1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лосиони и тоници за лице

Дискусија во 'Лице' започната од Anabela09, 27 септември 2011.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Девојки препорака за некој лосион,тоник или хидролат? Само да не соджи толку штетни супстанци?
    Овој на Афродита агресивен ли е многу?

    А да не заборавам Хлораколот,Дермогалот и Клиндамицинот колку често смеат да се употребуваат?
     
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Јас Хлораколот го користев две недели насабајле и навечер ама го прекинав зашто на дел од лицето ми ги изгоре акните ама на челото ми направи проблем,секој ден ми искачаа по две,три нови акни секој ден,а ставав само на акните.Го прекинав и се смири и челото.А Дермогалот е без антибиотик па мислам дека може подолго време да се користи.
    А сега користам гел на Алверде за комбинирана и нормална кожа,на природна база е и многу ми одговара.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Може да ставиш сликичка од оној на Alverde, @ivi1987 ?
    Да не е тој со црвено-бела амбалажа, со глина или што и да беше, сум заборавила.

    П.С. Јас му останав верна на Дермогалот, посебно во вакви периоди пред циклус, кога лицето интензивно ми се масти без разлика на масна-сува зона и кога знае да ми се нафрла. Многу ми е погоден, ама не е на одмет да се проба нешто ново.
     
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Еве овој го користам сега,од се друго ми се воспалуваше лицето ама овој е доста нежен и пријатен и долго време после миење го осеќам лицето свежо и чисто.Јас па се мислам дали да го земам Дермогалот,ме плаши да не е ист како Хлораколот,јак па да ми искачаат пак нови акни.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Девојки ги користела ли некоја производите на Mixa? Ги гледам во Веро и Дм нон стоп и се мислам дали да ги пробам. Не се баш ефтинки...

    Иначе имам комбинирана кожа, склона на акни и црвенила :(
     
    На ivancekitty и rainbowec им се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас обавезно користам лосион или тоник за лице, а често ги правам и сама. Доколку ве интересира зошто и како да го користите, ви оставам во продолжение еден убав текст. Направив и три нови домашни варијанти на тоник, да ги истестирам убаво (трајност, ефект) па ќе ви ги постирам рецептите. Ептен се лесни за правење. Поздрав

    Дали е неопходно да се користи лосион или тоник за лице и како да го избереме правилно

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    тоникот или лосионот за лице според голем број на девојки претставува непотребен дел од секојдневната нега на лицето и многумина воопшто и не го користат, затоа што не ги познаваат доволно бенефициите на ова средство. Понекогаш добивам прашања дали навистина е неопходен дел од секојдневната нега и како и во кои ситуации треба да се користи. Затоа и се решив да ја напишам оваа статија за да ви дадам некои појаснувања кои (според мене) се од огромно значење при изборот и користењето на тоникот за лице. Секако, повторувам дека ова е мое лично мислење и зборувам врз база на сопствено искуство со тониците воопшто.

    Каква е всушност функцијата на тоникот за лице?

    Тоникот или лосионот за лице претставува течност која содржи дестилирани билки и благо киселкасти состојки, и неговата примарна улога е да ја балансира ph вредноста на нашата кожа, односно и помага на кожата да ја задржи природната киселост. Нашата кожа има природна ph вредност која е благо киселкаста и доколку дојде до алтерација на таа вредност како резултат на користење на агресивни средства за миење, разни чистачи за лице или сапуни кои ја сушат кожата, може да се појават разни проблематики на самата кожа како на пример сува кожа, масна кожа, акни или црвенила. Млекото за чистење или гелот за миење ја вадат шминката и нечистотиите од кожата, меѓутоа ги отстрануваат и водата и себумот кои се всушност заштитиниот филм на кожата. Токму тука помага тоникот, кој ги отстранува евентуалните траги од млеко или гел и останати нечистотии, и повторно ја балансира ph вредноста на нашата кожа. На тој начин ја остава кожата чиста, истата може да дише и подготвена е за следниот чекор од нашата секојдневна рутина за нега на кожата, односно кремата.

    Тоникот има за цел и да ги намали проширените пори на кожата, кои многумина од нас ги имаат на лицето, да ја освежи кожата и ја направи посјајна. Одлично ја хидрира нашата кожа и ѝ помага да ја задржи природната влага.

    [​IMG]

    Како да го одбереме вистинскиот тоник за лице во зависност од видот на нашата кожа?

    Со оглед на тоа што тоникот (за разлика од млекото, гелот, маслата или измивачите за лице) не се одмива од кожата туку останува на неа, треба да биде одлично формулиран (по можност органски), затоа што состојките во него остануваат на кожата и активно делуваат Во продолжение ќе ви дадам мали совети при избор на тоник во зависност од вашиот вид на кожа.

