Лица со посебни потреби и нивни права

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Cacy, 20 јануари 2011.

  1. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Дали мислите дека децата или лицата со посебни потреби имаат доволно права и заштита од страна на државата и луѓето или пак тие се отфрлени од средината?Дали на нив им се одземени правата за живот кога тие не се виновни за тоа?Зошто кога некој ќе види лице со посебни потреби во количка веднаш се коментираат непристојни коментари?Тие се луѓе како сите нас и тоа мора еднаш да се сфати.Во нашата држава за некои е чудно кога ќе видат лице со посебни потреби во парк или некое друго место.А сум приметила дека во странство односно во другите држави тие лица имаат повеќе почит и повеќе закони за заштита и нивна грижа.Зошто лицата со посебни потреби да бидат отфрлени од средината а вклучувајки ги и лицата до нив.Зошто да бидат исмејувани и критикувани нарекувании со различни имиња како(ретардирани)кога тие не се виновни за тоа?Наместо да се смееме на нив подобро да им помогнеме колку можеме и покажеме почит кон нив.
    Се извинувам во случај ако има ваква слична тема бидејки пред да ја отворам темата барав други теми но не најдов како оваа.Благодарам однапред :)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Јас искрено не се согласувам дека не се добро заштитени и дека немаат права лицата со посебни потреби во нашава држава. Постојат посебни училишта, места каде што можат да вршат различни активности со луѓе како нив. Каде што можат да се вклопат и да не се чувствуваат исфрлени од околината.

    Луѓето ги одбегнуваат лицата со посебни потреби, со ретардација и со било каков недостаток затоа што не знаат како треба со нив. Јас имам личност со посебни потреби во блиска роднинска врска. Моите другарки не се устручавале да ми кажат дека од него им е страв. Иако е сосем безопасен. Секако ако знаеш како треба со него. Во спротивно знае да биде и опасен и за себе и за луѓето околу него.Не бира кој што како.

    Луѓето не се исмејуваат. Се исмејуваат децата на помала возраст. Претежно машките нарекувајќи се меѓусебно абе ретардиран еден а всушност не ни знаат што е тоа. Како што созреваат го менуваат тоа. Ама некој директно со вакво лице да игра мајтап јас барем немам видено. Сум приметила како луѓе помагаат на вакви лица. И јас сум помогнала. А дека биле лошо третирани не сум била сведок.
    Освен еднаш но се работеше за едни цигани. Гњавеа еден беспомошен старец-питач.

    Има и вакви лица кои се на улица без корка леб. За тоа треба да се погрижи државата.
    Но секако на прво место се спомениците па затоа луѓето малку ке причекаат. ;)
     
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Мило ми е што слушам дека има некој кој ги прифаќа тие лица како луѓе,бидејки јас немам такво искуство.На мене ми се случи сосема спротивното бидејки јас имам роднинна сопосебни потреби кое има целебрална парализа и во училиште мене ме исмејуваа и го вреѓаа тоа лице а за правата да не зборуваме тие роднини едниот е вработен другиот не и примаат помош од државата која не е доволна да се платат сметки за струја,вода а да не зборуваме за храна и облека бидејки имаат уште 2 деца.....Ако сакаш праши ги родителите на сите деца со посебни потреби и ќе ти го кажат истото државата не се грижи за тие деца и ако родителите не сторат нешто.Да спомнам тоа лице не може ни да оди ни да зборува а да не зборуваме за училиште или др.
    Е да за владата и државата поважно е да имат повеќе споменици и трговски центри а никогаш не прашуваат за вакви лица.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    И јас се имам расправано за тоа дека не добиваат доволно помош семејствата кои имаат деца со посебни потреби меѓутоа мене само ми рекоа : Тоа дете има трошоци помали од нормално дете. Никој не ги терал родителите да го родат и да се мачи детето. Него му требаат само љубов алишта и храна. И ако оди во училиште чланарина за таму. А секако дека не можат да добијат право на глас и да одат во нормално училиште затоа што самите тие лошо ке се чувствуваат и психички ке пропаднат уште повеќе.

    Ти имаш 15 години. Нека не те засегаат коментарите на децата околу тебе. Веќе реков дека не разбираат несозреани се сеуште, зборуваат а не ни знаат од што боледува твојот братучед.

