам да си дозволам 1500евра за 2 недели :) Што се однесува до курсот, понудата е супер, имаат групи за сите нивоа, на почеток има тестирање за определување на нивото на јазикот и сл.
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.491
    Еј ова е супер. Досега не знаев дека постојат и вакви летни курсеви, кои се одржуваат во други земји.
    Ем ќе научиш нешто ново, ем искуство ќе стекнеш, плус дружење и запознавање нови лица никогаш не е на одмет. Покрај другото, ќе прошеташ. Викате курсот за во Лондон 1500 евра за две недели бил. Да можев да си дозволам, без размислување ќе одев. Ама можностите ко за беља не ми даваат.
    Имам едно прашање. Те сместуваат во фамилија некоја или во хотел, куќа? :)
     
  5. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    ^ Конкретно за понудава за која пишав јас, сместувањето е во фамилија, што според мене е уште подобро зашто ќе имате можност да вежбате со говорители на кои јазикот им е мајчин. Се' е супер за кој може да си дозволи :) Искуството и усовршувањето на јазикот се дефинитивно незаменливи :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    јас ке одам во германија преку нашето училиште 460 еур.во цената се вклучени се: школарина, сместување, оброци, учебници,екскурзии до берлин,минхен и др. градови
     
  7. devica72

    devica72 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    preku koja agencija bese vo Germanija za 460 evra ?