    Тоникот за масна кожа треба да содржи билки кои имаат тонирачки и благо затегнувачки ефект врз кожата, меѓутоа без истата да ја сушат. Затоа сите оние кои имаат масна кожа треба да бираат тоник на база на рузмарин, лаванда, чајно дрво или жалфија, меѓутоа да внимаваат во тоникот да нема присуство на алкохол затоа што може додатно да ја исуши кожата и да ја влоши состојбата со зголемено лачење на себумот. Секако освен состојките кои имаат затегнувачки ефект, во тоникот мора да се најдат и состојки кои истовремено ќе ја навлажнуваат и хидрираат самата кожа, и на некој начин ќе го надополнуваат тонизирачкиот ефект на билките како на пример алое вера гел, глицерин, пантенол итн.

    [​IMG]

    Тоникот за сува кожа мора да биде исклучиво благ, на база на камилица, невен или други билки кои имаат смирувачко дејство врз кожата, и освен смирувачко, треба да има и омекнувачко дејство врз кожата. И тука мој совет ви е да бирате тоници без алкохол. Верувајте ми и јас порано користев тоници кои во својот состав имале алкохол,(ги користев и до пред година дена) и во прво време имате убави резултати од истиот, меѓутоа доколку редосво го користите подолг временски период, истиот може да ја исуши кожата со текот на времето (малку по малку). Тоа го сфатив откако почнав да користам тоници без алкохол, за да ја увидам разликата. Затоа сега бирам само тоници без алкохол, а многу често и сама ги правам. Алкохолот во суштина и не е опасен доколку се користи во мал процент во целокупната формула (зависи и од видот на алкохол кој е употребен и умешноста на производителите), меѓутоа не може во никој случај да ја погодиме од декларацијата, дозата која ја употребиле производителите. А секако, доколку ги прашаме (имам исконтактирано повеќе производители) сите велат дека е присутен не повеќе од 10%, меѓутоа во тоа не може да бидеме баш и сигурни.

    [​IMG]

    Како и кога да го нанесуваме?

    Тоникот се нанесува наутро и навечер по миењето на лицето со гел или крема за миење, и пред употребата на крема за лице. Навечер, откако ќе ја отстраните шминката, поминете го лицето со тоникот за да ги отстраните евентуалните остатоци од чистачот за лице или шминка на вашата кожа.

    Имам пробано уште три алтернативни употреби на тоникот кои кај мене лично се покажаа од огромна корист (особено онаа пред нанесувањето на маслото со оглед на тоа што често користам чисти масла како серум на кожата на лицето) и сакам да ги споделам со сите вас:

    - откако ќе го нанесете тоникот на лицето и ќе избришете со памукче, нанесете уште еден слој (доколку е на прскање уште подобро) и на така навлажнета кожа од тоникот нанесете ја вашата крема или масло за нега на кожата. Кожата многу подобро ќе ја впие кремата и нема да треба премногу да мачкате или да имате масно лице (а и помала количина од кремата или маслото ќе ви биде доволна така што патем и заштедувате).

    - доколку се шминкате и на лицето нанесувате најнапред крема, па течна пудра, па коректор итн., пред секој од нив испрскајте го лицето со малку тоник (наменет за вашиот тип на кожа). На тој начин не само што кожата ќе биде навлажнета и мека, туку и шминката ќе ви трае подолго.

    [​IMG]

    - доколку користите пудра во прав, по шминкањето и нанесувањето на пудрата во прав испрскајте го лицето со маслку тоник (секако од далеку и мала количина) за да го избегнете прашкастиот ефект на кожата од самата пудра (тоникот ќе направи пудрата помалку да се приметува а сепак ќе ви трае).

    Навистина доста е тешко да се најде еден убав тоник за лице во продажба кој нема да ја иритира кожата, а сепак ќе ја извршува својата функција, односно она за што е наменет. Затоа во една од следните статии ќе ви предложам неколку вида на тоник, каква замена може лесно да се најде во продажба, и секако, ќе ви дадам рецепти за домашни тоници кои лесно може да ги направиме сами дома, комплетно природни и без конзерванси (ако ги ставам рецептите во оваа статија ќе читате три дена :)).

    Поздрав и до скоро читање.
    Вики
     
    На dianna95, oblace1, Smiley11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Како што ветив еве го и втприот дел од статијата за тоик за лице каде ви давам алтернативи на класичниот тоник и секако домашни рецепти за природен тоник без конзерванси во зависност од типот на кожата.
    @Mama25 те помислив кога го пишував делот за тоник со пантенол (со оглед на тоа што ти веќе пантенолот го користиш за лице). Според мене овој тоник одличен е за твојата сува и дехидрирана кожа. Поздрав до сите феминки и пријатен неделен ден.