    Церебрална парализа како таква е болест. Болест која може да се јави поради разни причини и има неколку стадиуми. Има и лесна и ептен тешка церебрална парализа.

    Постојат 3 типа на церебрална парализа:
    Спастичка - има крути и отежнати движења.
    Атетоидна - присутни се неконтролирани движења.
    Атаксична - има пореметување на чувството за рамнотежа и перцепцијата за длабочина.
    Често пати се јавува и некоја комбинација од овие 3 типа.


    оваа парализа може да се добие дури и од температура. најлоша температура е 37.5. Откако ке се добие парализа тогаш лицето станува личност со посебни потреби, и има многу третмани кои си бараат премногу јаки економски средства и луѓето се револтирани што државата не им ги овозможува, дури и кога би сакале властите да помогнат не би се имало средства за секое дете да ја добие целосната терапија. Нажалост таа е суровата реалност која мора да ја прифатиме.
     
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Има тема за церебрална парализа во психологија и неколку пати пишав таму за совет и помош, но не ги добив :( Затоа ќе пишам и овде: кој има повеќе информации за оваа болест, нека пишува.
    Сакам и нешто друго да прокоментирам: Какво е тоа тврдење дека за овие деца се помали трошоците? Па какви се не трошоци се прават за нив, физикални терапии, ортопедски помагала, очила за вид, кај некои и операции...
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Мајгрл прочитај го цел пост убаво ;)

    Зборувам за дете кога има дефект од своето раѓање и за кое нема чаре. Така како мојот прв братучед. Таков е и не постои ни еден единствен начин да се реши неговата ментална способност и да се изгуби неговата ретардација. Пред да прокоментираш види убаво. Понатака пишав дека се прескапи третманите за лица со церебрална парализа. ;) А државата има категории според кои личноста со церебрална парализа или со било каков дефект добиваат парична помош но секако дека е недоволно. ;)

    Еве ти инаку повеќе за церебрална парализа.

    Церебралната парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот, најчесто настанато пред, за време или кратко после породувањето.
    Церебралната парализа не е проглресивна болест, односно состојбата не се влошува со текот на времето.
    Најчесто се дијагностицира во првите 3 години од животот на детето.
    Причини за појава на церебрална парализа
    До церебрална парализа може да дојде од разни причини, како:
    Болест на мајката за време на бременоста, на пример некоја вирусна инфекција во првото тромесечие од бременоста.
    Предвремено породување или одлепување на плацентата.
    Лоша позиција на бебето при раѓањето, премногу долго породување, проблеми со папочната врвка.
    RH некомпатибилност помеѓу родителите итн.
    Научниците ја испитуваат генетската поврзаност со мозочните абнормалности, кои можат да доведат до церебрална парализа.
    Причина за појава на церебрална парализа по раѓањето може да биде
    Инфекција кај бебето, како менингитис, енцефалитис итн.
    Повреда на главата при некоја незгода, пад и сл.

    Симптоми на церебрална парализа

    Зависно од тоа во кој дел од мозокот се наоѓа оштетувањето и степенот на зафатеност на централниот нервен систем, симптомите можат да бидат различни:
    Проблеми со говорот.
    Неконтролирано движење.
    Проблеми со подвижноста (често пати мускулите се напнати), грчење.
    Нарушување на слухот.
    МНарушување на видот.
    Може но не мора да биде присутна и ментална ретардација. Тоа што некоја личност има потешкотии со контролата на движењата или проблеми со говорот, не значи дека има и ментална ретардација.
    Некои луѓе со церебрална парализа можат да се движат без проблем, некои одат со патерици, а некои пак мораат да користат инвалидска количка. Исто така и другите симптоми на церебрална парализа можат многу да се разликуваат од случај до случај.
    Типови на церебрална парализа
    Постојат 3 типа на церебрална парализа:
    Спастичка - има крути и отежнати движења.
    Атетоидна - присутни се неконтролирани движења.
    Атаксична - има пореметување на чувството за рамнотежа и перцепцијата за длабочина.
    Често пати се јавува и некоја комбинација од овие 3 типа.
    Детектирање на церебралната парализа
    Многу важно е церебралната парализа да биде навреме детектирана. Детето може да има проблем со недостаток на мускулна координација при движењата, вкочанети или напнати мускули и пренагласени рефлекси, може да ја влече ногата кога оди, може да оди на прсти, може да има или преголема стегнатост или преголема олабавеност на мускулите итн.
    Терапија кај церебралната парализа
    Терапијата кај церебралната парализа не може да направи детето да оздраве од неа, но може многу да помогне за да се подобрат способностите на детето. Терапијата може да вклучува:
    Физикална терапија
    Говорна терапија
    Медицински интервенции, понекогаш и хируршки интервенции за подобрување на моторните вештини
    Употреба на помагала
    Рана едукација

