Мислам дека не постои ваква тема,колку што забележав. Ако некој навистина се разбира во ова ,поточно во овие медицински термини би сакала да ми го протолкува ова. Личноста веќе година дена точно се лечеше од лимфом на две места.На плуќата имаше и на горниот дел од стомакот.Некаде околу панкреасот. Примаше хемотерапии,па беше на пет скен и таму се покажа дека има уште малце останато.И продолжи на радиотерапии,20 пати одеше се зрачеше.И после тоа параметрите покажуваа дека е се во ред,а и снимањето на компјутер исто така покажа дека е се чисто. Но еве после месец ипол,скоро два повторно не се чувствуваше добро.Разни испитувања кои покажаа дека има жолтица B.(но докторите во државна очигледно грешна дијагноза дале во врска со жолтицата). Се чувствува изморено,малаксано и јаки главоболки.И веќе два дена нема рамнотежа при движење.Денес на комјутер и се снимаше главата и овој наод е добиен. Утре ќе прави магнетна резонанца во Систина,но јас сум мн загрижена поради наодот. Тетка ми е општ доктор,и знаеше да го протолкува се разбира,но сакам да слушнам и др мислења ако некој се разбира или имал ваков случај во фамилија.
Извинете да ве прашам дури сега гледам,но и татко ми има лимфом.Па ме интересира дали личноста освен лимфомот имала и некои невролошки проблеми?Затоа што татко ми тешко оди и шепти кога зборува т.е. има проблем со гласните жици.