Лидл е германски ланец на маркети кои има над 12 000 супермаркети во Европа и САД. Откако ги отвори своите маркети во Србија пред неколку години, ланецот на маркети продолжува да се развива и во останатите држави на Балканскиот полуостров, откако веќе постои во целата Европска Унија, Велика Британија и Швајцарија. Од годинава, Лидл постои и во Босна и Херцеговина, а во 2024 планирано е да почне со работа во Македонија и во Црна Гора. После долги шпекулации, конечно и официјално е објавено каде ќе биде отпочната изградбата на првиот Лидл супермаркет во Македонија - Битола . Изградбата треба да започне на 3. август годинава, а да заврши најкасно до истиот датум в година. Освен тоа, се шпекулира дека првиот супермаркет во Скопје ќе биде на локацијата на денешен Бриколаж, која што е наводно веќе купена од страна на ланецот маркети. Освен во Битола и Скопје, другите градови кои што се шпекулираат дека ќе добијат Лидл меѓу првите во Македонија се Охрид, Тетово, Штип и Струмица. Според најавите, за почеток треба да бидат отворени вкупно осум супермаркети во Македонија на различни локации. Што мислите вие, кога ќе бидат отворени првите маркети и каде? Дали ни се потребни покрај Кам, Стокомак, Кипер и другите? Јас лично едвај чекам, страсен љубител на Лидле сум
Не знам зошто толку фама за Лидл. Само слушам го зборат маркетов, ко да е нешто препосебно. Не сум била никогаш во Лидл маркет, имам гледано на нет што производи нуди да видам што е толку посебно. Има убави работи, би сакала да ни се достапни и нас тука тие производи ама дотолку паѓање во несвест, не разбирам.
Ако биде поефтин маркет, тогаш да, потребен е да конкурира со пониски цени, па нека му ја мислат другиве синџири. Не ме интересира брендот на Лидл, ме интересираат поволни цени.
Знам дека сеа ќе бидам мрчаторка, али ја у Лидл не купувам... Според мене, ништо посебно. Кога сум Мк одам во Кам, а тука во Кауфланд, и си го викам Кам. Не знам на кој принцип функционираат, оти германските производи од козметика и слично во Кам се нивни, има сладоледи и други ситници исто, па и знакот им е ист. Исто, производите од Јa од Реве, мислам у Стокомак ги има/ше, не ме држете за збор. Иначе убаво, нови работни места, нови призводи и продажба на некои сезонски џиџи миџи , ниски цени за обичниот народ, али пониски цени од Стокомак и Кам,не верувам, оти не е ни изводливо искрено.
Sum bil vo lidl vo nekolku drzavi, ima kvalitetni proizvodi za poniska cena, kaj nas kako ke bide so cenite ne znam. Mnogu e bolje od kam i stokomak.
Потребен беше од порано, добредојдена е промена, доста само едни исти маркети. Дури има некои за кои ама ич не би ми било криво и да ги истисне.
Mana e sto sekade gi gradat na ponedostapni mesta marketive, sigurno nema u centar da bide, taka da samo so kola.
Јас коментирам од аспект на потрошувач, не вработен и не знам какви се условите во Лидл, но скоро сум сигурен дека не се полоши од нашиве локални синџири на маркети, а камо ли во споредба со маалските продавничиња. Напротив. А на крај на ден, ретко кој вработен си го "љуби" работното место Кауфланд и Лидл имаат исти сопственици и исти основач, истата компанија и оттука имаат многу сличности меѓусебе
Што имаат врска условите сега? Во секој маркет, Лидл или Веро, условите се истите, треба да ги жалиме вработените? Самите избрале да работат во маркет, зошто нас потрошувачите би не засегало тоа? @mandrace
Не те разбирам. Носиш облека? Знаеш какви се условите во текстилните фабрики? Или уште полошо, носиш Зара/Манго и било кој од другите слични на нив, т.н. fast fashion? Јадиш јаболка? Знаеш какви се условите на произведувачите и работниците цела година за да наесен има јаболка по маркети и пазар? Или било кое друго овошје/ зеленчук. Ако гледаме така, ништо и од никаде не треба да купуваме. Никаде условите за работа не се сјајни во овие области.
Затоа што не е секој потрошувач И тоа значи дека треба да прифатиме ... тогаш да вратиме робовите назад .. па кому иде
Ја да ви кажам, Лидл ќе биде кај кружниот тек. Сите Лидл маркети во мое село и пошироко се на кружен тек. Искрено, нови работни места не верувам. Нешто ќе се затвори, некој ќе остане без работа, за нешто ново да исфункционира. Лидл ми е на ниво на Кам искрено, барем цена квалитет, Кауфланд има исти газда како Лидл, ама па, поинаков е. Од Лидл сум задоволна од 6 те производи кои редовно ги купувам одтаму, исто ко од Кам што бев, дури живеев во мк. Е на Кам не знам кој му беше линкот со Немачка, ако Лидл им го произведува прајват лејблот, може па Кам да испадне од игра.
Па? Тие што работат во Лидл и притоа им е толку тешко, дали знаат какви се условите, пример, во некоја фабрика чии производи ги користат и дали работниците во фабриката се толкави љубители на своите производи.