Лицето за време на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од ZDR, 17 декември 2014.

  1. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Дали и вие имате / имавте проблеми со акни за време на временоста?

    Еве ќе влезам во 4ти месец а лицето ми е сеуште ужас. Првично мислев дека е вообичаено зошто очекував да добијам. Кога дознав дека сум бремена мислев дека е од стрес и тн, ама еве веке месец и половина каде што сите работи се на место, се е супер, нема потресувања, а тоа е се полошо.

    Дали имате вакво искуство, некој совет, зошто ситуацијата е очајна а свадба треба да се прави :D
     
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    12.868
    Пол:
    Женски
    Мене состојбата ми е речиси иста како пред бременост. Накај 5-6 месец скрос дури и ми се исчисти лицето... Косата ми се збуфна (леле колку ли ќе паѓа после породување)....

    За акните, најубаво да си го прашаш гинекологот што те води. Може ќе ти препорача некоја терапија...

    Исхраната може да е фактор, сепак хормони се во прашање... Можеби нешто што ти одговарало претходно да не ти одговара сега...
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Kaj mene vo pocetok na prvite meseci liceto mi bese kako i sekogas,nakaj 7mi mesec gledav pocisto lice i kosata mi bese pocvrsta.
    Razgovaraj so ginekologot za ova,moze ke ti prepise nekoja krema.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    232.426
    Хормоните си го прават своето и кај мене.

    Јас и онака мака си мачам со мојата сува и осетлива кожа, во текот на бременоста состојбата само се влоши и тоа драстично.
    Вториот и третиот месец поминаа со чести црвенила на лицето, раздразнета кожа, суви делови...па и покрај секојдневната нега морав да внесам дополнителни креми за хидратација.
    Капак на се беа акните кои беа многу болни, но за среќа беа фаза од неколку недели и не се повторија.

    Сабајлинава повторно сувата кожа ме шокирање.
    Имав буквално првут и лишаи од сува кожа кога се погледнав во огледало(facepalm)

    Синоќа пред спиење се измив со сапун, потоа исчистив лицето со тоник и поминав со лосион. Врз него нанесов анти ејџ крема. Сите од линијата за сува кожа.
    Е стварно срце ме здоболува кога на сета мака и пари што ги давам ќе се видам таква во огледало.
    Повторив постапката со сапун, тоник и лосион, се исчисти првутот и се исчисти кожата.

    Сега седам како гејша. Цела бела во лицето.
    Се намачкав цела со пенатен (конзистенција ќе му дојде како здравето) кој ми е проверен за смирување на лишаи кои се остатоци од лупење на кожата а потоа неколку пати ќе се поминам со себа мед со 12 % омега. Не е типична хидратантна крема, туку ми е преодна измеѓу истата и пенатенот.
    Евентуално доколку се смири вечер ќе нанесам нормална хидратантна крема исто од себа мед да и даде вистинска влажност и виталност на кожата. Во овој момент таква крема не би ми била од корист.


    Користење на најголем број од препаратите против акни не е дозволено, а и со кремиве треба да се пази.
    Ќе стискаме заби...ќе дојдат подобри денови.
     
  5. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    589
    Одсекогаш сум имала проблематична кожа ама во бременоста лицето ми беше кристал чисто а косата бујна и влакното убаво.Ама после порагајот косата почна да ми паѓа а лицето ми стана како во пубертет еве веќе 7 месеци и никако да се опорави ама тоа го препишувам на хормоните и се надевам дека со тек на времето ќе се среди.
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    77.239
    Првите месеци ми беше лом. Акни , како пред добивање. Сега ми се исчисти, поубаво не ми било :P
     
    На cresa-jagoda, orhideea и Seduction им се допаѓа ова.
  7. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.564
    Допаѓања:
    56.939
    Еве 26 недела до сега немам ништо.
    Се надевам и понатаму нема да се појави нешто.
     
  8. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Јас исто додека да влезам во 4ти месец имав акни, ова ми се среди кога се стабилизирав хормонски.
    Сега имам друг проблем. И покрај употреба на дневна крема со СПФ50 на Еуцерин добив мелазма, ова што го викаат трудничка маска, шарена сум со пеги и флеки.
    Засега не преземам ништо, кремите кои делуваат содржат состојки кои можат да штетат на бебуш, но кога ќе се породам мора да најдам нешто докажано делотворно. Дали имате некоја препорака?
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.586
    Пол:
    Женски
    јас бев за никаде и земав еден крем ајше белило се вика и доста ми помогна сестра ми го користеше и земав се мачкав и јас и другиот ден одма се гледаша разлика и сега секоја вечер пред спиејне се мачкам
     
  10. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    А каде можам да го најдам овој крем и која цена е? Многу сум шарена :( се надевам дека ќе ми помогне и мене.
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    20.909
    Допаѓања:
    101.368
    Јас сум цела бубуљичава :( Некои ко чирови ми се. Имам и една флекава линија на брадата.. Ужас.
     
    На Seduction му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    77.239
    @kukla21 ќе ти се исчисти после 3 месец. Сега сум полна пеѓи и флеки некои. А не излегувам мн. на сонце. Прееска ем пудра ставив и кога се загледав на сонцето , као да не сум јас :o
     
    На Seduction и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    20.909
    Допаѓања:
    101.368
    @eli25 дај боже да е така. Не можам да се познаам. Башка ова на брадава ужасно е :(
    Избегавам пудри, бб и цц креми за да ми дише кожата, ама очигледно нема фајде и од ова.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.586
    Пол:
    Женски
    Јас го купив во прилеп во парфимерија 80 денари а може да го има и во аптеките
     
    На Kay Scarpetta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Мене ми е многу суво лицето, дури и ми се перуте. Постојано му ставам крема ама не помага. Дури и скапот ми е сув, мислев од шампонот е, ама не било. Акни и немам, на челото знае некоја да излезе, ама ептен ретко. Мора утре некоја маска да и ставам, катастофа е.
     
  16. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.586
    Пол:
    Женски
    стави кокосово масло и мене знае така да ми се направи и си ставам наместо крем
     
    Последна измена од модератор: 7 мај 2017
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    @Belabelinakinder а каков тип на кожа имаш?
    Мојата е комбинирана, не знам дали ќе ми одговара оваа крема што ми ја пиша... Не е скапа, 80 денари, ако успеам да ја најдам ќе ја земам, ама чисто ме интересира каква е, дали е многу мрсна :)
     
  18. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    23.586
    Пол:
    Женски
     
    На Kay Scarpetta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Јас вчера си ставив домашна маска од мед и бадемово, ми стоеше на лицето околу 20 мин, па се измив прво во топла па со ладна вода да се затворат порите, на крај крем за лице ставив. Сега ми е поубаво лицето, не се перуте, меко е и мазно.
     
    На Acka22, Belabelinakinder и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.582
    Допаѓања:
    26.917
    Пол:
    Женски
    Мешињa сaкaм дa ми кaжите дaли ви се пoјaвувaaт aкни? 16 неделa сум и oд пред 10тинa денa имaм aкни нa Т-зoнaтa oсoбенo нa нaдусниците и брaдaтa. Пред бременoст си кoристев Хлoрaкoл, aмa гo прекинaв кoгa дoзнaв декa сум бременa пoрaди aнтибиoтикoт штo гo имa вo негo. Мoжaм дa кoристaм нештo зa aкни безбеднo,некoј сoвет?:worried: