Сакам да прашам...? Девојки, дали знаете дали има лизгалиште на плоштад, и ако нема кога ќе го стават? Конкретно, во петок дали ќе има?
Сакам да прашам...? Деизи се гради лизгалиште во аеродром, ке биде најубаво и најголемо до сега..слушнав во четврток се отвара и ке биде бесплатно, само за тој ден.. ја и др деца од друштво ке идеме
Сакам да прашам...? Каде поточно во Аеродром? Инаку колку ќе се плаќа да не знаеш? Ние бевме за во петок, па ако сакаат во Аеродром, ќе им кажам да идеме. Само да присоберам информации.
Сакам да прашам...? аеродром појма немам каде точно само знам дека неделава се пушта, мислам утре или четврток али поише ми иде на четврток..каде и да е брзо ке се дознае..важно каде каде поблиску ми е и поубаво во аеродром него на кале ја со друштво обавезно идеме у четврток.. иначе четврток ке е мислам бесплатно а после ке се наплака.. ај ако иде некој, се гледаме
Општи прашања ^ 150 денари наем на лизгалки за два часа, 150 денари влезница за возрасни и 100 денари за деца до 10 години за два часа
Значи колку само не фер. Лизгалиштето во Куманово е помало од мојот стан, и за саат и пол бараат 100 ден. Не е многу, ама ако го споредиш со она во Б. Трајковски, тоа се вика кражба!
Во сакала на Борис Трајковски не бивало ич... Барем мене така ме известија, одвај се лизгало. И затоа е 30 денари хаха. Инаку јас претходната година прв пат отидов под кале, и верувајте не се покајав.. Само малце посветол пат да ставеа за натака не ќе беше лошо...
^ Абе Цаци - поарно! Што нозе и раце се искршија, и мојата позадина си патеше едно време, солидно. Ич не сакам вакви работи. Ролерки - да, до некаде, ама од ова си имам набиено страв и толку. Квалитетно паднав лани и среќа што не се искршив и не доаѓа во предвид да стапнам на лизгалиште уште еднаш. Секогаш сум таква страшливка, тоа е и една од најголемите причини што никогаш не го доусовршив возењето велосипед, ама за тоа ќе зборам во друга прилика и тема, богами.
Многу е лошо тоа во Борис, лани бев. Не е мраз подлогата туку пластични плочки, кои беа на места и подвиткани излупени, кај што одвај се пентариш на лошите лизгалки што ти се криват нозете со нив тоа ти доаѓа таман да се сопнеш и да се искршиш Јас не сум била на Кале, ама пред да идам во Борис имав идено во Аеродром на тоа лизгалиштето. Е тоа ми беше супер, само пофални зборови, едино некако мало беше ама не ми пречеше. Штета што не работи веќе. Инаку прочитав дека зимaвa не работи веќе ни на Кале, а баш планирав сега тоа да го посетувам.
Бев минатава недела во Борис и баш како што рече ти, пластична е подлогата, и да бидам искрена, не се осмелив да застанам на тоа со лизгалки.Ми фали уште да се искршам и ќе биде весело И не е точно тоа дека доаѓаат од 90-100 посетители дневно, немаше никој таму освен вработените Планирав и јас да одам утре на ова кај Кале, ама ова што го прочитав баш ме разочара.Статијава е од 20 декември, па некако се надевам дека смениле нешто, се мислам дали да се јавам и да прашам да не го пуштиле.Иако, според ова, нема шанси зимава