Ммм њам-њам локумче. Јас обожавам локум, но бидејќи не е баш диетален а јас на диета(не се дружиме многу во последно време ) -Каков го сакате вие? Со ореви, бадеми, сируп од цвет од роза, разни окови или пак со чоколаден прелив? Комбинациите се бесконечни а исто и уживањето.. -Дали купувате постојано од еден ист бренд или пак не ве засега тоа? -И дали некогаш имате правено локум-домашен?(подолу во спојлер ќе споделам еден рецепт) Спојлер Состојки 500г шеќер 600мл вода 100г густин (нишесте) 1/4 лимунов сок шеќер во прав бадеми, лешници, ореви, кокос, екстракт, прехрамбена боја по желба Подготовка Во 200мл вода ставете ја вкупната количина шеќер и варете го на тивок оган околу 15 мин, додека не испари 1/3 од водата за да добиете шербет со соодветна густина. Во остатокот од водата (400мл) измешајте го густинот во пошироко тенџере. Турете го готовиот шербет и измешајте ја добро содржината во тенџерето. Следната постапка трае околу 1 час. Ставете го тенџерето на тивок оган (на најмала јачина на рингла, ние од 6 степени имавме на 2) и варете ја содржината. Повремено промешувајте. Ние мешавме постојано бидејќи лесно се лепеше за садот во кој ја варевме. На околу половина час од почетокот смешата ќе започне да се згустнува, на почеток налик на пудинг, а на половина час треба да ви се лепи за лажицата со која мешате. Следи уште околу пола час варење (повеќе налик на пржење) и смесата ќе станува се погуста и погуста, и ќе почне да наликува на тесто. Поентата е да испари што е можно повеќе вода. После околу нешто помалку од еден час додадете ги лимуновиот сок, и останатите додатоци што сте ги припремиле и измешајте ги со содржината во тенџерето. Налејте ја содржината на фолија во некој плиток сад, внимавајте да не е повисока содржината. Откако ќе ја турите во садот од 2-3цм оставете ја околу 1 ден за да се стегна. Исечете ја на коцки, и извалкајте ги во шеќер во прав.
Ова е жива амброзија, јас не прибирам - дај шта даш , ми се свиѓа од секој вид, а предност му давам на нашиот крушевски, поготово ако е со оревчиња - тогаш сум сав сречна и пуна љубави! Едино бегам од тие ,,цветните'' со мирис на бугарска ружа, ги ставам во исти ќош со истите бугарски парфеми од ружа, да си приумре човек! Името му има доста интересно значење, од турскиот збор lokum, кој влече арапски корени, што во превод значи - задоволство за грлото. Богами да. Ги сакам и оние прелиените со чоколадо, а уште повеќе со шеќер во прав - типичен локум. Со кокосово брашно се исто убави, ама одамна не сум сретнала некаде од нив.
мхмхмхм обожавамммм њвњ денес си го прекинав поради нив режимот и изедов некој десетина со лешник,со вкус на банана и со вкус на млеко и јагода њам њам...бај д веј да не знае некој колку калории содржат за ди внесам во калкулациите мои
Не јадам локум никогаш, ама кога одам Крушево како да не пробам од крушевскиот локум некако посебен ми е дека со оревчиња ко праваат па и пресен мхмм.
Ммммммммммммммм!Многу сакам локум! Го јадам и со ореви,чоколаден,со арома на ружа,со арома на лимон,класичен локум! Сите видови локум многу ги сакам и многу ми се драги!
Анабела, локум со кокосови трошки има во Тинекс. Ние постојано си купуваме од таму, во пластични кутивчиња е спакуван и навистина не знам дали е на мерење или такво е пакувањето. Преубав е, во секој случај. Не е сув, ниту пак е премногу тегав или леплив како тесто. И јас обожавам локум, пре би јадела локум него ли некое непроверено благо - малку сум пребирлива и не јадам секакви бучкуруши, посебно не онакви со некои овошни преливи од кајсии, сливи и што ти знам таму. Уште од кога знам за себе, мајка ми и баба ми си мезат локум со кафе или после кафе, а за време на пости ни е дури и дел од оброците. Многу ми е вкусен и го јадам дури и со леб. Не пребирам толку каков ќе биде локумот, ги ждерам дури и оние розовите со екстракт од ружи или што и да се, посебно ако имаат оревче внатре, заборавам и на ружа и на сè. Омилен, дефинитивно познатиот Крушевски локум кој се топи во уста и нема најадба - се крка додека не ти се слоши.
Сакам локум. Многу. Премногу. Најмогу ми се допаѓа „Чорбаџиски локум“ од КАМ и има некој поинаков вкус. Баш локум . Спојлер Не дека сме некои „чорбаџии“ најубав ми е
Да не заборавам да кажам дека сум го пробала и ,,Чорбаџискиот локум,, од КАМ маркет и многу ми се допаѓа затоа што има оревчиња внатре! Мммммммм,прекрасно нешто!
Мислам дека крушевскиот локум нема конкуренција. Плус кога и да купам во Крушево е тазе, се топи во уста. Да не знаете дали во Скопје го продаваат некаде?