Лиса Гарднер е американски бр.1 Њујорк Тајмс автор на крими трилери. Со повеќе од 22 милиони книги во печат, Лиса е објавена во над 30 земји. Нејзиниот успех преминува на мал екран и четири од нејзините романи стануваат филмови. Живее во Њу Хемпшир со сопругот и ќерката. Спојлер Превземено од https://sakamknigi.mk/author-book/gardner/ Книги кои ја сум ги прочитала на македонски превод се:Криј се,Јас те сакам повеќе и Преживеј за да раскажуваш.Трилери ептен за мој вкус.Сега излезен и најновиот превод на Фати ме од сакам книги.Мене секогаш ме оставале овие трилери до неизвесност до самиот крај. Па,вие што имате прочитано,како ви се допаѓа овој стил?Некои сугестии може и на англиски,без превод.
Само што го прочитав романот Јаа те сакам повеќе и можам да кажам дека беше прекрасен. Има многу испревртен заплет и книгата те остава во двоумење до самиот крај.
Не сум прочитала ништо до сега од неа, а често налетувам на нејзини наслови. После коментариве се заинтересирав и ќе прочитам па ќе се вратам со мислење.
Еве ме назад. Само што ја завршив Криј се, многу добар трилер, ми се допадна. Толку се внесов во книгата што ми беше и прилично морничава на моменти (ја читав навечер). Дефинитивно ќе прочитам уште нешто од Лиса Гарднер. Мислам дека ќе ја купам Фати ме .
Јас за авторкава дознав од Сакам Книги. Обично секогаш кога барам книга за читање, прво разгледувам на нивнот сајт па ги барам оригиналните наслови во електронски формат. Ги прочитав скоро сите наслови кои ги превеле од Лиса Гарднер и сите ми фатија око, ќе ги прочитам во скоро време. Само не можам да сфатам дали има некои поврзани книги, посебно од оние со слични имиња - „Фати ме“, „Криј се“, итн? Многу им се слични кориците и на „Јас те сакам повеќе“ и „Преживеј за да раскажуваш“, па се збунив малку. Има некој редослед или сите се сами за себе? Не сум проверила што вели goodreads за ова.
Не се поврзани колку што знам,само детективот е ист што ги разрешува случаите.И јас сега почнав да ја читам Лиса Гарднер во моментов сум до половина од "Јас те сакам повеќе" и ми задржува внимание,едвај ја чекам разрешницата на крај. А да не знаете дали има филмови според некои од книгиве?
Одлично, многу мразам поврзани делови затоа што ретко кои навистина вреди да се влечат со книги и книги понатаму. Напорни ми се, а колку и да се досадни, не ми се остава кога веќе сум почнала... Штом е така супер, и јас ќе почнам со „Јас те сакам повеќе“, ја ставив на Киндл веќе. Инаку, Гугл вели дека има два филмови по романи од Лиса Гарднер, ама не знам според кои книги се правени. Само пребарав да видам дали има нешто вакво и ми ги извади овие два: Instinct to Kill (2001) At the Midnight Hour (1995) Ако некоја знае нешто повеќе, нека каже. Јас да прочитам барем нешто па ќе се вратам во темава на коментирање.