    Природни алтернативи како замена за тоник за лице и домашни рецепти за сите видови на кожа

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/11/blog-post_11.html ви говорев за важноста на тоникот во нашата секојдневна нега и ви реков дека во една од наредните статии ќе ви предложам природни алтернативи за тоник и секако рецепти за домашен тоник кои може да ги направите сами.

    Најнапред, како замена за тоник може слободно да ја користите чистата ружина вода. За ова веќе пишував во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/05/blog-post_11.html. Ружината вода е една од најдобрите работи кои може да и ги дадеме на нашата кожа, особено ако имаме проблем со масна кожа и акни, меѓутоа одговара и за нормална до сува кожа. Слободно испрскајте ја на лицето, а за поголема свежина чувајте ја во фрижидер.

    [​IMG]

    За сува и чувствителна кожа како алтернатива на тоникот може да користите чиста термална вода која е богата со сулфур и ги спречува иритациите и црвенилата на кожата, ја хидрира и омекнува.

    [​IMG]

    Во продолжение ќе ви дадам неколку рецепти за природен тоник кои може слободно да ги направите сами дома. Комплетно природни и без конзерванси овие тоници може да ги чувате во фрижидер одредено време, од недела дена па до две недели, во зависност од видот на тоникот и состојките.

    Рецепти за сува кожа

    1. Тоник со алое вера гел

    [​IMG]

    - 50 мл. ружина вода (или дестилирана вода);
    - половина кафена лажичка алое вера гел;
    - 2 капки етерично масло од лаванда
    - празно обично или спреј шишенце од 100 мл.

    Ставете ја во едно празно спреј шише најнапред водата, додадете го алое вера гелот и на крај етеричното масло од лаванда. Убаво протресете пред секоја употреба. Овој тоник ви советувам да го чувате во фрижидер и трае 10 дена.
    Ефектот од овој тоник е мазна, мека и хидрирана кожа.

    2. Тоник за лице од камилица и пантенол

    - 50 мл. чај од камилица или лаванда
    - половина кафена лажичка пантенол
    - празно обично или спреј шишенце од 100 мл.

    Ставете ги чајот и пантенолот во едно празно спреј шише. Пред секоја употреба убаво протресете. Вака подготвениот тоник трае 5 дена во фрижидер.
    Овој тоник е навистина одличен за сите оние кои имаат многу сува кожа на лицето, затоа што одлично омекнува и хидрира.

    Рецепти за комбинирана до масна кожа

    1. Тоник од црвен чај (ројбос)

    [​IMG]

    - црвен чај (ројбос)
    - деминерализирана вода
    - етерично масло од лаванда
    - празно обично или спреј шишенце од 100 мл.

    Во половина шоља врела вода (најдобро деминерализирана) потопете две лажички црвен чај и оставете да кисне околу 30 мин. Процедете го и префрлате го во чисто шишенце (кое може да биде спреј или обично) и додадете му една кафена лажичка јаболков оцет (најдобро ако имате органски) и 3 капки етерично масло од лаванда. Протресете го добро шишенцето пред секоја употреба. Вака подготвениот тоник се чува во фрижидер и трае 2 недели.
    Овој тоник одлично ја негува комбинираната и масната кожа (јас лично го имам користено многу и кај мене се покажа екстра).

    2. Тоник од јаболко, лимон и рузмарин

    - едно јаболко
    - кора од еден лимон (само доколку е органски)
    - едно гранче рузмарин
    - 500 мл. вода
    - празно обично или спреј шишенце од 100 мл.

    [​IMG]

    Во едно тенџере ставете ја водата, јаболкото сецкано на парчиња (доколку е органско и непрскано оставете ја кората во спротивно излупете го), кората од лимон (само доколку е органски, во спротивно исфрлете го лимонот) и гранчето рузмарин. Варете на тивок оган околу 10 мин. и филтрирајте ја течноста. Вака приготвениот тоник ставете го во едно празно шишенце (обично или спреј) и најдобро е да го користите навечер. Летно време секако не ставајте лимон, поради настабилноста на оваа состојка во допир со сонцето. Е сега, доколку немате органски и непрскан лимон во тој случај варете ги само јаболкото и рузмаринот, а потоа откако тоникот ќе се олади и кога ќе го префрлите во шишенцето, додадете половина кафена лажичка цеден сок од лимон или 3 капки етерично масло од лимон. Вака подготвениот тоник трае недела дена во фрижидер. Овој тоник за лице има освежувачко, затегнувачко и избелувачко дејство врз кожата на лицето.

    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и ви се допадна.
    Поздрав до сите вас.
    Вики
     
    На dianna95, OmniaVanitas, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате тоник за чистење на лицето не многу скап :) онака за пред спиење чисто за хигиена :)
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, за каков вид на кожа и до која цена?
     