    Превземено о твоебебе.ком
     
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Се извинувам :$ Ама кога го пишав тоа не мислев на тебе, туку на тие што ти зборувале така.
    А за церебрална парализа имам многу читано, ова што го пиша ти го знам. Мене ме интересира дали некој знае за некакви си организации на родители на деца со церебрална парализа, потоа доколку некој има лично искуство или близок контакт со таква личност. Јас имам братучетка со церебрална парализа, но мислам дека нема ментална ретардација. Да не се повторувам, имам пишано за нејзините симптоми во темата церебрална парализа. Она што ме мачи е тоа што наредната година таа треба да тргне во училиште и вујко ми и вујна ми планираат да ја пратат во обично училиште. Но страв ми е како тоа психички ќе влијае на неа. Знам дека ќе има исмејување и навреди од страна на другите деца, како и нестручно однесување на наставничките кон неа. Од друга страна пак, се мислам дека ако ја пратат во специјализирано училиште, нема да може да се развива и едуцира целосно, а ми делува како да има капацитет за учење. Башка, му спомнав на вујко ми за идејата да ја пратат во специјализирано училиште и тој се навреди :o Во голема недоумица сум, дали да продолжам да го убедувам за праќање во специјализирано училиште, или да ги оставам да ја запишат во нормално? :?:
     
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Немој да ме фатиш здраво за готово ама како што имам слушнато мислам дека треба во секоја градинка и од 1 до 4то одделение или така нешто да има дефектолог кој ке знае како да се постави со овие деца. Затоа што кога детето ке стане агресивно обична жена доколку не е едуцирана доволно во оваа тема нема да знае како да се постави со детето.
    Во зависност кој степен на церебрална парализа ја има личноста мислам дека може да заврши училиште но со голмеа поддршка. Ако ништо друго барем нека проба. Па доколку се појават несакани ситуации или симптоми би можеле да ја префрлат.
    Секој родител се навредува кога ке му се рече да го носи детето во специјализирана установа. А тоа е лошо и е доказ дека самите родители не се соочени со фактот дека нивното дете поседува церебрална парализа. Која може да се подобри но секако може и да се влоши.
    јас знам една личност со лесна церебрална парализа која има завршено и факултет.
    Зафрканции од страна на децата ќе има. Неизбежно е. И детето комлекси да си набие. Но мислам дека со доволно голема поддршка би можела да се обиде.
    За симптомите точно не знам кога се појавуваат. Ама нели кај секого е различно и зависи од тоа како настанала болеста а и кога.

    Јас мислам твоите вујко и вујна да се консултираат со специјалист. Да се соочат и да решат што и како понатака.
     
  9. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    217
    Дискриминирани се во секој случај, па и тие се луѓе, еднакви како и сите. Единствена разлика помеѓу нив и човек кој нормално функционира е тоа што им е скратено нормално движење, размислување, говор...Често низ градов кога ќе видам лице во количка од страна луѓето ќе се погледнат или ќе прокоментираат нешто меѓу себе, најчесто коментари од типот на "греота".
    Ако јас би се ставила на нивно место би ми сметале тие коментари, не би сакала никој да ме "жали", тоа била мојата судбина, мојот живот и така го живеам !
    Многу се ретки фирмите кои ги вработуваат овие лица, секако оние со поблага ретардација кои би функционирале нормално во општеството.
    Ги имаат истите права како и останатите, но ретко кој го увидува тоа, свеста (ако воопшто ја има) во државава ни е нула во врска со овие лица. Навистина жално :worried:
     
