Инспирирана од ликовите во филмот решив да ја отворам темава . Четири женски карактери,четири силни карактери секоја различна секоја своја, секоја посебна. Со кој лик најмногу се поистоветувате и зошто. Јас најмногу се пронаоѓам во ликот на Миранда затворена ладна ....не искажува емоции ...голем пријател Сличности со Кери во филозофирањето ,вљубеник во модата и пишаниот збор .... Спротивност сум на Шарлот А сакам што повеќе карактеристики од Саманта не да се сексам со кој ќе стигнам ......затоа што секогаш гледа оптимистички, се дава целосно себе си .отворена , без влакна на јазик, го живее животот до максимум.
Бела од Твајлајт. Затворена личност, не толку комуникативна. Не обрнува толку многу внимание на облеката. И она во што највеќе не поврзува е љубовта помеѓу различни светови...
Abernathy од Death Proof. Зошто,не можам да опишам,едноставно кога го гледам филмот,во целата таа атмосфера - неколку женски на пат,се однесуваше исто како што би се однесувала и јас. Кој го гледал,знае.
Па веќе има тема за Sex and the City, таму има еден тон мислења за тоа во која од нив се пронаоѓате, така да темаваа е добра за ако некој се пронаоѓа во некој друг лик во серија, или филм. Ја обожавам 2 broke girls и често се пронаоѓам во Макс но понекогаш и во Керолајн, како комбинација се најјаки, прекрасно ми се поклопуваат и надополнуваат
Нема лик во кој целосно се пронаоѓам. Но имам некои заеднички карактеристики со Блер од Госип Грл. Мислам не тоа да сум Квин Б,да ковам планови против други и слични работи,далеку сум од тоа. Но се пронаоѓам во тоа што понекогаш знам избрзано да кажам некои работи,правам некои работи без промислување па после се каам.Mалку сум несигурна на моменти.Често знам да бидам намќор,не можам да глумам кога сум нерасположена и нервозна.Не се вклопувам секаде и не можам да се најдам на бранова должина со секого.
Kate Reed Соврешено се пронаоѓам во неа, премногу. Прво физички, иста висина скоро, косата кога ми беше долга, лудо ми се виткаше и слично прсати сме и двете Уште да бев толку згодна Каракетерно што не, ДОЦНИ секаде, секогаш се успива, пие кафе на тони, секогаш е во трчање, брзање , губи нешто постојано, збунета по некогаш. Правник, бивш адвокат, сака да биде задовлена правдата, не сака БИРОКРАТСКИ работи, се бори за тоа што верува... Луда и откачена, саркастична. Не подлегнува слепо на сите трендови и хипстерај. Особено во врска со правото најмногу ме потсеќа на мене, сеуште лута и се барам каде што и зашто, сака да исправа криви дрини... Секоја епизода се повеќе се пронаоѓам во неа, и се угледувам на некои идеи и идеали. Also father issues... Фраерка
Јас од сите серии најмногу се пронаоѓам во Блер од Gossip Girl.Знам да бидам лоша но ретко ковам планови за да повредам некого.ја следам модата и не можам да се дружам со секого и не ги поднесувам сите исто како и Блер.Знам да се налутам и тогаш сум опасна ако некој пријател ме повреди и јас го повредувам полека и најчесто сум своеглава и знам да глумам за да се извлечам од некоја ситуација.И како за крај мислам дека сум преамбициозна и треба се да ми е под конец .
Џејми од Friends with benefits. Не е можно колку сличности имам со девојкава,а од прво пред да го гледам филмот толку само негирав дека воопшто не личам на неа. Бунтовна и тврдоглава сум како неа.Лесно се навредувам. Е сега не личам во тоа со дечковците.
Babi од Три метра над небото. Физички никако не асоцира на мене ,ама сета таа приказна околу неа и Х...Изживеано! Не , не сум лигушка како неа , да се разбереме... Само , ете , ни се поклопиле животните стории ...
Фиби од Friends Се шалам не сум до толку глупа ама имаме карактерни сличности.. Инаку најголема сличност да не речам копи-пасте со лик дефинитивно најмногу се пронаоѓам со ликовите од турските серии.. Еве ќе ги набројам моите двојнички, прва ќе ја ставам Дениз од серијата Merhamet, Елиф од Kara para ask.. а на моменти можи и Нилуфер
Јас на моменти некако се пронаоѓам во ликот на Џек Николсон во Лет над кукавичјото гнездо .А други ми рекле дека карактерно сум ги потсетувала на Ана Каренина .