  10. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka за нормална кожа, мрсна не ми е а ниту пак многу сува... цена до кај 200 денари :)
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Ех сега ми ја отежна малку работата со цената, за до 200 денари не знам што да ти предложам (во смисла нешто природно и убаво). Ако не ти се проблем 380 денари тогаш земи ја ружината вода на касиопеа во продавницата на Тесори ди Маре во Рамстор, не е класичен тоник ама одлично ја негува и чисти кожата. Има и еден прекрасен тоник на Др. Шелер во Космо го видов со екстракт од калинка ама 450 денари беше, не знам дали ќе ти одговара како цена. Составот е одличен. Кога станува збор за тоникот ретко се наоѓа (барем кај нас) некој убаво избалансиран. Би ти препорачала на алверде, само што има голем процент на алкохол, јас лично пробав еден и многу се чувствуваше мирисот. Алверде имаат фантастични производи ама тониците мене лично не ми се допаѓаат. Можеби тебе ќе ти одговараат, цената им е околу 170 или 190 денари. Доколку не ти е важно да биде природен во тој случај можеби некој друг ќе може да ти предложи нешто поевтино.
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Го има ли некој користено обновувачкото млеко за чистење на лицето Nutra effects od Avon ?
     
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.697
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Лосионот на Биотен ми беше многу убав и тука некаде е со цената.
     
  14. VlaeKompanija

    VlaeKompanija Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    kaj go imas zemeno?
     
  15. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    девојки како сте задоволни (секако ако имате користено) balea мицеларна вода или Маслото за чистење лице. За мицералната вода пишува дека е за комбинирана кожа, мојата е нормална не е ич мрсна а и не многу сува.
    Јас сакам за чистење нешто да си земам, онака за пред спиење.
     
  16. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки кас имам масна кожа и досега употребував многу различни тоници креми маски и што ли уште не. Никако неможам да дојдам до правите препарати. Дајте некој предлог што вие користите, за пари не жалам бидејќи сакам пред се чиста и здрава кожа. Позз
     
  17. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Случајно го видов во орифлејм тоникот за чистење лице од камилица. Го зедов и прв пат користам у животот. Не беше скап 120 денари. Дали некој го има пробано и да ми објасни за што всушност се става тоникот. Ставив еднаш со памукче после отстранување на шминка.
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво јас за жал на првиот дел од прашањето не можам да одговорам затоа што го немам пробано, меѓутоа пишувам за да ти одговорам на вториот дел од прашањето зошто се користи тоникот. Тоникот е еден од најзапоставуваните козметички производи со оглед на тоа што голем број на девојки сметаат дека нема потреба да се користи.

    Тоникот или лосионот за лице претставува течност која содржи дестилирани билки и благо киселкасти состојки, и неговата примарна улога е да ја балансира ph вредноста на нашата кожа, односно и помага на кожата да ја задржи природната киселост. Нашата кожа има природна ph вредност која е благо киселкаста и доколку дојде до алтерација на таа вредност како резултат на користење на агресивни средства за миење, разни чистачи за лице или сапуни кои ја сушат кожата, може да се појават разни проблематики на самата кожа како на пример сува кожа, масна кожа, акни или црвенила. Млекото за чистење или гелот за миење ја вадат шминката и нечистотиите од кожата, меѓутоа ги отстрануваат и водата и себумот кои се всушност заштитиниот филм на кожата. Токму тука помага тоникот, кој ги отстранува евентуалните траги од млеко или гел и останати нечистотии, и повторно ја балансира ph вредноста на нашата кожа. На тој начин ја остава кожата чиста, истата може да дише и подготвена е за следниот чекор од нашата секојдневна рутина за нега на кожата, односно кремата.

    Тоникот има за цел и да ги намали проширените пори на кожата, кои многумина од нас ги имаат на лицето, да ја освежи кожата и ја направи посјајна. Одлично ја хидрира нашата кожа и ѝ помага да ја задржи природната влага.

    Поздрав.
     
    На SnowQueen17 и Mishela им се допаѓа ова.
  19. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам девојко, јас веќе втор ден го користам и одма ми го снема црвенилото што го имав со акните. Засега сум задоволна и ви го препорачувам. И уште едно прашање во кој дел од денот се користи дали може преку целиот ден и дали е штетно ако се нанесува повеќе пати?
     
    Последна измена: 26 март 2016
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Најдобро е двапати днавно, наутро по миењето на лицето и пред кремот, и навечер откако ќе ја извадиш шминката, ќе го измиеш лицето со соодветен производ и потоа ставаш тоник за да ги отстраниш евентуалните траги од прљавштина (она што отстранувачот не успеал да го отстрани) и да ја регулираш пх вредноста на кожата. Нема потреба повеќе од двапати сосема е доволно. Поздрав.
    п.с. Ако сакаш нешто за преку целиот ден земи си термална вода која може да ја испрскуваш колку пати сакаш.
     
    На SnowQueen17 му/ѝ се допаѓа ова.