  10. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Добро ке се обидам сега да не бидам сватена како лошата вештерка од исток, лицата со посебни потреби од секогаш постоеле и ке постојат меѓу нас и тој факт нема ништо да го смени,колку и да се обидуваме да го заборавиме сепак се меѓу нас и со нас. колку и да звучи лошо сепак тие се лица со одредени недостатоци дали физички или психички сепак се тука. Оние кој што се со физички недостатоци биваат прифатени од околината и опшеството за разлика од оние со психички проблеми,нај искрено мене и ме плашат таквите лица со психички пореметувања бидејки незнаеш кога како ке изреагира дури и можеш да си добиеш некој шамар или бокс за да ви го привлечат вниманието или да ви покажат дека им се допаѓаш.
    Колку што можам ги избегнувам нив и нај искрено мислам дека нивното место е во специјализирани институции колку и да звучи тоа злобно сепак тие лица или деца не се способни да се социјализираат со останатите. Како прво и основно немаат исто расудување за тоа што ги опкружува а не пак нешто друго и искрено мислам дека е огромна грешка што во училиштата ги укинаа паралелките за деца со посебни потреби или така наречените спецјални паралелки. А и родителите на тие деца премногу се лутат кога нивните деца ке треба да одат во таа паралелка а од друга страна пак се закачаат со останатите деца и сметаат во самиот образовен процес. И не не мислам дека нема доволно закони кој ги штитат лицата со посебни потреби мислам дека се доволни и овие кој ги имаме сега само да се спроведуваат како што треба, и да бидеме реални колку ние и да сакаме тие лица никогаш нема да бидат дел од нормалното опшество нити ке можат да се спцијализираат како што треба
     
  11. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    217
    ^^ Токму за ваква дискриминација мислев прееска кога го пишував моето мислње!
    Боже Господе, па девојко што се они Баба роги, вештери, вампири ???

    Да, тоа е твое мислење (на 26 годишна девојка АЛО), но нели размислуваш во животот дека ќе имаш деца, внуци... дека тоа може да ги снајде и нив ?!
     
  12. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Озборувачке можеш колку сакаш да ме осудуваш но сепак реалноста е таа и ништо нема да го промени тој факт, а твое е како ке ме разбереш знаеш обично лугето немаат вроден страв туку го стекнуваат во текот на животот, и искрено речено јас имам лошо искуство со такви луѓе а и дека сум во право дека треба да бидат сместувани на училиште во посебни паралелки треба ( ова само за лицата со психички пореметувања ) спона деца и внуци па сигурно дека не сакам моето дете да губи од образованието,само поради фактот дека некоја мајка несака да си признае дека детето не и е во ред, истото важи и за моето доколку биде такво. Не ретко имам гледано случаеви кајшто деца се малтретирани токму од такви деца со посебни потреби,а на нивните родители им не им чуе битно им е нивното его да не биде повредено и нивното дете сите да го сметаат за нормално без разлика на се можеби сум лоша но тоа е вистината.
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    846
    Симона, многу нормално дека децата со недоволен психички развој не треба да одат во нормално училиште, воопшто не звучиш како злобна вештерка. Проблемот кај мојата братучетка е што таа нема ментална ретардација(барем сега за сега така изгледа) но има физички недостатоци. Значи, таа оди на прсти, не ја влечи ногата по земја и не криви, но сепак се ниша додека оди и се гледа дека има проблем. Исто така, има и страбизам, што е уште поголем фактор за потсмев од страна на децата. Башка, ортопедските помагала што ги носи се чевлички со железа до стомакот, а се прицврстени со обрач околу стомак и два обрачи на колената. Јас често пати ја имам шетано со мене, но еднаш имав непријатно искуство кај една другарка. Ја однесов и неа, со цел да си игра со нејзината помала сестра(до сега се има дружено со други деца, но никое не ја зафркавало, најверојатно претходно биле предупредени од своите мајки). Но бев непријатно изненадена кога ова девојче постојано се смееше, зборуваше во стилот:
    “Хехехе, што се овие железа што ги носи“ или “хахах колку дебели очила има, леле едното око не и е право“, а девојчето беше 8 години. Среќа братучетка ми тогаш беше помала па не сфати или не ја слушаше додека оваа се потсмеваше. Сестра и 5 пати ја искара, но немаше ефект.
    Башка, братучетка ми понекогаш станува агресивна, најчесто кога некоја желба нема да и биде исполнета. Но не е агресивна кон другите, туку кон самата себе. А некогаш знае да се задлабочи во нешто и колку и да викаат по неа, таа не регистрира никој.

