Нова турска серија која што го имаше својата премиера на Нетфликс пред неколку дена. Двајца познати актерии кои сме ги гледале во Siyah Beyaz Ask(Ibrahim Celikol-Ferhat и Birce Akalay-Asli) овој пат во сосема поинакво издание. Серијата е кратка од 8 епизоди, која што има можност од втора сезона. Млада обожавателка-новинарка(Асли-Miray Daner) вешто се придружува на друштвото на искусна водителка на вести(Лале Киран-Birce Akalay) и набрзо ја сфаќа темната страна на амбициозноста, зависта и желбата да биде забележан. Таа со маска на добра девојка и го уништува животот на познатата новинарка. Но дали ќе го постигне тоа. Серијата ја видов во еден здив и топло ви ја препорачувам.
И јас ја гледав цела. Искрено има онакви личности кои за да стигнат до некое ниво би направиле се, за жал. Добра серија, ама кратка. И баш добар потег на Лале, семејството пред се.
Синоќа пола ја решив, до 4та епизода, денес целата ќе ја довршам. И да ви кажам баш ми фалеше вака турска серија кратка, добра и динамична да си изгледам. Плус со Бирче во главна улога, мераци Фала ви за темава!
Ја има негде прикачена со превод на српски/англиски или уште само на нетфликс е? И целосно е цела серија со 8 епизоди или уште ќе снимаат?
Ја изгледав серијата и топла препорака! П.С. Дали само мене крајот ( делот кај што сите ја бркаат, последни 10 минути ) ми беше too much? Значи на типичен турски начин успеаа и оваа фина серија малце да ја ука*аат. Таман при крај бев, и си викам леле конечно добра серија и баам! Значи не може и не може, многу ми се интересни овие турциве кога претеруваат со емоции во серииве. Ама сепак овој дел ако го изоставам, стварно топла препорака
@Цунами има нова серија на нетфликс со неа . Mezarlik(Гробље). Се занимава за насилство на жените. Гледај ја обавезно. МНогу добра серија. https://ok.ru/video/3968125110997
Фала за линков жемска Ја догледувам моментално Babilon, втора сезона сум. После ќе удрам маратон на Mezarlik. Гледам рејтинг во турција цело време е меѓу првите на листите, мора да е добра