Целта на темата е да споделиме информации за ресторани, барови, кафулиња и други места во кои не се пуши, целосно или делумно. На повеќето места често е многу зачадено, а на накои од нас тоа им пречи, дали од здравствени причини, со мали деца сме, или нешто трето, па затоа мислев дека ваква тема ќе ни биде од корист. Во моментов од кафичи ми текнува само на Ли, а ресторани Пелистер и во Џино внатре, пушачкиот дел е надвор.
Одлична тема! Ова не е нормално со цигариве по кафичи. Живи отруени сме, џабе што не сме пушачи. Мирисам од глава до пети на цигари... Носам прслук, долна маица, блуза па тренерка. Абе и прслукот и кожата ми мирисаат после. Од кафичи: Cafe 'Central Perk', '7 грама еспресо студио'. Од ресторани 'Енрико', внатре не се пуши.
Одлична тема и за мене најголем предизвик да најдам локал во кој не се пуши. Во моја близина до сега е само Мартини - има мал дел во кој не се пуши.
А нели имаше закон дека не смеело внатре да се пуши? Знам само дека кај албанците се пуши, они сигурно потплаќаат тамо инспектори за тоа, а кај македонците не.
Има, но поправило во зима во секој локал се пуши. „Заградено“ е демек дека се надвор а врска нема, труе на цигари... Јас не знам зошто уште се толерира пушењето внатре
Абе има закон ама важи само денот инспекција кога може да намине, другите деној удај се од пушење збор не ти велат.
Ужасно е на многу места. Амигос Железничка не се пуши внатре и баш е добро одделено да не влегува чадот внатре. Кафичќи не знам.
Веганското бистро Paradaise Food (кај скопско Беко) не се пуши. Луксузниот ресторан Salvatore (скопска нас.Водно) внатрешниот дел е за непушачи, делот кон терасата за пушачи.
Во Аеродром едно од ретките е Books and Dogs Cafe каде што можеш на раат да испиеш кафе внатре и да се вратиш дома без да труеш на пепељара. Во Центар обично во The Dude седнувам, двете ми се пресимпатични места. Не е нормално скоро да немаш кај да седнеш без да се отруеш...
Одлична тема! Пишувам само за да ја следам и да добивам идеи каде да седнеме, а да не смрдиме. Или полошо, да јадеме додека на масата до нас пушат! Мислам дека се повеќе луѓе не пушат и се жртва на помалиот број пушачи.
Сите во склоп на поголемите трговски центри каде што се продава храна. Сите имаат башка дел за пушачи, внатре не се пуши.
Ресторани, кафе и лаунџ барови каде не се пуши, се наоѓаат…. Ами кафани? Ми се чини нема кафана, онаа класична, кај шо не се пуши.
Има една во Лептокарија, ама постојано ја заборавам. Одма спроти Ана Кристи, како две одделени простории се. Едната е за пушачи, другата за непушачи.
Постои оваа карта на мапс со многу локали во Скопје каде пишува дали се пуши или не, е сега за секој кафич колку е точна не знам
Не треба ни да потплаќаат, не смеат да припарат таму. И во некои локали џабе има дел за непушачи пак смрди на цигари.
Мапа на локали во кои не се пуши: https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1MEEt5uczbuix31uDp6pDnixi8SkV2pr4&ll=41.99708040000006,21.40611829999998&z=14&fbclid=IwAR187FGrRmKH7NifJLJir-zvTsOtachJRthsozjkYFp1ZkKhdmbHfYOz378