    Теддибеар, ќе се распрашам за ова што ми го кажа, ако има дефектолози и во училиштата супер.
    Инаку, и јас познавам дете со церебрална парализа кое што заврши факултет, а кога ќе го споредам со братучетка ми, тој има повисок степен на церебрална парализа од неа, во поглед на физичките недостатоци.
    Се надевам само дека влијанието на околината нема да ја турне во депресија. Знам дека комплекси ќе си набие, но депресијата е многу посериозна и не сакам да дојде до тоа. Во секој случај, ја има подршката од сите роднини.
     
  14. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Сонце во потполност те разбирам и сочуствувам за твојата братучетка сепак ниедно човечко суштество не би требало да трпи такви маки,лично јас имам братучед кој е во инвалидска количка од кога знам за него.Проблемот е што немаме специјализирани установи и училишта за децата и возрасните со посебни потреби. Мојот братучед иако нема ментални проблеми и е со висока интелигенција никогаш не одеше на училиште учеше дома и така заврши и основно образование и средно образование,бидејки неговите родители беа свесни дека нивниот син не е како сите останати деца и не настојуваа тој да се социјализира со другите деца едноставно тие го прифатија фактот дека тој е таков каков што е,и дека одењето во училиште со останатите деца нема да направи ништо добро за нив туку само поголем проблем ке биде за него и сите други кој ке треба да учат со него заедно.Бидејки деца си се деца мало не внимание и ако падне лесно може да дојде до голема повреда која за него може да биде кобна а за останатите деца да значи голема траума во животот,но да постоеја оние специјални паралелки детето ке можеше таму да учи.
    Е сега проблемот е што повеќето родители не се спремни да го прифатат фактот дека нивните деца се различни од другите ( психички или физички не е битно ) па упорно туркаат тие да бидат социјализирани од околината но и самата кажа дека тоа не е можно едноставно се разликуваат и тоа е тоа,познавам една жена која има дете со ментална ретардација тоест со заостанат психички развој е детево и упорно го носи меѓу другите деца надвор пред зграда, да си играло со нив но едноставно не оди тоа така тоа дете ги тепа ги напаѓа останатите деца не ретко има и скршени глави и кога сите останати мајки и баби почнаа да избегнуваат да бидат на исто место со нејзе и нејзиниот син бидејки правеше огромни проблеми тие беа дигнати лоши нехумани итн итн,сега тоа дете со триста врски е запишано во училиште со нормални деца во нормална паралелка и постојано прави проблеми а најголем проблем на мајката и е дека моето не е БУДАЛО па жено свести се подобро и за твоето и за сите останати однеси го каде што можат да му помогнат и колку толку да му дадат некое знаење вака само сите губат се додека на некој родител не му пукне филмот па да стане работата уште полоша.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.246
    Допаѓања:
    136.446
    Пол:
    Женски
    Симона, ако некое лице има само физички недостаток, не значи дека не треба да се социјализира. Малку ми е глупава таа дискриминација. Телесните инвалиди кои се ментално здрави не треба да бидат изолирани од општеството, напротив. Тие можеби можат да придонесат за заедницата, иако се инвалиди. Твојот братучед можел да оди во нормално училиште штом има физички недостаток, исмејувањето не е причина да не оди, ако е ментално здрав. Тоа што неговите родители решиле дома да го едуцираат е нивно право, и можеби е единствено решение кај нас, бидејќи луѓето, а особено децата, знаат да бидат сурови спрема оние што се на некој начин различни.

    За лицата со ментална заостанатост се сложувам дека немаме доволно специјализирани установи за да бидат згрижени, не во смисла сместени таму, туку установи каде што колку-толку ќе имаат нормален живот, т.е ќе имаат дел од она што го имаат здравите лица, ама заедно со луѓе слични на нив.

    Кај нас многу работи не се како што треба, а камоли правата за лицата со посебни потреби. Мислам дека дури ни нормалните граѓани немаат којзнае какви права, па што останува за другите. Тука многу работи мора да се менуваат, ама во нашава држава приоритет се споменици.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    67
    наместо да се плашиш пробај да им покажеш љубов на тие личности. Луѓе сакате да идете напред да идете во европа а дали знаете дека и тоа се гледа ХУМАНОСТА а ние тоа овде го немаме. Јас сум родител на дете со посебни потреби летово бев во европска држава на одмор и знаете што видов како живеат тие луѓе. На плажа видов девојка во инвалидска количка и даунов синдром наеднас се стрцаа двајца дечки ја дигнаа количката и ја ставија на песокот родителите презадоволни кога ја однесоа во вода една друга фамилија која што не се знаеа цело време ја гушкаа и она пресрекна беше ние седевме до нив и јас се радував за неа и посакував и кај нас да биде така но за жал никогаш нема да биде, Вака ке биде последен мој случај и на моето дете бев во луна парк на каса прашав дали дете со посебни потреби има попуст таа таму ми рече дека они не плаќаат. ок и си отодов кога стигнав на афтодромот(количките што се судираат- стари од пред 100 години да речам) Ми побара карта ја и реков на таа што ми кашале на каса а од неа добив ваков муабет неможе таа да ти каже тоа треба јас да одредам дали она е со посебни потреби или не хаос беше, Моето дете има многу малку говор и затоа се води во најлесна категорија на посебни потреби многу знае ,многу работи и многу памти. Кога го извадив документот што го носам секогаш со мене кокошката што работи таму морам така да ја наречам продолжи со зборење и само ја прашав дали знае да чита што пишува или да одам до управникот. Виде невиде дека сум јас во право ги пушти количките. Боже сачувај од народ. А за тоа дали имаат право и помош или нешто друго од државата да знаете луѓе немаат многу многу. Детето ми иде во школо со посебни потреби и се соочуваме со проблем ПРЕВОЗ ние си ја носиме ние си ја враќаме а државата како да не видела како функционираат во други држави. Без разлика дали детето или некој човек има проблем така да наречам треба да се помогне зашто ако видиш дека јнекој се маши по скали да подигне количка полна со продукти да не се помогне и тоа е хуманот, само на крај ке кажам дека треба да продолжиме по патот што ни го остави ТОШЕ-ХУМАНОСТ сетете се само колку беше он хуман и еднаш да помогнете да дадете љубов сто пати повеке тој некој ке ви биде благодарен без разлика од која вера е од која националност е па нели сите сме од крв и од месо. Се најубаво
     
  17. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    67
    Дали лицата со посебни потреби траба да знаат да извршуваат домашни работи и што мислите вие за ова? Кажете го вашето мислење, вашето искуство. Јас еве на кратко ке кажам. Секоја личност треба да знае да обавува домашни работи. Јас имам веќе помош и тоа многу голема, можам да кажам. све знае да работи. А исто така сите во мојата околина и моето друштво е прифатено моето дете а зашто не би било.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.318
    Допаѓања:
    110.012
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек со посебни потреби. И треба да знае да ти кажам искрено не треба воопшто да се дистанцира од работните обврски. Сите сме луѓе и сите си имаат мани никој не е крив за тоа , така е дадено од Господ. Значи во принцип тие се нормални луѓе. Треба да се гордеете со нив, затоа што ние највеќе успеваме во се, додека обичниот човек брзо ја губи волјата за живот.

    Јас сакав друго да прашам. Значи конкретно имам проблеми со слухот и носам помагало, но запознав едно дете кое ми се допаѓа и доколку прерасне во нешто посериозно незнам како да му кажам. Јас сум си нормална немам други мани освен ова. Мојот инсикт вели дека нема да ме прифати, но знам дека не треба да се залетувам зашто ќе се разочарам? Малку помош...
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.246
    Допаѓања:
    136.446
    Пол:
    Женски
    Зошто да не те прифати? Ако е човек на место, твојата наглувост и тоа што носиш слушен апарат нема да му пречат воопшто. Не се оптоварувај, дружи се со него, излегувајте, види кон што води тоа. Најважно е да е некој што ќе те почитува и цени. Ако му пречи твојот физички недостаток, тогаш не е човек за тебе.
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Што и да е јас мислам дека треба да му кажеш тоа не е ништо страшно ни срамно и не гледам искрено причина зашто да му смета и да да направи.Барем сметам дека секоја паметна и разумна личност тоа не би го гледала како пречи а и зашто нели, кога не е. Па посебно и да биде нешто посериозно глупаво е да се крие.
    Се надевам дека се ќе испадне добро:)